Рецепти

Лепињи меки како душа, според рецептот на баба

Реклама
Реклама

Секој залак од ова меко и вкусно тесто ќе ви го врати сеќавањето на вашето детство.

Маркетинг

Состојки:

400 г брашно, лажичка млеко во прав, 5 лажички масло – масло за пржење, лажичка сув квасец (7 г), 1-2 лажички шеќер, половина лажичка сол, 350 мл вода.

Во квасецот измешајте неколку лажички млака вода и додадете шеќер, пишува Stvarukusa.rs. Потоа, во една чинија измешајте брашно, млеко во прав и сол. Откако ќе го измешате соединете го, па во чинија со брашното ставете мешавина од квасец, додадете масло I вода и промешајте. По потреба додадете уште малку брашно или додадете вода. Замесите и поделете на 18 топки па ставете ги на површина посипана со брашно. Покријте и оставете ги да нараснат од 15 до 30 минути.

Маркетинг

За тоа време загрејте тавче со пречник околу 24 сантиметри. Едната кугла од тестото размесете ја и ставете ја во жешката подмачкана тава. Печете додека на површината не се појават големи меурчиња, а потоа свртете ги лепињите и неколку минути печете ги и од другата страна. Лепињите израмнете ги со лопатка за време на печењето доколку имате потреба за тоа. Додека ги печете, веќе испечените лепињи чувајте ги на топло место, односно завиткајте ги во кујнска крпа.

Време на подготовка: 45 минути.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button