Диети

Антицелулитна диета – решете се од целулитот со диета со зелка, портокали и јаболка

Реклама
Реклама

Постојано се повторува дека најдобро е да се ослаби со урамнотежена диета и физички активности, но за тоа е потребно подолго време, а некогаш навистина ни се брза и сакаме за што е можно пократко време да дојдеме до витка линија.

Секако, со ваквите брзи диети треба да бидеме внимателни, бидејќи по завршувањето на диетата килограмите можат многу брзо да се вратат. Според тоа, ако се нафатите на вакви диети, морате да имате во предвид дека потоа не треба да се враќате на старите навики, туку најдобро е да ги сфатите како почеток на нов начин на исхрана и нов начин на живот со урамнотежени оброци и редовни физички активности.

Маркетинг

Диетата со зелка, портокали и јаболки е една таква диета која ветува брзо губење на вишокот килограми и посебно, намалување во обем на критичните делови на телото. Богата е со витамини, минерали и влакна, што е важно за правилното функционирање на организмот, а содржи малку протеини и јаглехидрати.

Бидејќи диетата е прилично стриктна не се препорачува да се држи подолго од две недели одеднаш, но за почеток жените најчесто ја држат по неколку денови, за да може организмот да се привикне на помала количина на храна. Затоа, се препорачува првиот пат да ја држите четири дена, па да продолжите со здрав начин на исхрана. Кога организмот ќе се привикне на помали оброци, обидете се по два месеци повторно да ја држите диетата една недела, па повторно вратете се на здравиот режим на исхрана. По три месеци повторно обидете се да ја спроведете диетата и да издржите меѓу една и две недели. Во текот на една година, диетата со зелка, портокали и јаболка не смее да се држи подолго од 25 дена вкупно. Секако, за цело време треба да се трудите активно да вежбате.  

Маркетинг

Доколку ја држите диетата околу две недели ќе изгубите неколку сантиметри во обем, но многу повеќе килограми и сантиметри ќе изгубите доколку заедно со диетата преминете на опишаниот нов начин на исхрана и физичка активност.

Како и секоја диета, така и оваа има план којшто треба да се следи. За секој оброк имате неколку предлози што можете да јадете и на вас останува сами да си го изберете дневното мени. За одреден оброк можете да одберете само една опција од понудените (не можете да менувате со други оброци). Исто така, не заборавајте дека треба да внесувате доволно течности, но никако не смеете да внесувате повеќе од два литри течности – чај или вода дневно (во овие два литра не се смета супата или кефирот). Храната солете ја минимално и тоа со морска сол.

Ако огладните во текот на денот, изедете дополнително јаболко или портокал, а ако сте гладни по вечерата, напијте се чаша кефир.

Ако чувствувате слабост, вртоглавици и малаксаност во текот на диетата, најдобро ќе биде да ја прекинете и да започнете со урамнотежена исхрана.

ПЛАН ЗА ИСХРАНА

Појадок:

Tост (интегрален, едно до две парчиња), лист-два свежа зелка со малку масло или јаболко или портокал, парче сирење

Ручек

Салата

Предлог 1: салата од јаболка и зелка, зачинета со масло (какво било, маслиново, сончогледово …)
Предлог 2: салата од јаболка, зелка, банани и портокали
Предлог 3: салата од исечена зелка и моркови
Предлог 4: салата од зелка, малку мајонез, соја сос, едно чешне лук

 

Супи и варива

Предлог 1: чорба од цвекло, зелка и друг зеленчук, без павлака и без месо
Предлог 2: супа без месо
Предлог 3: супа од зеленчук, можете во неа да додадете малку павлака или топено сирење

Главно јадење

 

Предлог 1: 150 гр. риба, каква било, подготвена на кој било начин освен со пржење Предлог 2: 150 гр. пилешко или мисиркино месо, подготвено на кој било начин освен со пржење Предлог 3: компир со зачини и кисела павлака печен во рерна  Предлог 4: солена пита/ гибаница од сирење (200 гр.)

Десерт или ужина– 1 јаболко или портокал

Вечера

Предлог 1: динстан зеленчук со малку шунка
Предлог 2: неколку банани (2-3)
Предлог 3: омлет од 2 јајца и динстана зелка (без шунка)
Предлог 4: овошна салата од кое било свежо или сушено овошје со јогурт

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button