Хороскоп

ХОРОСКОП ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА МАЖИТЕ: Откријте што „ги пали“ в кревет

Advertisement

Еве како да ‘излудите’ секој знак в кревет! Крајно време е да ги препознаете неговите квалитети преку хороскопскиот знак, а со тоа да научите и како да го освоите.

love couple 4

Advertisement

Овен

Мажите во знакот на Овен многу лесно се возбудуваат и важат за најиздржливи партнери. Нивното мото е ‘тука и сега’, затоа обично нема предигра. Вродениот инстинкт за ловење за нив претставува сè, што обично води до тоа нивниот плен наскоро да им здосади. За ова да не се случи мора да му го храните егото често, бидејќи мажите-Овен сакаат да слушаат пофалби за нив самите, особено в кревет. Инаку, сакаат предизвици и се склони кон експериментирање додека за тоа имаат сила. Омилена поза им е онаа во која тие ја контролираат ситуацијата.

Како да го освоите? Однесувајте се невино, вложете пари во квалитетен бел долен веш и почекајте да бидете освоени.

Advertisement

Бик

На прв поглед смирен и сталожен, но штом ќе го разбудите длабоките желби на Бик многу ќе ве изненадат. Водени од Венера, божицата на убавината и страста, тие обожаваат добра храна и хедонизам повеќе од сè друго. За разлика од мажите-Овен, Биковите не брзаат со предиграта и кај нив, всушност, таа може да трае со часови. Иако е внимателен и грижлив, мажот роден во овој знак ужива и во психолошкото задоволство од сексот, па обидете се да не ја уништите атмосферата со зборење. Што се однесува до омилената поза, тие се задоволуваат така што ве задоволуваат вас, па затоа неговата омилена ќе биде онаа во која ги стимулира вашите ерогени зони.

Како да го освоите? Поканете го на вечера – која ќе трае цела ноќ! Меѓу сладостраствените моменти послужете го со добра храна и вино и сметајте дека сте го освоиле.

Близнаци

Мажите во знакот на Близнаци ги привлекуваат сексуални партнерки кои се на иста бранова должина со нив. Сепак, за нив сексот не е само физички, туку и ментален спорт. Доколку сакате секс на јавни или чудни места, вие сте идеален партнер за Близнакот. Ризикот дека ќе бидете фатени само ја зголемува возбудата. Но, мажите во овој знак имаат тенденција брзо сè да им здосади и затоа треба одново и одново да го анимирате. ‘Играње’ улоги или групен секс секогаш се полн погодок. Кога омилената поза е во прашање, тие сакаат да зборуваат ‘валкани работи’, па затоа изберете ја онаа која ќе биде полесно да ви ја шепот в уво.

Како да го освоите? Испратете му секси порака, која ќе содржи напатствија до локацијата каде што го чека главната награда – Вие!

love couple 1
Разгорете ја неговата сексуална желба 

Рак

Ракот носи оклоп поради страв да не биде повреден, што овој знак го прави најемотивен од сите – но, штом ќе го пробиете оклопот, забавата почнува! Рак можеби изгледа многу срамежлив, но кога ќе ја стекне вашата доверба, ќе биде многу среќен што може да испробува некои од најкреативните сексуални трикови. Раковите сакаат жени кои знаат што сакаат и одат по својата среќа. Негова омилена поза е онаа во која ќе може продорно да ве гледа в очи.

Како да го освоите? Ракот нека се чувствува како дома додека го заведувате во вода. Ако е премногу срамежлив да има секс во плитко, изнајмете чамец и усидрете се каде сакате.

Лав

Страсниот и огнен крал на џунглата со мал напор може да се претвори во едно мало маче. Лавот сака да биде во центарот на вниманието, иако понекогаш тоа и не му е во корист. Тие се отворени за нови нешта, но со оглед на фактот дека лавот е гордост на природата, така и за мажите во овој знак важи дека сето она што го понижува или го поткопува неговото его – Лавот го одбива. Лавот сака поза во која ќе бидете во можност да се восхитува сам на себе си, па затоа се позиционира пред огледалото, каде што заедно можете да го набљудувате целиот тој процес.

Како да го освоите? Лавот ‘паѓа’ на голо женско тело, според тоа, изведете стриптиз или облечете капут, но ништо одоздола.

Девица

Ако сакате да го однесете мажот-Девица в кревет, ќе мора да го најдете вистинскиот начин. Девицата ги возбудува менталната поврзаност пред сè. Многу се сензитивни и вашето задоволство го ставаат на прво место. Кога мажот- Девица ќе види дека сте возбудени, тоа моментално го возбудува и него – па затоа не срамете се и кажете му што сакате. Сакаат да експериментираат во техниките и, секако, ќе ги усовршува само вас да ве доведе до сладострастие. Сакаат поза во која тие ја водат ситуацијата, затоа само препуштете му се – ќе се погрижи и за вас.

Како да го освоите? Облечете ја вашата најдобра долна облека и врзете се за креветот. Ќе го воодушеви тоа што тој треба да ја преземе контролата.

love couple 2 

Вага

Вагата го привлекуваат сексуални партнерки кои сакаат пофини работи во животот, вклучувајќи ги и нив. Кај Вагата сè се врти околу флертувањето. Со добар флерт може да го однесете каде што сакате – но најдобро в кревет. Претежно нарцисоидни, мажите родени под овој знак ја обожаваат предиграта, во чиј тек повеќе пати ќе ве задоволат. И една многу важна работа – кога мажот Вага е во прашање, никогаш не глумете оргазам, тоа ќе го скрши. Инаку, сакаат игри на фантазија, но најмногу сакаат пози во кои може да се гледаат и да се восхитуваат сами на себе.

Како да го освоите? Вагата обожава костими и прекрасни нешта, па затоа возбудете го со бурлеска-стриптиз со егзотична долна облека.

Шкорпија

Водена од Марс, бог на војната, Шкорпијата е мешавина од инстинктивни страсти и темна енергија – комбинација на која тешко може да се оддолее. Како и Овенот, така и Шкорпијата е обдарена со високо либидо и импресивна сексуална издржливост. Но, за разлика од Овенот, Шкорпијата обожава предигра. Кога кралот на заведување еднаш ќе одлучи да ве има, ништо не ќе го спречи во тоа. Сака да експериментира и да го почувствува вашето тело блиску до него, па затоа најдобра сексуалната поза со Шкорпијата е седечката, но со прегрнати нозе.

Како да го освоите? Шкорпијата сака мистериозност, па научете нешто од нив за уметноста на заведувањето. Наместо вие да ја соблечете облеката, поканете го него да соблака парче по парче од вас.

Стрелец

Огнен и страстен – сè освен срамежлив. Кога мажите во знакот на Стрелец се во прашање тогаш за нив сексот не е израз на длабоки емоции, туку само една од многуте животни авантури. Многу сакаат да разговараат и ќе очекува да слушне што е она што ве ’пали’ в кревет. Важат за одлични истражувачи и ќе направат сè за да ги поместат границите. Со оглед на тоа дека се спонтани, секогаш се трудат да истражат нови пози и места за што подобар секс.

Како да го освоите? Стрелецот е секогаш расположен за авантура, па затоа изненадете го со ненајавен секс набрзина.

love couple 3

Сексот може да биде неверојатен ако му ги активирате сите ‘копчиња’ 

Јарец

Иако на прв поглед изгледа конзервативно и срамежливо, внатрешноста крие страст и интензитет на љубовник од кого не ќе можете да се заситите. Иако стои цврсто на земја, сè додека не се почувствува удобно нема ни да презеде иницијатива. Но, тоа не значи дека не сака барем малку да експериментира. Љубовта и сексот за Јарецот одат заедно – само откако ќе го опуштите и релаксирате во врската, ќе сфатите колку е добар љубовник, а до таа точка очекувајте класична мисионерска поза.

Како да го освоите? Јарецот сака да се чувствува дека е сакан. Подгответе му бања или сензуална масажа. Еднаш штом ќе се опушти, ќе сфатите колку е страствен.

Водолија

Не се смета баш за најсексуален знак, ама ќе се чувствува слободен сè додека го има вашето внимание. Сака разговори, особено додека му кажувате што најмногу вам ве ’пали’. Не срамете се, бидејќи колку вашите фантазии се почудни, толку повеќе ќе му се допаднете. Сепак, бурниот сексуален живот може да влијае на тоа Водолијата да се повлече во себе и на мир да ги полни батериите за следната рунда. Омилени пози му се сите оние во кои што удобно може да ви шепоти за тоа што сака да ви прави.

Како да го освоите? Усовршете го вашиот секси глас. Јавете му се додека е на работа и кажете му што точно сакате да ви прави кога ќе се врати дома.

Риби

Водени од Нептун, цар на илузијата и имагинацијата, и од Јупитер, бог на драмата, не е изненадување што Рибите се возбудуваат од сексуални фантазии. Како воден знак, Рибите претпочитаат да менуваат повеќе пози и тоа во текот на една ноќ. За мажот-Риба, сексот е прашање на креативност и забава, како и создавање емотивна конекција. Рибите ’паѓаат’ на кожна облека и копнеат да бидат покорени, толку многу што тоа, речиси, се граничи со мазохизам. Омилена поза им е онаа во која се гледате очи в очи еден со друг, создавајќи емотивна конекција при тоа.

Како да го освоите? Рибата обожава да плива. Полноќен излет и пливање под месечината ќе го распаметат.

Неделниот хороскоп за периодот 25-31 јануари ве чека овде, а за вашиот среќен број во 2016 година кликнете овде.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button