Реклама
Кафе муабет

Активна и во бременоста – треба да се породи за месец дена, а изгледа како супер модел

Реклама

Шантел Данкан која беше мис фитенс на Австралија за време на својата бременост не се откажа од интензивните тренинзи, бидејќи тоа и е работа.

Таа е тренер по фитнес, а кога остана бремена, одлучи дека нема да дозволи мускулите да и се опуштат. Само месец дена пред породување Шантел изгледа прекрасно. Иако стомакот и е голем, на нејзиното тело нема ни грам сало.

Маркетинг

Многумина кога ги видоа нејзините фотографии кои се објавени на Инстаграм се чудат. Таа е потполно во форма, нејзиното тело се уште изгледа како на спортистка само што и е пораснат стомакот во кој го носи детето.

Маркетинг

„Уживам во бременоста. До сега се беше во ред. Обожавам кога ќе почувствувам како малиот се поместува во мојот стомак, напиша Шантел која објави како напредува нејзината бременост од недела во недела. Инаку, бившата мис Австралија има сопствена компанија, но и постојано вежба бидејќи тоа и е голема страст.

„Живеам од тоа да им го обликувам телото и да ги враќам во форма, па точно знам што треба да правам со моето“, им одговори оваа девојка на сите оние кои и зборуваа дека во бременоста ќе се поправи. Таа се спореди себеси со пријателката Нат и кажа дека секоја жена бременоста ја носи поинаку, баш како што и секој пород е различен.

„И двете имаме здрави бебиња во стомакот, и двете се чувствуваме убаво и добро“, напиша Шантел на социјалните мрежи. Инаку, под последната фотографија која што ја објави, а на која е во 34 недела од бременоста призна дека стомакот сега и е поголем и потежок, дека ја боли грбот, дека и е тешко да стане од креветот. „Но, среќна сум поради сето ова бидејќи знам дека се ближи денот кога малиот Д ќе дојде на овој свет,“ напиша идната мама во коментарите.

Па, што велите за карактерот на оваа девојка?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button