Ајде да бидеме искрени. Зимата е мрачна сезона, особено по празниците …
Откако ќе ги отстранат сите оние елки, интересни светилки и свечени украси од улиците и градските плоштади нема да остане ништо освен сивите облаци, маглата и снегот (или во нашиот случај, неподносливиот недостаток од истиот, нели?) Сето ова може многу лесно да ве врати во вашиот пред празничен стил црно-од-глава-до-пети, во кој ќе се чувствувате најбезбедно, но ние ве советуваме да ги пробаете овие неочекувани комбинации на бои за кои сме сигурни дека ќе внесат дополнителна свежина како во вашиот изглед, така и на улиците. Погледнете ги овие можеби по малку неконвенционални, но сепак инспиративни комбинации.
Пудро розе боја + смарагдно зелена
Погледнете сличен капут тука »
Комбинирајте со црно доколку не сакате да изгледате премногу слатко!
Сенф боја + црна
Погледнете интересна кошула во оваа боја тука »
Жолта сенф боја против темните нијанси. Поиграјте се со капут во оваа боја и комбинирајте со црна ролка.
Бакарна боја + сиво
Погледнете тука шик капут во сива боја од Астибо »
Едноставно ја обожаваме оваа комбинација и не само поради изборот на бои, туку и поради слоевитото носење на два капути.
Бело-црвено-црно + кобалтно сино
Панталони од Linea со кои можете да ја направите оваа комбинација »
Поиграјте се со модните додатоци и внесете некоја светла нијанса во вашите бело-црвено-црни комбинации.