Според едни неодамнешни истражувања спроведени во САД, калциумот, освен што е користен за раст и развој на коските, помага и во борбата против вишок на килограми.
Истражувачите тврдат дека секоја диета за слабеење ќе има подобар ефект ако се збогати со калциум бидејќи тој ги поттикнува клетките побргу да ги согоруваат мастите. На овој начин се спречува таложењето на маснотии, посебно во пределот на стомакот, и доаѓа до губење на килограмите. За да се задоволат дневните потреби од калциум во организмот потребно е да се внесуваат 1000 мг дневно.
КАДЕ ГО ИМА КАЛЦИУМОТ?
Јогурт – Од храната што содржи калциум јогуртот зазема почесно место во диетата бидејќи 100 мл полномасен јогурт содржи 111 мг калциум, што претставува 10% од дневните потреби, а содржи околу 63 калории. Истата количина на „лајт“ јогурт содржи 120 мг калциум и само 43 калории. Поради процесот на ферментација јогуртот не содржи млечен шеќер па може да го конзумираат и оние кои се алергични на млеко. Според тоа, не заборавајте секојдневно да пиете еден до два јогурта со кои полсено ќе се решите од вишокот килограми. Тој претставува и добра замена за маслото во салатите, посебно ако го збогатиме вкусот со различни зачини.
Сирење – Сирењата исто така изобилуваат со калциум, но за разлика од јогуртот содржат многу масти. Ренданиот пармезан може да се користи за зачинување на салатата од рукола и зелената салата наместо масло. Свежото кравјо сирење и моцарелата се одлични извори на калциум бидејќи во 100 г има околу 300 мг калциум и само 200 калории.
Зеленчук – Калциум има и во зеленчукот, најмногу во листестиот зеленчук и во легуминозните растенија (грав, грашок, соја ..). Во 100 г кељ има 170 мг калциум, во истата количина на репка 100 мг, додека 100 г грав содржи 106 мг на калциум. Внесете ги овие намирници во исхраната во текот на диетата и резултатите ќе бидат брзо видливи.
Секако, доколку сакаме да имаме резултат, потребно е истовремено да го намалите внесувањето на други маснотии. Треба постојано да се придржуваме на основната формула за слабеење која вели дека едноставно треба да трошиме повеќе калории отколку што внесуваме во организмот за да имаме резултати од која било диета.