Направа која сите ја имаме дома, а која за една секунда може животот да ни го направи пекол
И покрај тоа што се многу популарни поради својата конструкција, мали се и не заземаат многу простор, а познато е и дека многу брзо ја загреваат просторијата, греалките сепак имаат и своја многу лоша страна.
Само во изминатата година електричните греалки во САД предизвикале 53.600 пожари, додека 400 луѓе поради нив го изгубиле животот. Штетата што ја имаат направено овие „направи“ изнесува околу 900 милиони долари, пишува Magazin.bs. Имено, повеќе од 50 отсто од пожари се случил затоа што греалките биле поставени во близина на работи кои лесно се палат. Покрај тоа што морате да ги држите подалеку од лесно запаливите работи, треба да водите сметка тие да бидат вклучени директно во штекерот, а не на продолжен кабел кој многу лесно може да се стопи. Покрај тоа, никогаш не треба да ги оставите вклучени кога го напуштате домот.