Реклама
Нега и здравје

ЗА СРЕЌА И ЧОКОЛАДОТО Е НА СПИСОКОТ: Кои се најдобрите намирници за борба против стресот

Реклама

Сите сме поминале низ него. Стресот нè тера да посегнеме по нездрава, наместо по здрава храна, без разлика дали за да си го повратиме расположението или за брзо да ја зголемиме енергијата. Но, неколку минути подоцна жалиме за веќе стореното.

Всушност, поради стресот сè повеќе и повеќе сакаме лоша храна и го зголемуваме износот на хормони кои го стимулираат создавањето на масти, вели нутриционистката Шарлот Вотс, која во својата книга „Де-стрес ефект“ објаснува дека тоа води до зголемување на стомакот, колковите и бутовите. Ви откриваме пет видови храна за кои е докажано дека го намалуваат стресот, а некои од нив би можеле и да ве изненадат.

Маркетинг

1. Бобинки

Познати по своето антиоксидантско дејство, бобинките содржат состојки кои може да го спречат предвременото стареење, што често е поврзано со хроничниот стрес. Покрај тоа, го регулираат внесувањето на шеќер во крвта по јадење. Затоа боровинките, малините, јагодите и капинките се најдобар избор ако чувствувате дека мора да јадете десерт или нешто слатко. 

Маркетинг

За разлика од другите послатки овошја, бобинките создадаваат мала ферментација и гасови во цревниот тракт, а со оглед дека хроничниот стрес и онака лошо влијае врз варењето на храната, тоа помага ако сте под притисок.

2. Камилица

Камилицата можеби ви е позната како средство за полесен сон, како резултат на зголемување на глицинот, амино киселина која помага за смирување на нервниот систем кога сте под стрес. Но, камилицата го зголемува и количеството на супстанцијата наречена хипурна киселина, која помага во борбата против инфекции – што е многу важно кога сте под стрес. Пиењето чај од камилица по оброкот може да ви помогне во регулирањето на дигестивни проблеми како грчеви во стомакот или запек – чести симптоми за оние кои поради стрес страдаат од синдром на нервозно дебело црево.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button