Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 22-28 февруари, 2016

Реклама

Како се молат хороскопските знаци
ОВЕН: “Драги Боже! Дај ми ТРПЕНИЕ, и тоа СЕГА!“
БИК: „Драги Боже, Те молам помогни ми да прифатам ПРОМЕНА во мојот живот, ама подобро НЕ СЕГА.“
БЛИЗНАЦИ: “Еј, Боже… (или Божица?)… Кој си ти?… Што си ти?… Каде си?… Колкумина ВЕ ИМА таму??? Не можам да дознаам!“

nedelen22prva

Преубавата Елизатбет Тејлор, инаку Риба во хороскоп (родена на 27 февруари, 1932) 

Маркетинг

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Оваа недела може да ве изненади со неочекувани настани поврзани со кариера или образование на дете. Ако сте вклучени во некој процес поврзан со лекување на дете/младо лице, очекувајте успех или поволен развој. Вести, состаноци и други настани поврзани со личност во знакот на Шкорпија, Рак или Риби ќе ве орасположат. Оособено успешна недела за жените-Овен ако претходно направиле планови и заложби. Предупредување – бидете внимателни во односите со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Еден од вас двајцата ќе биде измамен од нешто, изманипулиран, или повреден. Бидете претпазливи за било која информација добиена од таква личност.

БИК (21 април – 20 мај)

Многумина од вас ќе ги ценат парите што ќе дојдат од друго место или можноста да патуваат далеку. Поволно време да средите документи или патување поврзани со работа во друг град или држава. Некои од вас може да преземат чекори за префрлување во друго училиште, друга работа или слични други промени. Можно е да отсуствувате од работа од многу важни причини. Настаните поврзани со личност од семејството или професионалната средина ќе бидат основа за ваши најважни планови и активности неделава. Финансиски односи со машко лице.

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Ќе имате успешен развој на работа/во бизнисот со партнери од други градови и земји. Ќе доживеете и успех во увоз/извоз, работата или студирањето во странство и слично. Радост во домот од финансиска добивка, финансиски договор, неочекувани пари. Проблеми ќе искрснат за жените- Близнаци во врска со девојка или млада жена. Младите Близнаци ќе се соочат со авторитарно однесување на дедо, татко или постар брат. Ќе патувате за бизнис/работа и дефинитивно очекувајте успех. Поволна недела да започнете нова работа/проект во друго место или земја.

РАК (21 јуни – 20 јули) 

Неделава може да ви донесе причина или поволни околности да купите нешто важно за себе или за домот. Добра вест или порака поврзана со успех, победа, што ќе биде причина за славење во семејството или за ваше лично задоволство. Добри вести за вас или важен телефонски повик од лице кое живее далеку. Поволна недела за продажба на некоја сопственост. Ќе бидете дел од настани поврзани со личност на оној свет, како помен, поделбата на имот, средување документи, пензија и слично. Соништата поврзани со таквата личност ќе ви дадат важни информации за претстоен настан во семејство.

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Неделава ќе бидете во можност да расчистите сомнежи или недоверба поврзани со одредени активности на личност од вашиот круг на пријатели. Ќе дознаете дека имате погрешна идеја за некои настани. Ќе имате контакти со роднини, коишто може да бидат поврзани со претстојно семејно обединување или решение во врска со важни прашања и проблеми од семејна природа. За некои Лавови можен е почетокот или крај на постапка за развод или други судски постапки од семејна природа. Неочекувана покана за средба или собир. Ви претстои неочекувана потреба да подготвите документ, договор, спогодба…

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември) 

Нешто за што сте плачеле и сте биле тажни минатата недела сега ќе го гледате на друг начин, па дури и може да биде причина за малку радост. Жените-Девици треба да внимаваат на незгоди дома и на јавни места. Чувајте ги личните предмети безбедни од загуба или љубопитност. Ќе мора да средите различни документи, вклучувајќи и договори. Ова може да биде причина да одите кај нотар, адвокат или даночен службеник, во здравствена установа и слично. Веројатно нема да завршите сè оваа недела, но барем ќе постигнете некаков развој.

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Оваа недела избегнувајте конфликти, прво, затоа што тие не се типични за вас, и второ, затоа што ќе донесат негативни последици. Непријатни вести поврзани со роднина или распаѓањето на нечиј брак. Ако имате дете, ќе се соочите со недоразбирање, несогласување во желбите и приоритетите, емоционални проблеми или други силни емоции. Ако се потпирате на одредена помош од дете или внук, може да се разочарате или работите нема да се одвиваат како што очекувате. Кнфликт со лице во знакот на Јарец, Бик или Девица, којшто може да се продлабочи и предизвика нелагодност во несакана насока.

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Неделава ќе ви донесе бројни успеси дома или во семејството. Радосен настан за собирање или задоволство поврзан со машко лице, веројатно ваш роднина. Ви претстои успех поврзан со предлог или информација поврзана со вашата работа или бизнис. Ви претстои обновување на некоја трансакција, деловни контакти, бизнис партнерство… Ќе одбиете некој предлог во врска со работа или бизнис поради ваша посветеност на други поважни нешта. Неочекувано за вас ќе има придвижување на стари идеи, соништа, планови и надежи. Сега, сето она што не можело да се реализира во минатото, ќе биде приоритет за некој друг и ќе придонесе за заживување и развој.

СТРЕЛЕЦ (23 ноември – 21 декември)

Неделава ќе треба да го оставите настрана планот поврзан со домот или семејството. Времето ќе покаже дека сте правеле нереални планови, очекувања и надежи за нешто што барем во оваа фаза не може да се реализира. Ви претстојат средби, разговори, сугестии и вести поврзани со пари, приходи, добивки коишто може да се поврзат и со вашата работа и со вашиот личен живот. Важни интервенции или активности од лице во знакот на Девица, Јарец или Бик. Веројатно ќе добиете пари или можност за дополнителен приход. Ќе имате конфликт со момче или млад човек, но тоа нема да ве изненади. Мажите-Стрелец веројатно ќе доживеат љубомора во мислите и постапките на девојка или жена.

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

Стар конфликт ќе искрсне повторно во вашиот живот, но овој пат улогите ќе бидат заменети или ќе доведе до неочекувани работи за сите, вклучувајќи помирување и многу повеќе. Ќе имате среќа во одредени ситуации. Ќе има собир поврзан со семејството или со важен настан во животот на некој роднина. Средба или посетете која вклучува лица блиски на вашиот партнер. Изненадување поради активности или разговори со лице во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Може нема да бидете подготвени за она што ќе го слушнете или што ќе ви се понуди.
Можна неочекувана паника, стрес поврзан со настан во животот на машко лице.

ВОДОЛИЈА (21 јануари – 19 февруари) 

Проблемите со лице во знакот на Стрелец, Лав или Овен нема да ве изненадат, бидејќи долго време разни настани ви покажуваат дека вашите односи се подложени на некој вид стрес или притисок. Ќе имате заштита или успех во работата/бизнисот со лице во знакот на Риби, Шкорпија и Рак. Може да бидете навредени, да имате спор или конфликт со лице во знакот на Близнаци, Вага и Водолија. Разликите меѓу вас ќе излезат на површина што може да резултира со несакана конфронтација. Ќе ве израдуваат некои позитивни промени во работата или можност да ги покажете вашите способности, или да реализирате некоја ваша идеја.

РИБИ (20 февруари – 20 март)

Оваа недела сериозно ќе влијае врз вашиот однос со лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Вашите мисли ќе бидат насочени кон сегашна или претстојна разделба, од причини кои се посебни и различни за секој од вас. Дефинитивно ќе бидете многу порешителни и храбри во однос на постапките и одлуките. Посета или собир за важен повод ќе вклучи подарок или специјално организирана програма. Поволна седмица за развој на судски процеси кои вклучуваат материјални добра или имот. Вести или предлог од машко лице може да ве налутат или да предизвикаат конфликт со друго лице од кругот на вашите пријатели.

Големиот хороскоп за цела 2016 година ве чека овде, додека за месечниот хороскоп за февруари 2016 кликнете тука.

Илустрации: Aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button