Реклама
Модни совети

Како да ги прикриете проблематичните делови на вашето тело

Реклама

Влегувате во продавница, во очи ви паѓа прекрасен фустан, го има вашиот број, се мислите дали воопшто да го пробувате или директно да го купите – 100% сте сигурни дека ви се допаѓа и дека сакате да го купите. Епа ПРОБАЈТЕ го!

Затоа што може многу лесно да се случи кога ќе го облечете задникот да ви изгледа два пати поголем или нозете пет пати покуси! Свесни сме дека сите не можеме да имаме совршени тела на кои се ќе им прилега, но сите можеме да избираме и да носиме облека која ги истакнува нашите силни страни, а ги минимизира нашите проблематични делови. Значи, при изборот на облека треба да ги имаме во предвид следниве неколку работи.

Маркетинг

Како стомакот да изгледа помал?

Често се случува и покрај упорното вежбање и внимавање на исхраната никако да не можете да се откачите од стомакот, кој можеби го имате отсекогаш или пак неодамна сте се породиле. Ова е многу осетлива област на која треба да се обрне посебно внимание, затоа следете ги следниве совети за да добиете „фина половинка“ наместо голем стомак.

Маркетинг

 

Фустани: носете широки ремени над фустаните, по можност со зајакнати делови од внатрешната страна кои ќе ве стегнат на половината и ве-израз кој че го привлече вниманието на горниот дел од телото.

Горни делови: неструкираните кошули ставени во фармерки или здолништа сегогаш ја прикриваат областа околу половината, додека пак горните делови од тенки прозрачни ткаенини во слоеви создаваат илузија на рамен стомак.

Палта: избирајте благо струкирани палта.

Преминете на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button