Користете ги овие 3 фенг шуи совети за привлекување богатство и изобилство
Фенг шуи нема да ви донесе богатство доколку вие не се стремите кон тоа, ама фенг шуи ќе ви помагне да создадете средина, и дома и во вашата канцеларија, која ве зајакнува и ви помага да привлечете богатство.
Совет за пари број 1: Користете водени ’лекови’ за изобилство
Водата е древен симбол на изобилство во сите култури, не само во фенг шуи. Користете фонтани – моќен фенг шуи ’лек’ да привлечете богатство и свежа Чи (енергија).
Ако фонтана не е изводлива во вашиот простор или, пак, не ви се допаѓа идејата, користете слика на која е прикажана вода (која е одлична за привлекување богатство) што тече, како водопади, реки, итн. Било која слика, само бидете сигурни дека водата е чиста и дека тече. Затоа, слики на брзи реки или водопади, на пример, се подобри за збогатување, отколку слики на мирна река или езеро.
Совет за пари број 2: Грижете се за подрачјето на парите
Фокусирајте ги вашите напори кон подрачјето на пари во вашиот дом или канцеларија и грижете се за неговата енергија. Ова значи дека целокупниот декор во областа на парите треба да содржи соодветни фенг шуи бои, предмети (од дрво), форми (правоаголни) и слики.
Совет за пари број 3: Користете ’лекови’ за богатство
Декорирајте го домот и канцеларијата со специфични фенг шуи ’лекови’ за богатство кои одговараат на вашиот вкус и стил.
Постои широка лепеза на фенг шуи ’лекови’ за пари – од традиционални до модерни – па затоа не брзајте и во просторот за богатство внесете само такви ’лекови’ кои за вас лично значат изобилство и богатство.
Не е важно кој фенг шуи ’лек’ ќе го одберете – аквариум за богатство или насмеан Буда, ама бидете сигурни дека ќе изберете мудро. Иако некои традиционални кинески фенг шуи ’лекови’ за пари, како што е крастава жаба со три нозе или желка-змеј, може да не се според вашиот вкус, постои голем избор популарни и моќни фенг шуи ’лекови’ за богатство што ќе ви се допаднат.
На пример, разгледајте го среќниот бамбус, бродот на богатство или дрвото на парите. Откако ќе ги ставите, ќе се уверите дека вашата област на пари има корист од нивната енергија.