Реклама
Кафе муабет

Ви ја претставуваме девојката со сина крв која го освои срцето на принцот Хари

Реклама

Принцот Хари ја пронајде вистинската девојка за него и тоа убавица со сина крв…

Како што пренесе еден австралиски магазин, 31 годишниот принц Хари е заљубен до уши во принцезата Марија Олимпија од Грција и Данска. Според магазинот тие двајцата се запознале преку роднината на Хари, Беатрис, и меѓу нив веднаш се родиле емоции. „Хари е заљубен до уши во Марија Олимпија. Тие имаа неколку состаноци и сега планираат заедно да одат на скијање пред Велигден“, изјави изворот и додаде дека Марија многу и се допаднала на војвотката од Кембриџ која смета дека таа е неговата најдобра девојка досега.

Маркетинг

Сега за сега нема никакво официјално соопштение ниту пак демант од Кенсингтонската палата во врска со новата љубов на Хари.

Маркетинг

Инаку, Марија Олимпија има само 19 години, а веќе се смета за една од најубавите принцези на светот. Таа студираше драма и историја на уметност и фотографија во Лондон, и постојано е присутна на сите елитни случувања во британската престолнина. Таа позираше за магазинот „Tatler“ кој ја претстави како најпосакувана девојка за мажење во светот.

Марија е родена во Њујорк, а пораснала во Лондон. Најстара е од петте деца и единствено женско дете во семејството. Нејзиниот профил на Инстаграм покажа дека живее на висока нога – од патувањата по Медитеранот на јахта, преку зимување на алпите, па се до посета на ревии и летање со приватни авиони.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button