Без кои производи за убавина во чантата НЕ може мејк-ап артистката Изабела Суклоска
Со Изабела се сретнавме во едно кафуле. Како личност таа е смирена, нашминкана дискретно, со вкус, токму соодветно за пригодата.
Изабела со задоволство ни ја раскажа својата приказна поврзана со светот на убавината, а сподели и неколку интересни совети кои би можеле да ни бидат и повеќе од корисни. За неа шминкањето претставува визуелна уметност која вклучува визуелни ефекти како омбре прелевање на бои на усните, или вештачки трепки кои што се неизоставен детаљ во последно време. Во шминкањето постојат правила кои треба да се следат, а нејзин совет е секогаш прво да нанесуваме хидратантна крема (онаа што си ја користите вообичаено, секој според својот тип на кожа), потоа се исцртува лицето (се прави контурирање), па дури на крајот се нанесува пудрата, а потоа и шминката. Инаку, нејзина омилена марка на шминки е Sephora кои нудат високо квалитетни производи по прифатливи цени.
Изабела, меѓу другото, нагласува дека секоја шминка МОРА да одговара и да соодејствува со гардеробата – не може да ставите црвен кармин и јака шминка, а во гардеробата, на пример, да преовладува портокалова боја. Ова е само уште една потврда дека таа е исклучително темелна и внимателна и има сеопфатен пристап кон своите клиентки. Не сака само површно да ги нашминка клиентките, туку секогаш настојува шминката да ја стави во даден контекст.
Нејзин совет е кога купуваме шминки задолжително да внимаваме на рокот на траење на производите, а што се однесува до цената, според нејзиното познавање и искуство, фантастичен изглед може да се постигне и со сосема просечни шминки.
Што се однесува до главните трендови за 2016, Изабела вели дека во новата сезона во мода ќе биде неутрална шминка, посуптилно контурирање на лицето, smokey eyes (зачадени очи), густи веѓи, но и јаки бои на кармини како темно виолетова, темно црвена, како и виолетово-розеникави нијанси. Инаку, кога прв пат се сретнавме со оваа девојка, веднаш не освои со нејзиниот целосен изглед, како со изборот на нејзината гардероба, така и со шминката. Ја замоливме да ѕирнеме во нејзината чанта, односно да ни каже кои производи за убавина најчесто ги користи, па, еве што може да се најде во нејзините несесери и чанти.
Производи за убавина без кои НЕ може Изабела …
Изабела шминка за празници, за сликање на матуранти/ апсолвенти за таблоа, за свадби и т.н. и тоа доколку така ви одговара, може и во вашиот дом, а прилично е активна и на социјалните мрежи, па доколку сакате да ја контактирате тоа можете да го направите преку нејзиниот Инстаграм или Фејсбук профил.