Ако сте во брак или тукушто планирате да стапите во брак, што подразбира дека посакувате и очекувате добра среќа во заедничкиот живот, следниве 5 фенг шуи едноставни совети водат кон среќен брачен живот во вашите домови
1. Ставете слики од вас и вашиот партнер – Во спалната соба треба да ставите лимит на фотографии на кои не сте вие и вашиот партнер. Колку што е можно повеќе, чувајте го вашиот приватен простор само за вас. На овој начин ќе го исклучите умот од нештата кои се надвор од вашата врска; запомнете, спалната соба треба да ја одразува само врската меѓу брачните другари.
2. Исчистете ја спалната соба – Спалната соба треба да се ослободи од нередот, особено нешта кои потсетуваат на минати врски и/или несреќни спомени како што се слики од починати роднини или пријатели. Спалната, исто така, треба да биде ослободена од предмети/нешта кои укажуваат на темна, страшна и осамена средина, како постери кои прикажуваат било каков вид насилство. Секогаш треба да имате средина која ќе направи вие и вашиот партнер да се чувствувате опуштено, безбедно; и секогаш треба да го одржувате вашиот приватен простор светол и среќен за да се поттикне струење на позитивна енергија, а да се блокира негативната.
3. Сè треба да е во пар – Колку што е можно повеќе, сè што е во спалната соба треба да е во пар. На пример, ако имате масичка на едната страна од креветот, ставете уште една таква на другата страна. Ова ја дава идејата дека две лица живеат во хармонија и заедно на едно место и сигурно ќе привлече среќа во бракот.
4. Тргнете ги огледалата и телевизорот – Огледало кое ‘гледа’ накај креветот ќе ве одразува вам и вашиот партнер – најдобро е да се отстрани или да се покрие ваквото огледало, бидејќи тоа може да сигнализира или да доведе до проблеми со трети лица во вашиот брак . Исто така, избегнете телевизор, па дури и радио во спалната. Овие работи може да ви го одвлекуваат вниманието, вашето и на партнерот, па така и двајцата може да изгубите фокус на она што е важно, а тоа е одржување среќна и интимна врска, полна со љубов, меѓу вас двајца.
5. – Во вашиот дом, а особено во спалната соба, треба да доминираат боите на љубовта. Боите розова и црвена ја засилуваат среќата во љубовта и бракот (сепак, бидете претпазливи на црвената боја и имајте ја само во мала количина – црвената е и боја на лутина, а вие не би сакале негативна енергија во вашиот дом и во вашиот брак), па затоа е најдобро да го украсувате домот со овие бои. Вметнете ги дома како сакате – некои луѓе избираат мали розеви украси, додека други одат толку далеку па ги бојат ѕидовите на спалната со розова боја. Друг совет е да избегнувате темни бои во спалната. Обидете се таа соба да биде светла и чиста колку што е можно повеќе.
Овие пет чекори, иако мали, сигурни ќе го задржат, па дури и подобрат здравиот и среќен однос помеѓу вас и вашиот партнер. Освен овие совети, запомнете дека домот е одраз на вашиот живот – па, сфатете го домот и како одраз на вашиот брак. Одржувајте го полн со енергија, чист и убав и побарајте фенг шуи совети и трикови – бидете сигурни дека ќе пречекате добра среќа во вашите животи.