Оваа диета ќе ви помогне да ослабите и да го прочистите организмот од наталожените отрови и штетни материи во ткивата.
Наменета е за луѓе кои не јадат месо, но сакаат да се ослободат од вишокот килограми на здрав и ефикасен начин.
Диетата се базира на консумирање овошје,зеленчук и интегрални житарки кои ќе ви ги обезбедат потребните витамини и минерали, влакна и други состојки и ќе ви помогнат да го прочистите организмот и да ослабите на здрав начин.
Секој ден треба да се придржувате на следниов распоред и притоа треба да се посвети внимание на комбинирањето на различните намирници
Штом ќе станете: чаша овошен сок
Појадок: свежо овошје
Ужина: свеж зеленчук (салата), тост од интегрално брашно или супа, или чаша млеко
Ручек: свеж зеленчук, компи или ориз, или парче сирење
Вечера: мешана салата
Компирот секогаш се јаде со салата. Овошјето не смее да се комбинира со никаква друга храна и никако не смее да се јаде веднаш по јадењето на некоја друга врста на намирници. Овошје се јаде исклучително на празен стомак, а доколку јадете зеленчук треба да почекате барем 30 минути, додека по компир или ориз – барем 3 часа. Млекото исто така е посебен оброк кој не треба да се меша со други намирници.