Иако многу луѓе сметаат дека компирите гојат, сепак тоа не е вистина, ако се подготват на вистинскиот начин, со што е можно помалку масло или путер.
Компирите се хранливи и вкусни и многу луѓе навистина ги сакаат така што воопшто нема да ви биде тешко да спроведете една диета на база на компири и да изгубите некој килограм. Треба да ги следите следниве правила во врска со подготвувањето на компирите:
I.
Подготвувајте го компирот во лушпа бидејќи таа ја содржи најголемата количина на витамини и минерали. Најдобро е да ги излупите откако ќе се сварат. Лушпата исто така ќе спречи тие да примат премногу вода.
II.
Откажете се од печени компири. Јадете печени компири без масло или путер, а ако веќе не можете да се откажете од овие додатоци пред јадењето оставете го компирот да отстои на салфета за да се упијат маснотиите.
III.
Салата од компири. Кога ќе правите салата од компири прво почекајте да се оладат компирите па потоа додадете ги сите зачини и маслото бидејќи кога се топли впиваат повеќе маснотии кои ќе завршат во вашиот стомак.
План за исхрана
{youtube}tB8mNI7VmBo{/youtube}
Појадок: овошје или овесна каша и две парчиња двопек/тост намачкани со диетален маргарин или путер, шолја чај или чаша млеко Ужина: овошје по желба Ручек: специјалитет од компири по ваша желба, може и со печени компири + зеленчук Ужина: овошје по желба Вечера: салата или некое друго јадење од варени компири.» |
Диетата со компири е многу лесна и едноставна и овозможува консумирање на пет оброка дневно, што е многу важно во процесот на слабеење. Верувале или не, ветува губење на најмалку половина килограм секој втор ден, или околу 1,5 килограм неделно.
Па, што чекате? Веднаш по компири и почнувајте со оваа волшебна диета!