Реклама
Нега и здравје

Сакате да се храните здраво, а храната да ви биде вкусна? Еве како …

Реклама

Свежите зачини, сокот од портокал или лимон се совршен придружник на секој оброк, а имаат незначителен број калории.

Ако сакате да се храните здраво, ама не сакате храната да би биде невкусни и блуткава,  постои решение и за тоа. Иако е тешко да се поверува, но хранате без прекумерно масти, сол, шеќер и сосови може да биде доста вкусна. Подолу е листа на намирници кои се совршени за додаток на јадењата, а содржат помалку од 10 калории по порција.

Маркетинг

1. Сок од лимон

Совршен како завршен додаток на оброците за прекрасен вкус. Совршено одговара како прелив за салата, но и на печено месо. Една лажица исцеден сок од лимон содржи само четири калории.

Маркетинг

2. Кришки краставица

Исечете неколку парчиња краставица, ставете ги во водата за пиење и ќе добиете совршено здрав пијалок кој, сепак, не е чиста вода. Краставицата дава посебна свежина, а содржи витамини Ц, А и К, како и железо и калциум. Едно парче краставица има само една калорија.

3. Сок од портокал

Една лажица сок од портокал содржи  само седум калории и е полна со витамин Ц, кој е исклучително добар за имунитетот. Свежиот сок портокал користете го во разни јадења, но и во салати наместо обичниот оцет.

4. Лут сос

Повеќето лути сосови содржат 2-5 калории во супена лажица, а се совршен додаток на јадењата. За оние кои, се разбира, сакаат малку топлина во устата.

5. Свежи зачини

Најдобри додадоци во сите јадења коишто, речиси, и не содржат калории се, дефинитивно, свежите зачини. Магдонос, босилек, ловоров лист, мајчина душица, рузмарин, оригано… се само некои од зачинте без кои многумина не можат да замислат ниту едно јадење.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button