Според последните научни истражувања кафето е добро за нашето здравје.
Но бидејќи не е добро да се претерува со ништо, па така и со кафето, најдобро е да знаеме колку кафе всушност можеме да пиеме, а колку е премногу! Повеќето возрасни кои пијат кафе консумираат околу 200 мг дневно (една до две лажички кафе), а 600 мг е горната граница која не би требало и кое не е препорачливо да ја преминувате.
Според едно долгогодишно истражување чии резултати беа објавени во магазинот „Circulation“ и во кое учествуваа повеќе од 200 илјади испитаници се покажа дека луѓето кои пијат од една до максимум пет лажички дневно имаат помал ризик од прерана смрт предизвикана од срцеви болести, неуролошки болести и суицид, додека пиењето кафе не се покажа поврзано со смрт предизвикана од карцином. Но, што се случува ако пиеме повеќе од пет лажички кафе дневно? Едно истражување од 2013 година покажа дека пиењето шест и повеќе лажички кафе дневно на подолг рок може да предизвика зголемен ризик од срцев удар.
Па, доколку сте љубител на кафето и секојдневно го консумирате во поголеми количини, стручните лица препорачуваат дека најдобро е да избирате кафе без кофеин кое има здравствени предности и обилува со антиоксиданси како и обичното кафе.