Реклама
Хороскоп

Голем годишен хороскоп за 2016 година

Реклама

„Штипка“ ви ја честита Новата 2016 година и ви посакува радост во срцата, спокој во душата, здравје, љубов, пари…

ОВЕН (21 МАРТ – 20 АПРИЛ)

Маркетинг

Во 2016 година, за повеќето од вас првичните планови ќе се однесуваат на поставување темели за независно живеење, нов дом, куќа или дополнителен имот. Имајте в предвид и друг имот што може да е во сопственост на родителите или член на поширокото семејство. Сè на овој план ќе се одвива поинаку и не често ќе се поклопува со она што го очекувате. Вистинските лоши работи ќе се однесуваат само на расчекорот помеѓу вашите очекувања и вашите желби, но, генерално годинава ќе биде стабилна за вас лично и материјално. Можеби, сепак, да се јави конфузија, штета или незгода во вашиот дом или канцеларија или, пак, во домот на вашето семејство. Во текот на целата година може да очекувате финансиска помош од жена која живее/работи во друго место и со која ќе имате личен или професионален/деловен однос.

Присуството на жени во вашиот живот во 2016 година дефинитивно ќе биде добро за вашите финансиски работи и вашиот буџет, како целина. Можен приход може да добиете од работа или од патувања надалеку, а тоа ќе има врска со женски личности на некој начин. Може ќе добивате пари од жена што може да биде ваш редовен приход секој месец или на одреден датум, за фиксен временски период. Во текот на годината, може да бидете засегнати на еден или друг начин во врска со приватниот живот на ваш брат или сестра, особено за нивната романтична врска. Веројатно ќе има моменти што ќе создадат вознемиреност во вашето семејство. Лоша вест може да добиете што се однесува на патување или несреќа што вклучува ваш пријател/ка во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Едно пријателството може да стане значајно за вашиот живот, кое, сепак, може да започне во неповолни околности или да има тежок почеток. Разделба со еден од вашите пријатели може да се случи како резултат на неможноста да комуницирате еден со друг на вообичаен начин и поради компликации или премногу стресна врска.

Маркетинг

Ова ќе биде година која ќе биде запаметена по неколку значајни средби дома со роднини или пријатели, бидејќи односите секогаш ќе бидат многу важни, но секој од нив ќе биде различен. Имате (или треба да имате) силна врска со домот на вашите родители или со вашите родители поради развојот на важни настани во вашето семејство. Можна преселба може да се случи во врска со нив или со вас во поинаква форма или во различен временски период, вклучувајќи конечно заминување од домот. Не само што ќе го напуштите родителскиот дом, туку можно е да се вратите дома или во татковината. Промена/реновирање на домот на вашите родители ќе се случи со цел вие да може да живеете таму во иднина. Во 2016 година може да доживеете привремена професионална криза или негативна ситуација поврзана со аплицирање за нова работа, преместување на ново работно место или слично. Ќе доживеете непријатна ситуација или разочарување, но како резултат на тоа, по некое време/во иднина, ќе сфатите дека ова е дело на судбината дизајнирано да ве поттикне да видите нешто во поинаква светлина, да ви даде храброст да дадете одредени одговори или да донесете одредени одлуки.

Можно е некој да се жали за вашата работа, да изрази незадоволство и несогласување со вашите методи на работа. Лоша вест може да добиете во врска со здравствени проблеми на некој близок, или да патувате во врска со здравјето/лекување, некој вид терапија. Ова е неповолна година за диети, особено ако не се посебно препорачани од вашиот лекар. Заштитете ги вашите миленици од туѓо мешање или губење на јавно место, особено во области непознати за нив. 2016 ќе го тестира вашето искуство во брачните односи; годинава ќе ја доведе во прашање иднината на вашиот брак. Причината за ова може да биде поинаква и не мора да се однесуваат на неверство, нешто на што секој прво ќе помисли. Всушност, неверството е ретка причина за развод кај Овенот; наместо тоа, разни други фактори може да имаат влијание врз ваква одлука. Сепак, има голем број други околности што ќе го провоцираат вашето трпение; ќе бидете принудени да донесете многу поексплицитни одлуки за вашиот личен живот и иднина. Овој тест не значи разделба, само стрес, којшто ќе покаже дека имате проблем и дека тој може да се реши само со помош на вашиот партнер, со компромиси од негова/нејзина страна, со некои неопходни измени во вашиот стил на живеење. Препознавањето на проблемот и сериозноста на ваквата криза, како и разумното пристапување кон истата, ќе резултира со стабилизирање на вашиот брак, па дури и причина за обновување на вашите брачни завети. Добро е да се знае дека вашиот брак, исто така, може да биде нападнат со зборови или постапки на случајни присутни/набљудувачи/минувачи, кои ќе имаат свој интерес за дестабилизација на вашата врска. Оваа година нема да ви донесе сиромаштија, неуспеси, или кризи кои не ќе можете да ги решите сами. Може да добиете пари или други бенефити преку наследство, оставина, изнајмување на наследен имот и друго. Може да има поволен развој на парница/тужба (ако сте вклучени во некаква) или на ваши финансиски работи.

Беќарите/момите може да развијат врска со личност која работи во финансиска или судска институција или во инвестициска компанија. Ќе биде интересно и корисно за вас да развиете лични односи и професионални врски со личности во знакот на Водолија, Близнаци или Вага. Ќе имате корист од склучување поволен финансиски договор, спогодба, заем. Во текот на годината често ќе се среќавате со луѓе со различни гледишта од вашите, главно оние што се однесуваат на животот, смртта, духовниот свет и на законите кои се однесуваат на истиот. Тоа што некој има различно мислење и визија од вас не треба да ве провоцира да бидете груби или да влезете во конфликт. Другите луѓе ги сфаќаат работите според нивното разбирање и искуство. Или, пак, вие сте малку понапред или, за ваше изненадување, поназад од нив, но сепак не може да го сфатите тоа. Добра среќа ги прати оние Овнови кои се вклучени во високо образование или се занимаваат со пишување/објавување книга. Ова ќе биде поволна година за долги патувања, без оглед на тензиите кои ќе произлезат од истото. Може да има ново поврзување или нов развој во веќе воспоставениот однос со некој кој живее и работи во странство. Ова ќе биде добра година за земјоделците кои се занимаваат со сточарство. Во текот на годината ќе има посебна потреба од вашето внимание, помош или заштита и тоа ќе се однесува на ваша ќерка или внука, без разлика дали тие ќе го побараат тоа од вас отворено или од погрешно сфатена гордост ќе го отфрлат тоа, и покрај вашите напори да им помогнете. Поделикатни ќе бидат нештата со малите деца, каде што треба да се потпрете само врз вашата интуиција.

Одалечување од вашето работно место може да се случи поради една жена. Може да имате и тежок однос со жена која е во вашиот менаџерски тим или на повисока позиција од вас, но на помала возраст, а која има големи амбиции и самодоверба, што создава проблем (веројатно не само вам.) Вие може лесно да креирате пријателства и контакти со машки лица, без разлика на вашиот пол. Благодарение на вашите односи со машки лица (татко, дедо, брат, син, итн) може да станете член на некоја партија, организација, група на луѓе со заеднички интереси и цели. Ќе има раѓање на машко дете во семејството или, пак, на близнаци. Може да инвестирате во образование, кариера или други важни активности на ваш син, внук или друго машко лице од вашето семејство. Ќе имате средба со лица во знакот на Бик, Девица или Јарец и тоа ќе биде почеток на нова фаза во вашиот живот, којашто ќе биде многу индивидуална за секого (на личен, професионален, политички, спортски план, итн.). Ќе има многу бракови или бурни љубовни врски со Шкорпија, Риби или Ракови. Во можност сте да патувате во странство и да запознавате непознати, но чудна личност или место ќе ја промени вашата перцепција за животот и за универзумот како целина.

БИК (21 АПРИЛ – 20 МАЈ)

Во 2016 година, родените во знакот на Бик ќе доживеат настан од големо значење поврзан со женска личност во знакот на Риба, Рак или Шкорпија. Не мора да е тоа ваша роднина и не е важно за кој посебен настан станува збор, но тој ќе се одрази, пред сè, на личен план за вас, настан кој ќе влијае врз вашиот личен живот на некој начин. Во текот на годината ќе имате голема поддршка, помош од жена, без разлика на вашиот пол. Благодарение на ваквото присуство во вашиот живот, ќе бидете во можност да го засакате вистинскиот/вистинската, да работите она што сакате или да одите на место за кое сонувате. Вашите главни финансиски ресурси ќе доаѓаат од работата или бизнисот. Парите може да бидат причина за промена на работа, прифаќање некоја позиција за подобра плата, заминување на работа во странство за повисоки приходи. Промени може да се случат во вашиот бизнис, со цел да се зголеми профитот, но ќе бидете зависни од некој друг, или од партнер или од моменталната ситуација на пазарот. Ќе очекувате исклучително добри профити, пари од изнајмување, итн.

Немили настани или комплицирани односи ќе се развиваат со брат или сестра. Може да доживеете многу силни емоции во таквите односи со нив, особено ако живеете одвоено, во различни градови или земји. Ќе биде тешко да планирате патувања во текот на годината, бидејќи настаните и околностите често ќе ги менуваат вашите планови, ќе предизвикаат одложување или или, непосредно откажување. Бидете внимателни со вашите коментари, особено кога имате проблем и причина да обвините некого за тоа. Можно е да имате сосема погрешен впечаток и да повредите некого со нефер обвинување. Во текот на годината, може да биде потребно да водите посебна грижа за здравјето на некој близок/родител, роден во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ќе имает деликатни односи со брачниот другар или интимниот партнер на ваш родител. Вие самите може да им создадете проблеми на родителите, поради пријателство со едно лице кое има сериозни недостатоци или е во нејасни/матни ситуации.

Покана ќе пристигне за веридба или свадба на младо машко лице од страна на сопружникот (ако сте жена). Ќе добиете вести и ќе ви биде мило поради раѓање на машко бебе во текот на годината. Ќе присуствувате на големи настапи на син или внук во области како театар, спорт, забава, или во некој дел од општеството. Постои можност за неочекуван исход на лотарија/лото од страна на дете. Некои од вас ќе имаат тешко емотивно време поврзано со веридба или свадба на поранешен љубовен/интимен партнер. Ако сте се одлучиле, или ако сакате да ја испробате својата среќа работејќи во друг град или земја, подгответе се за неочекувани проблеми или разлика во вашите очекувања за она што ви го ветуваат. Минувајќи низ краток, но тежок период, ќе бидете во можност да дојдете до вистинското место и да бидете среќни и во можност да ги спроведете вашите планови, соништа и желби. Може да имате многу сомневања, но тие може да станат вишок; може да имате превисоки очекувања, но да се докажат како нереални. Значи, ќе имате краток период на превирања и испитувања, но тогаш, се чини, вашата среќа/шанса ќе дојде на своето место.

Бидете внимателни при купување на автомобил или друго возило.

Ќе има извесно задоцнување на добивање голема сума пари или документ поврзан со тие пари, но тоа ќе биде на разумна основа, и покрај сериозните околности. Може да имате поголеми трошоци во врска со роднина во знакот на Близнаци, Вага или Водолија поради сложени, деликатни односи од финансиска природа што ги имате со таа личност. Сè на сè, ќе имате големи очекувања и надежи за финансиски приходи во текот на годината, всушност, поголеми од оние реалните, но тоа не значи дека ќе имате проблеми. За мажите, во оваа година ќе има непријатни или сложена моменти во вашата врска со интимна пријателка, без оглед на вашата позиција: односно, без разлика дали сте во брак или не. Вистината е дека вашата врска е многу емоционална и има иднина, но очекувањата и желбите на вашата партнерка во оваа фаза создаваат тешкотии. Ќе има нови романтични познанства за припадниците на знакот Бик што ќе предизвикаат проблеми со женски роднини или со ќерка или внука, во зависност од вашата возраст. Ќе има раѓање на машка принова во текот на годината во вашето семејство или во семејството на вашите најблиски роднини, што ќе се случи на посебен ден или кое ќе биде поврзано со некои посебни, неочекувани околности. Ова ќе биде година во која децата и внуците ќе доживеат промена во животот во која ќе мора да бидете вклучени до некој степен или да интервенирате на некој начин. Уште поважно, тоа ќе биде за добро. Мажите-Бик ќе дадат значајна поддршка или ќе помогнат во тежок момент на дете или внук. 2016 може да биде запаметена по наследство или трансфер на имот од страна на родител или роднина од ист пол како вас.

Може да има промена на домот, како продажба или купување, замена или изнајмување. Ова ќе биде тешка година за оние чиј бизнис е поврзан со продажба или изградба. Пред сè, бидете внимателни во што ќе ги вложувате парите и избегнете кредити, банки, инволвирање со други луѓе, итн. Некој од вашиот дом ќе има тешко време во кариерата/работа или образованието. Ќе добиете специјален подарок или гест на внимание од пријател на посебен, значаен ден, роденден. Неочекувано, можеби ќе сакате да земете учество во добротворна активност поврзана со собирање средства за луѓе од друга земја или од друг дел на општество. Ќе добиете нов мебел и нова опрема за вашиот дом. Ова ќе биде успешна година за парница од финансиска или имотно/правна природа и ќе избегнете притисок или грижи за луѓето и околностите на овој план. Ќе има неочекуван развој на поволни околности и придобивки за вашиот дом. Во текот на годината една деликатна ситуација ќе влијае врз вашиот личен/интимен живот; тоа може да предизвика љубомора, конфликт, привремено губење на доверба. Запомнете дека ова е тест и бидете многу внимателни со вашите зборови и одлуки. Не вклучувајте се во љубовниот живот на вашите најблиски, бидејќи вината за нивните компликации може да падне врз вас.

БЛИЗНАЦИ (21 МАЈ – 20 ЈУНИ)

Во 2016 година, најважното нешто за вас ќе биде семејството, бидејќи различни, но суштински обврски поврзани со родителите, постарите браќа и сестри, деца или други млади луѓе во вашето семејство, ќе бидат важни. Ова ќе биде година која ќе се памети поради неколку важни настани кои ќе го вклучат семејството. Пред вас се многу планирани и непланирани средби со пријатели, со групи на луѓе со кои имате заеднички интереси или заедничка цел. Ќе бидете повеќе вклучени отколку во 2015 година, бидејќи сега вие сте тие кои ќе ги собирате луѓето, следбениците и поддржувачите. Аспектиран е почеток и развој на ново пријателство со личност во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. 2016 година ќе биде запаметена и по појавата на нови извори на приходи. Може да има нова, подобро платена работа или неочекуван профит во вашиот бизнис, активност или работа. Кога овие настани се случуваат во вашиот живот, ќе ве натераат да помислите колку иронија има во животот. Во 2016 година може да затворите една врата од каде нешто важно и вредно се обидува да влезе. Но, може да отворите уште една, на чија праг ништо нема да се појави… Како и да е, на финансиски, па дури и материјален/домашен план, 2016 ќе биде година на пријатни изненадувања. Очекувајте пресвртница која вклучува дете на вашиот брат, сестра или друг близок роднина. Тоа може да е поврзано со раѓање, свадба, нов дом, преселба и друго. Комуницирањето со помлади од вас ќе биде интересно, корисно и пријатно за вас.

Конфликт може да искрсне со мајка, баба или сестра поврзан со важни патувања за вас или за нив. Несогласување може да се појават и за преселба во друго место, работење во друго место и друго. Ќе има сериозна причина за загриженост во врска со ќерка или внука. Тоа може да биде поврзано со катастрофална промена во нејзиниот живот, судска постапка или друг важен и судбоносен момент во иднина. Љубовни проблеми може да се појават во животот на вашето дете, или љубовни грижи може да настанат за младите жени- Близнаци кои имаат врска со партнер роден во знакот на Овен, Лав или Стрелец. Љубовна врска во вашето работно место може да ве изненади. И покрај тоа што ќе ве исполни со многу силни емоции, таа ќе биде причина за големи и сериозни проблеми; тешките одлуки дури и може да бидат причина за преселба.

Нова љубов може да се развие со некој со кого имате заеднички деловни интереси, преку агенција за запознавање, виртуелна познаник или случаен познаник на јавно место (без закажување или посебно чекање). Во вашето семејство пресвртница доаѓа со маж – во ’воздушен’ знак (Близнаци, Водолија, Вага) или ’земјен’ знак (Бик, Јарец, Девица). Ова може да се однесува и на нова личност во вашиот дом која ќе се роди во кој било од горенаведените знаци.  Ќе разрешите деликатен проблем со роднина до 35 години. Во 2016 година, голем број Близнаци ќе ја променат работата или работното место. Постои можност за промена на техниката или стратегија со која досега се обидувате да започнете нов бизнис. Во сето ова, ќе имате силна поддршка и заштита од важна личност или група луѓе. Семејниот имот ќе има емотивен набој за вас и вашите најблиски. Дозволете работите да се одвиваат природно и не обидувајте се да поправите/решите нешто. Многу нешта поврзани со домување или имот оваа година нема да зависат од вас. Мажите-Близнаци со престижна кариера, на висока положба во општеството или во политиката, ќе треба да бидат особено внимателни. Грешки или дејствија од вашето минато сега може да станат основа за загуба или неуспех. Наскоро може и вие да не успеете. Лоша вест ќе добиете во врска со машко лице над 35 години кое живее во друг град или друго место. Во текот на годината бидете внимателни со сите документи поврзани со имот, домување или градење. Проверете ја целата документација, дури и ако таа доаѓа од ваши роднини. 2016 година за вас ќе биде време на сериозни предизвици. Некои може да се појават од никаде, односно не се планирани или очекувани, и може да бидат значително потешки. Во добри времиња, стремете се да заштедите повеќе со цел да се пробиете низ тешките периоди полесно.

РАК (21 ЈУНИ – 20 ЈУЛИ)

2016 ќе биде динамична година, која се одликува со многу нови контакти, чести патувања, главно, во земјата во која живеете. На успех може да се надеваат оние од вас кои работат во областа на комуникациите, медиумите, туризмот и транспортот. Следат промени и нов однос во согласност со брзото менување на условите за бизнис и вработување. Ако започнете тужба за заштита на своите права или имот, оваа година дефинитивно ќе ви донесе среќа. Време за промена во секој поглед, но само по добро обмислен план за акција. Ако знаете што сакате и како да го постигне тоа, среќата ќе биде на ваша страна. Претстојните промени во секој случај не треба да се започнат емотивно и набрзина. Проблеми можат да настанат со родител или финансиски партнер, родени во знакот на Шкорпија, Рак или Риби.

Средбите и разговорите со нив за овие прашања ќе бидат интензивни, сложени, долги. Секогаш, сепак, ќе има некое разумно, рационално решение. Динамиката на оваа година не треба да ви влее преголема доверба дека сè убаво се случува околу вас; затоа, не подлегнувајте брзо под налетот на примамливи предлози или интересни врски. Особено внимателни во врска со ова треба да бидат младите жени-Рак. Внимавајте на ваша врска со млада жена во знакот на Водолија, Близнаци или Вага; може да настанат сериозни недоразбирања во врската. Можна е ситуација во која таа може да мисли дека вие користите измама или итрина против неа. Многу од вас ќе мора повеќе да се посветат и да се грижат за домот на родителите и други блиски роднини. Можни се настани или активности поврзани со наследување на имот, реновирање или продажба, изнајмување и друго. Во некои случаи наследнување на сопственоста може да биде причина за проблем или оспорување на правото, особено кога станува збор за искажување на последната волја/тестамент на лице надвор од семејството. Заштитете го вашиот дом од незгоди и, доколку немате осигурување, не заборавајте да го сторите тоа веднаш. Во вашиот личен живот секоја дисхармонија во односите често ќе ја доживеете премногу емотивно и болно. Најверојатно, лесно ќе се навредувате или коментарите ќе ги сфаќате како причина за разделба. Можни знаци на љубомора – и од вас и од вашиот партнер.

Генерално, 2016 година не имплицира разделби или развод, но ако дојде до таков момент тоа ќе биде поради неконтролираните емоции и гнев од ваша страна или од страна на вашиот партнер. Во текот на оваа година нови и неочекувани можности може да се појават, да работите подалеку од местото (град или држава) каде што живеете сега. Овој тренд е особено силен за мажите-Рак. Ќе имате различни деловни и бизнис односи со лице од друг град или држава кое ќе реагира позитивно на вашата моментална позиција или бизнис. Неочекувано патување во врска со работа или лекување за мажите-Рак над 35 години. Вашите семејни односи, освен некои непријатни моменти веќе споменати, ќе се развиват во рамките на она што веќе го имате како основа пред почетокот на 2016 година. Аспектирана е причина за радост за жените-Рак над 35 годишна возраст кои ќе прослават јубилеј, успех, популарност, профити и многу друго. За дамите-Рак можна радост поврзана со нов дом или нов член во семејството: дете, внуче, зет и слично. Година во која многумина ќе се радуваат на ново милениче. Можна свадба што се однесува и на вас и на личност од семејството на вашиот брачен другар или интимен партнер. Можна финансиска поддршка или наследство од роднините на вашиот партнер. Во 2016 година многумина ќе бараат контакт со стара љубов или ќе бидат во потрага по вистината за веќе искусената разделба. Може да очекувате некои обновувања на односите со таква личност, особено ако сте на голема оддалеченост. Вашата врска ќе биде на ниво на пријатели и не треба да очекувате заживување на љубовната врска. Секој таков притисок ќе пропадне и ќе ја излади и малата можност за добри односи.

Ако сега имате партнер кој живее или работи во странство, веројатно тој ќе одложи или ќе искомплицира дел од вашите планови за соживот или брак, заедничко живеење или за преселба во заеднички дом. Во 2016 година ќе се случи ситуација која може да се дефинира како кражба, вид на загуба, загрозување на вашиот имот или интелектуална работа. Бидете многу внимателни со секој документ или договор коишто решаваат некакви финансиски односи. Не преземајте индиректна одговорност од финансиска природа, банкарски кредит и друго. Очекувајте доцнење или неуспех на договор или спогодба во врска со финансиски односи со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Непријатна ситуација ќе се појави во врска со работата и образованието на жените во вашето семејство – мајка, сестра, ќерка, внука и други. За вас непријатен момент ќе се појави на вашето работно место поврзан со женско лице: колешка или менаџерка која ќе создаде тензија или паника во текот на еден подолг период. Може да ви биде понудена нова работа, која или нема да биде толку добра како што ќе ви ја прикажат или многу брзо ќе сфатите дека таа не е за вас. Изненадувањето за 2016 година ќе биде поврзано на некој начин со дете на девојка или пријателка. Неочекувана бременоста или породувањето, за коешто ќе слушнете со задоцнување.

ЛАВ (21 ЈУЛИ – 21 АВГУСТ)

Оваа година ќе решавате важни лични односи. Ќе воспоставите нови врски и ќе имате поголема јасност во однос на развојот на веќе воспоставените односи со лица во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Лично ќе ги искусите емотивните животни драми во животот на вашите пријатели. 2016 година ќе донесе конфликт на финансиски интереси со млада личност од машки пол. Може да имате спорови или конфронтации по финансиски прашања со син, внук или некој друг млад човек од вашето семејство. За младите мажи-Лав, 2016 година ќе биде запаметена поради неочекувана шанса за финансиски успех, добивка или прием на пари од неочекувано место. Ако имате неколку имоти, како вили или викендички, тогаш комплексна и вознемирувачка ситуација или проблем може да се развие којашто нема да биде во ваша моќ да ја решите.

Може да барате помош од надвор, но тоа ќе биде проблем за кој ќе има решение кое бавно се развива.  Проблем може да искрсне во врска со поделба на имот со ваши роднини, брат, сестра, братучед, чичко или тетка. Ако купувате недвижен имот во 2016 година, ќе наидете на пречки и потешкотии од секакви видови. Една од вашите најважни обврски оваа година ќе биде поврзана со ваш татко, дедо или син. Ќе има особено силни врски и заеднички активности меѓу луѓето од различни генерации во вашето семејство кои ја чувале традицијата на името: од дедо до внук… Нова работа, кариера, или повисоко ниво на образование може да се појави за момче или маж во вашето семејство. Оваа година ќе бидете поканети на повеќе од една свадба, а многу невенчани лица во знакот на Лав ќе покануваат гости на своја свадба. Важни настани ќе бидат повод за собир во вашиот дом или во домовите на вашите роднини, кадешто може да се појави нова личност во вашиот дом или нова милениче. Ако сте во процес на барање нова работа, позиција, или бизнис, тогаш 2016 година ќе ви донесе можности за таква промена.

Можеби отпочнувате нов бизнис со нови клиенти или партнери. Ако имате судски случај во 2016 година, ќе добиете најповолна можност за развој на вашиот судење или, пак, за нагодба. Неочекуван настан може да се случи поврзан со документ за сопственост, пренесување на правото на сопственост, наследство или друго. Ќе има предлог за нова градба, нов дом, или за партнерство. Неочекувани нови соседи или луѓе ќе отседнат во вашиот дом некое време. За членовите на семејството родени во знакот на Лав ќе има клучни односи со роднините од страна на нивниот партнер. Меѓусебни посети (ако живеете во различни места), меѓусебна помош ако е потребна, споделување пари или други финансиски средства ќе бидат вклучени. Патување во странство може да го вклучи вашиот партнер, семејството на брачниот другар и слично.  Очекувајте големи трошоци поврзани со патување сами или со роднини кои живеат во странство; трошоци за добротворни цели, или за некоја друга добра кауза. Ќе имате тенденција да им помогнете на луѓе кои имаат голема потреба од таква помош. Ќе бидете повнимателни и сочуствителни кон луѓе кои минуваат низ длабока болка и трагедија.

Во јавниот живот, ќе се судрите со недоразбирање или некој вид отпор од страна на лица кои се Риби, Рак или Шкорпија во хороскоп. Ако сте вклучени во политиката, внимавајте на амбициите на лица во знакот на Јарец, Девица или Бик. Потешкотии или поголема грижа ќе бидат потребни за мајка или роднина по мајчина линија. Може да доживеете вознемиреност или страв поврзани со неа, како и со други блиски на вас, како што се вашата сопруга/девојка. Главниот проблем ќе биде недостаток на јасна или точна дијагноза во почетната фаза. Добрата работа е тоа што сè ќе се заврши успешно. Ќе има пресвртна точка во вашиот однос со мајка, баба или друга женска роднина. Изненадувањето во 2016 година на некој начин ќе биде поврзано со развој на ваша врска со друга жена или група на жени.

ДЕВИЦА (22 АВГУСТ – 22 СЕПТЕМВРИ)

Ќе биде тешко да се предвиди 2016 година за вас, бидејќи секогаш ќе има можност за промени ’во последен миг’ пред да се случат некои нови искуства. Ако имате очекување да се развијат планови поврзани со имот или скапа недвижнина – бидете трпеливи. Некој друг, исто така, ќе има слична желба и ова може да се развие во конфликт на интереси. Пазете се од кражба или напади врз имот на кој имате право според законот. Оваа година може да очекувате значителна промена во работата, што ќе влијае врз вашата плата. Во повеќето случаи, промената ќе биде на добро, но, сепак, мал процент на припадниците на Девица може да ја пропуштат шансата за нешто подобро. Ќе стекнете диплома или ќе завршите обука или квалификација, што ќе биде значаен чекор во вашата кариера. Може да добиете пари од наследство или од можности за добар приход од наследен имот, изнајмување, надомест на штета, осигурување и друго. Само што не сте создале многу контакти со луѓе од различни градови и држави, а некои од нив, вклучувајќи и вистинска средба, се пред вас во текот на годината.

Патувањата за таква намена ќе бидат, главно, во земјата во која живеете. Во ретки случаи, ќе патувате во странство за оваа цел. Ќе има собир со роднини поврзан со семејството, голем празник или некоја друга важна прилика. За Девиците-беќари и моми романтично познанство со личност од далечина ќе се развие многу брзо и неочекувано за вас. Кај жените-Девица до 35 години ќе се појават важни одговорности во врска со родители или машки роднини. Нова личност ќе се појави во вашиот дом, најверојатно девојка или жена. Свадба на ваш роднина или пријател ќе се одржи, а вие ќе бидете роднина/пријател од страната на невестата. Во текот на годината, ќе има раѓањето на повеќе деца во знакот на Девица. И вашиот љубовен живот ќе биде многу непредвидлив, со поминување низ различни шокови, помирувања, почеток и крај или крај проследен со нов почеток… Успешно и позитивно ќе решите сложен проблем поврзан со вашето дете. Постои можност за гинеколошки или уролошки заболувања, но со можност за брз и ефикасен третман/лекување. Младите мажи- Девица ќе имаат можност за стабилна кариера и успешен бизнис. Ќе треба да инвестирате пари во одреден вид обука или квалификации, инвестиција која ќе биде исплатлива. Можно е да започнете нов бизнис или да помогнете во бизнисот на млада личност во вашето семејство. Ако имате брачен другар во знакот на Риби, Рак или Шкорпија, 2016 може да биде мачно време за вашето семејство. Пред сè, ќе бидете нападнати од страна на разни сплетки, озборувања, обиди да се мешаат во вашиот личен живот во различни форми. Сега ќе биде важно да покажете стабилност и да останте смирени, без разлика што ќе доживеете. Секој настан сега е важен, но тие треба да се развијат со многу мала или никаква интервенција на вашата страна. Може да имате тешкотии од здравствени или лични причини поврзани со машко лице, роднина од страна на сопругот/ сопруга или дечко/девојка. Ќе има разделба поврзана со машко лице кое има некаква врска со вашето семејство или соседството/околината.

Во вашиот живот ќе се појави сосема нова личност или нови луѓе од друга националност/религија. Ќе има конфликт со таква личност родена во знакот на Јарец, Бик или Девица. Потешкотии или други пречки ќе се појават кога ќе патувате во странство, но тие ќе бидат повеќе од лична природа, како што е конфликт со некој во вашата непосредна околина. 2016 година ќе биде комплицирана и проблематична доколку сте вклучени во некоја форма на јавен или политички живот. Ќе биде тешко да го реализирате она што го имате зацртано како идеја или план. Ќе се соочите со лица во знакот на Лав, Овен или Стрелец поврзани со важни документи, договори и други прашања/проблеми што дискредитираат други. Ќе има среќен настан во врска со вашата мајка или со роднина по мајчина линија. Ќе има неочекувани настани во љубовниот живот на ваши пријатели, што може да бидат како мала посебна приказна или тема за филм. Изненадувањето во 2016 година ќе биде поврзано со раѓањето на женска принова кај ваша ќерка или внука.

Дејствијата на жени во знакот на Близнаци, Водолија или Вага може да ви донесат поголеми промени во вашиот живот во една или друга форма.

ВАГА (23 СЕПТЕМВРИ – 22 ОКТОМВРИ)

Оваа година ќе биде тешка да планирате нешто поврзано со патување. Ќе треба да ги менувате или ’реконструирате’ плановите поврзани со патувањето, да направите нови или ќе мора веднаш и неочекувано да отпатувате.  Лоши вести од далеку. Разделба со машко лице кое живее далеку од вас. Може да се доживеете нешто непријатно за време на едно патување, да бидете сведоци на непријатен инцидент или настан. Вашата сила оваа година ќе се манифестира на финансиска и материјален план како целина. Во голема мера вашиот успех ќе се должи на личности родени во земјените хороскопски знаци – Бик, Девица или Јарец или на воздушните, како Водолија, Близнаци и Вага. Важен собир од семејни причини. Можно е да биде поврзан со среќен или тажен повод, Може да има неколку слични настани, што значи дека ќе имате динамичен семеен живот. Нова работа или нова обука за лице од вашето семејство. Женско присуство во домот на вашите родители ќе создаде интриги и проблеми. Жените- Вага треба да бидат внимателни со луѓето од пријателскиот круг, бидејќи тие, преку интриги или друг вид негативно мешање, може да предизвикаат големи главоболки за семејството. Во текот на годината, бидете внимателни во вашите очекувања што ги имате во однос на машките лица меѓу пријателите. Вие можете да правите некои планови, а тие поинакви. Разочарувањето ќе биде на ваш трошок. Проблеми може да настанат со син или внук, првенствено поврзан со нивната љубовна врска или брак.

2016 година ќе биде многу корисна за вас во однос на финансиите. Може да добиете на лото, да добиете законско право врз имот или пари што не сте ги очекувале. Неочекувана среќа, бонус, премија, провизија од договор/зделка и друго. Ќе искрсне можност за работа или бизнис по многу добра цена, односно со голема добивка. Можете да ја испробате својата среќа на лото, но важно е да се знае дека ништо нема да се случи со сила. Парите што се спомнати тука дефинитивно ќе ве изненадат. Во вашето семејство може да се создадат конфликти поврзани со преселба, изнајмување или купување нов дом, дополнителен имот. Конфликтна ситуацијата околу поделба на брачен имот или заедничка сопственост. Можност за судска парница или правно решавање на случај од семејна природа. Неочекувана интимна или романтична авантура за мажите, којашто ќе биде кратка, но последиците после тоа може да имаат трајни ефекти врз вашиот личен живот. Важен настан во врска со женско лице од семејството на вашиот брачен или интимен партнер.

Во 2016 година успеси во врска со странство (работа, училиште, бизнис, брак) може да имаат главно мажите-Ваги до 35 години, но тоа е бавен процес, со моменти на конфузија и несигурност во исправноста на одлуката што сте ја донеле. Како и да е, работите ќе бидат успешни, едноставно треба да бидете потрпеливи.  Успех во странство за син, внук или друго машко лице од блиското семејство или околина.  2016 може да биде запаметена по раѓање на принова, што ќе се случи на посебен ден. Ќе има некаков знак или порака на денот на раѓање. Следете ги знаците… Успех за дете или внук во јавното изразување, јавен настап, политиката и многу повеќе. Успешна година за оние од вас кои користат алтернативни методи на лекување за идно мајчинство. Во финансиските односи бидете претпазливи и обезбедете го секој договор или документ што се однесува на ваши лични средства. Може да се случи непријатна ситуација со машко лице во знакот на Риби, Шкорпија или Рак во врска со пари.

Очекувајте поддршка или разумни совети од Лав, Овен или Стрелец. Неочекувани здравствени проблеми ќе внесат забуна во некој план или настан важни за вас лично. Запаметете дека 2016 година ќе биде важен тест за вашите лични, семејни и професионални односи.

ШКОРПИЈА (23 ОКТОМВРИ – 22 НОЕМВРИ)

2016 година ќе биде многу поразлична од онаа што сте мислеле дека ќе биде во почетокот. Бидете подготвени за некои промени и неочекувани настани. Ќе има голема промена во животот на жените над 35 години. Таа може да биде поврзана со преселба во друг дом, друг град или во друга земја. Можно е да живеете во друг дом извесно време. Сите промени што ќе ви се случат годинава се добри и се дел од вашето издигнување на повисоко ниво. Значителни финансиски и материјални добивки ќе уживаат мажите над 25 години во текот на годината. Ова нема да се случи без помошта од семејството, кое ќе биде дел од овој успех.

Може да добивате силна поддршка во текот на годината од страна на вашиот татко, дедо, сопруг или од друго машко лице од семејството. Значителни промени ќе се случат и во животот на вашиот брат/сестра или во животот на други блиски роднини; таквите промени дефинитивно ќе имаат влијание врз вашиот живот. Патувањата за беќарите/момите во знакот на Шкорпија ќе бидат поврзани со романтични средби, љубовни состаноци или одмор со интимен партнер. Годинава е поволна за почеток или завршување на високо образование. Ова ќе биде поволна година за уметниците кои ќе објават свои книги, ќе имаат изложба или на друг начин ќе ги претстават своите дела на јавноста.  Дејствија поврзани со наследство, разрешување на наследен или друг имот ќе дојдат од младо машко лице од вашето семејство. Голем број млади луѓе ќе направат клучен чекор во својот живот, оставајќи го родителскиот дом и населувајќи се во друго место, а во повеќето случаи, и во друга земја. Спротивно на тоа, оние кои се веќе надвор од својата татковина, ќе ја разгледуваат можноста за враќање, што ќе се случи оваа година или следната година поради различни причини и околности. Имате многу силна емоционална врска со вашиот татко, доколку се наоѓа ’на оној свет’. Ќе имате соништа или ќе доживеете чудни настани кои ќе ви укажуваат на неговото присуство околу вас. Во исто време, може да очекувате завршување на долго затегната љубовна врска.

Ова е време за смиреност и одмор пред нов почеток во вашиот живот. Не брзајте… Ќе имате потешкотии и проблеми во однос на дете или внук, или бременост. Заболувања ќе се појават кои, првенствено, ќе ви укажат на проблемите на кои ќе треба да посветите поголемо внимание. Лоша вест ќе добиете поврзана со ваша стара љубов или романтична љубовна врска. Ќе разговарате со нов шеф, менаџер, бизнис партнер или клиент и тоа ќе влијае позитивно врз вашата плата и приходите како целина. Исто така, може да добиете пари од непознат извор. Ќе има можност за развој на финансиски односи или преземање заеднички финансиски дејствија со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец. Ако работите заедно со вашиот брачен другар или интимен партнер во 2016 година, можни се конфликти поради дејствија или напади од страна на колеги, менаџери, или клиенти кон вашата врска. Таквата врска во вашата работа ќе биде под одредена тензија извесно време. Може да има конфликт со деловен партнер роден во знакот на Риби, Шкорпија и Рак. Во текот на годината не очекувајте посебни потешкотии или ограничувања. Добар приход може да очекувате од страна на брачниот другар, од наследство или од развој на други неочекувани околности во ваша корист. Нечија загуба ќе биде од корист за вас. Природно… Вест или настан поврзан со кардинална промена во надворешниот изглед на пријател, промена на верата, партијата или друга јавна функција ќе ве шокира. Ќе добиете вести поврзани со сериозна тужба за некого од вашиот круг на пријатели.

Лоша вест ќе дојде од странство во врска со лице што го знаете. Комплексни случувања ќе вклучат романтични врски со странци, што ќе резултира со можност за различни пречки, одложувања, грешки и недоразбирања. Неочекувано службено патување ви претстои со цел за јавен или професионален настап. Ќе добиете признание, награда од некој вид, којашто ќе ве натера да отидете на пат. Постои можност на нова работа поврзана со патување, преселба или подолго пешачење за одредено време. Било какво мешање во финансиските прашања во рамките на вашиот круг на пријатели ќе биде на нивна сметка – тие ќе претрпат загуба или тоа ќе резултира со ладење на вашиот однос со нив. Во некои ситуации дури и ќе има некој вид измама или манипулација со цел постигнување материјална или друга корист. Далечните патувања, емигрирање, брак во странство е можно за младите во знакот на Шкорпија. Многу добри и многу лоши работи во вашиот живот ќе бидат на некој начин поврзани со лица родени во знакот на Вага, Водолија и Близнаци.

СТРЕЛЕЦ (23 НОЕМВРИ – 21 ДЕКЕМВРИ)

За Стрелците 2016 година ќе биде година на сè поголеми промени поврзани со работа или кариера. Ќе ги имате најдобрите можности да постигнете одредени цели, да ја зајакнете својата позиција (кариерата, на пример), како и да го подобрите напредокот. Ќе направите нов почеток во нова област или бизнис. Материјално-имотните прашања ќе бидат посложени, со бавен развој на она што вие посакувате, а за совладување на поголеми пречки и повисоки трошоци ќе биде потребно време. Можно е да се појават непријатни ситуации од финансиска природа поврзани со дете или внук во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Нечиј обид за измама или манипулација со пари некако ќе вклучи дете или млад човек од вашата непосредна околина. Разговори со браќа и сестри во знакот на Бик, Девица или Јарец ќе бидат поврзани со општи финансии, финансиски интереси или обврски. Таквите разговори може да се случат со други роднини во однос на зачувување, чување, или справување со заедничка сопственост или заеднички интереси. Ќе има патување во врска со решавање на финансиски интереси или со некоја друга цел која вклучува работа во земјата во која живеете. Оваа година ќе биде погодна за успех и профит од интелектуална работа. Може да започнете нов степен на образование поврзан со преселба во друг град или држава. Ако сè уште живете со вашите родители, 2016 може да биде почеток на самостоен живот. За оние од вас кои веќе живеат одвоено од родителите, можно е да се случи спротивното, односно да се вратите во ’предедовската куќа’ или да се грижате за нејзини поправки и слично. Годинава не исклучува наследство кое воопшто не сте го очекувале/не сте се надевале претходно. Ако вашата работа е поврзана со некој вид уметност, можно е да има неочекувани прекини, одложувања, проблеми и потешкотии, коишто главно доаѓаат личности во знакот на Лав, Стрелец или Овен.

Годинава нема да имате многу време и можности за задоволства, затоа што ќе имате приоритети кои не може да се стават настрана или да се потценат. Ќе има неочекувани ’испити’ на кои ќе биде ставена вашата љубов/романтични врски или љубовта на вашите веќе возрасни деца. Избегнете ги сите форми на коцкање и шпекулации. Ова е година во која ќе минувате низ промена во однос на вашиот напредок, подем, нова позиција или нов бизнис. Особено добри можности ќе ги воодушеват младите жени- Стрелец. Ќе имате добар приход од работата во семејство доколку имате брачен другар во знакот Вага, Близнаци или Водолија. Жените-Стрелец ќе трошат многу пари за козметички третмани, стоматологија и други нешта поврзани со нивниот изглед. Во бракот и семејството како целина ќе се случи стрес поради потребата од грижа, посебно лекување или диета на болен роднина. Конфликти и спорови може да се развијат поврзани со различни чувствителни прашања од вашето секојдневие. Хиперсензитивноста е основа на повеќето конфликти во вашиот дом. Проблеми ќе се појават со поранешен брачен другар за алиментација или други финансиски прашања. Бидете уверени дека 2016 година нема да биде година на развод или разделба за Стрелците. Проблемите и искушенијата значи дека мора да се прилагодите на различни карактери, да ги расчистите и усогласите спротивностите меѓу вас. Дефинитивно ќе имате причина да се радувате и да се чувствувате сакани од страна и на вашиот партнер и од неговите/нејзините роднини. Ќе има финансиски приходи од вашиот партнер или неговите/нејзините роднини, вклучувајќи и наследство. Ќе имате различни чудни искуства или соништа што ќе ве натераат да верувате, да бидете сигурни дека постои нешто повеќе вон реалниот свет во кој живееме. Ќе има успешен и продуктивен развој во односите кај мажите-Стрелец кои се во странство.

Ќе стекнете нови пријатели и деловни контакти. Понуда за работа ќе добиете од странство и ќе добиете покана од роднина или пријател да посетите друга земја. Ќе започнете универзитетско образование или друг повисок степен. Во 2016 година ќе уживате во успешен јавен/политички живот доколку сте јавна личност или сте вклучени во политичка партија или политичка иницијатива. Успехот во бизнисот на жена од вашето семејство ќе биде причина да бидете горди или да планирате собир во вашиот дом. Улогата на родителите ќе биде важна: за жените – мајката, а за мажите – таткото, без разлика каде и да се тие. 2016 година ќе ве збогати со нови пријатели од далеку и блиску. Во одредени временски точки ќе добиете помош од нив, но и вие ќе мора да им помогнете. Ова ќе биде година во која ќе земете учество во добротворен настан или нешто поврзано со хуманитарни активности. Ќе реализирате очекувања и планови поврзани со патување за средби со пријатели и роднини од далеку. Ако имате бизнис, ќе ја проширите дејноста надвор од местото каде што живеете. За оние кои планираат да се преселат во друга земја или да емигрираат, каде и да одите, ќе сфатите дека ќе биде тешко да се најде работа или ќе работите нешто сосема различно од она што сте го работеле дотогаш. Постои можност за непријатна незгода/инцидент на работа.

3d star

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ – 20 ЈАНУАРИ)

2016 ќе биде година на љубов, различни емоции и бури, како вашата лична љубовна врска и така и љубовта на возрасни деца. Ќе има раѓања на повеќе женски бебиња во вашата непосредна околина и кај ваши пријатели. Многу млади жени-Јарец ќе станат мајки. Ќе имате тенденција да залудно да ги потрошите нештата што ќе ги стекнете или ќе ви бидат дадени; ова може да се должи на вашата желба да преземете непотребни ризици, но без да ги просудите вистинските способности на луѓето или ситуациите.  Доколку сте разумни во вашите дејствија, тогаш ќе се здобиете со доволна стабилност. Во спротивно, може да очекувате неочекувани загуби и неуспеси на вашите планови.Парите ќе бидат, генерално, премногу неизвесно прашање за вас во текот на годината. Не се предвидуваат тешкотии, сè додека сте разумни и претпазливи кога ќе го организирате и планирате буџетот и обврските. Оваа година ќе биде комплицирана во однос на плановите за купување имот/недвижнина и скапи предмети. Внимателно следете го квалитетот, условите од договорите, гаранцијата и друго.

Може да има здравствени проблеми поврзани со брат/сестра или други роднини. За вас ќе биде важна личната комуникација и кореспонденција; не брзајте со донесување одлуки пред да сте сигурни и пред да разберете што се случува. Ќе имате многу можности во текот на годината; среќата, исто така, нема да ве размине, но сè треба да се развива бавно, дискретно, без многу помпа пред конечната завршница. Очекувајте свршувачка или венчавка во вашиот дом или кај роднините во текот на годината. Без разлика за што станува збор, ќе бидете дел од голем семеен настан. Важен настан ќе се случи во животот на еден од родителите, којшто, исто така, ќе биде прилика за дружење. Ова ќе биде поволна година за решавање на проблеми поврзани со споделување на имот/недвижнина. Ќе се вратите дома, односно ќе се подготвувате за такво нешто, по период на студирање/работа надвор од дома.

Сега, многумина Јарци ќе чувствуваат многу силна врска помеѓу семејството и татковината, особено за оние од вас кои живеат далеку. Ова ќе биде многу успешна година за оние во светот на уметноста, особено за оние кои се креатори и писатели. Ако добиете шанса или повик за јавно да ги презентирате вашите таленти, не откажувајте се од страв или срам. Ова е ваша година во која можете да го покажете вашиот потенцијал. Патувањето за туризам или одмор ќе биде можност да се уверите дека може да заработите специјална награда, бонуси, унапредување. Ќе развиете романтични врски со партнери од друго место/земја. Ќе има принова во дом каде таквата радост е долго очекувана. Во 2016 година многу млади Јарци ќе си ја пробаат среќата рабејќи во друг град или држава. Оваа прилика ќе се случи преку директен контакт, или интервју за работно место, коешто ќе го поминете успешно. Вашиот син или внук ќе се врати по долг престој во друг град/држава поврзан со работа, образование, итн. Може да основате нов дом или стан, но тоа не мора задолжително да биде преку купување… Ќе имате голем притисок на работа поради машко лице, но тоа е делумно поради тоа што овој човек сака да го покажете вашиот целосен потенцијал, давајќи ви можност да се ослободите од некои ограничувања, кочници кои си ги наметнувате себе си од некоја причина. За мажите во знакот на Јарец над 35 години можно е да имате флерт/љубовна врска на работното место или преку професионални контакти. Можеби ќе има конкретни активности од страна на некои од вас за да се поврзете или споделите наследство што доаѓа преку татко, дедо или друг машки роднина. Ќе има непријатен настан/ситуација поврзан со жена блиска на вас, родена во знакот на Стрелец, Овен или Лав, којашто живее и работи во странство.

Ова ќе биде поволна година за патување или за престој во странство. Конфликт со родители во врска со пари, општи финансии и друго. Проблеми од финансиска природа може да се појават меѓу вас и работодавецот, или претставник на властите (во однос на плата, итн.) Лоша вест, некој настан или инцидентот може да се развие поврзани со личност од кругот на вашите пријатели. Бидете претпазливи во контактите со лица од вашиот знак, како и со личности во знакот на Бик и Девица.

ВОДОЛИЈА (21 ЈАНУАРИ – 19 ФЕВРУАРИ)

2016 година ќе донесе можности за финансиско-материјално стабилизација. Сложен случај, или судски случај, од финансиска природа ќе биде завршен.Ќе има конечна разделба со машка личност над 35 години. Многу мажи- Водолија ќе стават крај на љубовна врска или брак, коишто полека се гасат. Одлуката ќе биде конечна, без оглед на цената што ќе треба да се плати за таквата разделба. Ќе се случи конфликт со млада личност којашто ќе се обиде некако да ги искористи вашите идеи и можности за големи приходи, добивка. Веројатно е дека искуството со таквата личност ќе ви наштети на некој начин. Може да имате тешки финансиски односи со машки лица во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Тешкотии ќе се појават кога ќе мора да добиете пари од нив. Во текот на годината ќе добиете важна вест или ќе има настан поврзан со сестра или други женски роднини од вашето семејство. Можно е да имате заеднички активности поврзани со документи и други заеднички интереси. Ќе добиете покана да посетите жена што ќе предизвика да патувате надвор од вашата заедница/земја.

Ова ќе биде успешна година за жените- Водолија кои се занимаваат со пишување, образование и обука.  Брачните проблеми кај младите жени може да биде во центарот на малото заладување на односите со родителите, со оглед на нивното мешање во личниот живот, или обратно. Било какво мешање на родителите во вашиот личен живот ќе предизвика појава на неискреност во вашата врска, тајни или обид за манипулација. Ќе има настан поврзан со брак, за којшто ќе бидете известени по завршениот чин. Ќе бидете подготвени да трошите повеќе пари за забава и да учествувате во различни игри на среќа, добивки. Годинава не создава добри предуслови за такви ’успеси’, па подобро е да бидете внимателни колку трошите на такви забави.

Трошоци поврзани со сега веќе возрасните деца ќе ви предизвикаат преголем притисок. Понекогаш ќе ви треба нивното разбирање и поддршка, но работите не ќе се одвиваат според вашите очекувања. Ако минувате низ лекарски третман поради вашата желба да бидете родител/да имате бебе, тогаш бидете внимателни каде, на кого и за што ги давате парите. Во текот на годината ќе ја замените опремата со која работите, нов вид на производство (ако сте производител) за да се ослободите од старата опрема за производство и друго. Ако имате материјална одговорност на работа, бидете внимателни и претпазливи. Постои веројатност за кражба или злоупотреба, за кои можеби вие ќе треба да платите или да бидете казнети. Ако имате на бизнис партнер/колега во знакот на Риби, Шкорпија или Рак, очекувајте деликатна ситуација да се појави која ќе ја тестира вашата врска. Сепак, ќе има позитивен развој во вашите деловни односи со претставниците на знакот на Лав, Овен или Стрелец. Во текот на годината, ако планирате брак со една личност, можеби тоа ќе се развие кон крајот на годината, но со друго лице. На ова поле многу изненадувања се можни. Водолиите во брачни води ќе уживаат во егзотични или специјални патувања со нивниот брачен другар во место или земја каде ќе доживете незаборавни спомени и емоции. Ќе има настани поврзани со наследство, стекнување корист од роднините на брачниот другар и друго. Во текот на годината ќе ги развиете вашите окултни и мистични интереси или способности. Нема причина да се плашите од она што ќе го доживеете.

Може да има некои промени во вашите комплексни религиозни или филозофски погледи, што ќе биде поврзано со местото/средината каде што се чувствувате ’како во своја кожа’. Ќе има успешен развој за оние кои се вклучени во високо образование. Ви претстои успех во судска постапка која била отпочната минатата година. Ако одите на патување во странство за работа или за брак – ќе имате тежок старт, но ќе останете во местото што ви е дестинација. Ако имате дете или внук/внука родени во знакот на Јарец, Девица или Бик, ќе бидете загрижени за нивно појавување во јавноста.  Ќе постигнете успех по вложени напори, ќе добиете заслужено признание и пофалба за некое херојско дело. Кариерата на младите родители често ќе ’страда’ поради поважните грижи поврзани со мали деца. Ќе биде подобро за оние Водолии кои ќе можат да се потпрат на поддршката од родителите. Другите ќе сакаат да чекаат подобри времиња, а да не му наштетат на своето дете со непотребни активности. Ако сте јавна личност, можно е вашето дете или внуче да биде искористено на некој начин за ’напад’ против вас.

Годината е поволна за почеток и развој на идни проекти од областа на нови социјални или професионални цели. Може да се судрите со тешкотии или неуспеси на ’добронамерници’, но не откажувајте се и не губете време за да ги објасните своите акции. Секој си има свој пат… 2016 година ќе биде поволна за било какви долги патувања, емиграција, преселување, семејно обединување. Можете да бидете изненадени од неочекуван извор на пари, да најдете заборавени или скриени предмети или пари. Оваа година е важно да им помагате на другите, да споделувате позитивно. Тогаш судбината ќе ве изненади со настани и можности кои не сте имале храброст ниту да ги замислите.

РИБИ (20 ФЕВРУАРИ – 20 МАРТ)

Оваа година ќе донесе многу пријатни емоции, средби и нови познанства. Важна улога и влијание во вашиот живот ќе одиграат личноти во знакот на Бик, Девица или Јарец. Тие може да организираат важни собири или серија состаноци поврзани со одредена тема на разговор, собири од интерес или заедничка кауза. Во текот на годината ќе имате добри приходи, што ќе биде доволно да помогнете за специфични потреби на дете или внук, или за патување поврзано со нив. Во некои случаи, ќе имате дознаки или финансиски однос со дете, коишто ќе имаат позитивна цел, инвестиција, помош. Ова ќе биде поволна година да се грижите за вашиот имот/недвижнина надвор од заедницата или да купите нов. Ќе добиете добри вести поврзани со раѓање на принова која ќе се роди на празник/посебен ден.

Ако сте вклучени во спор кој инволвира удели/делови на брат, сестра или други роднини, тогаш подгответе се за емотивна борба и конфликти без добивка за никого, за дополнителни проблеми или компликации. Без оглед на проблемот, судскиот процес нема да биде решен оваа година. Генерално, 2016 ќе биде неповолна година за судски и правни работи, без оглед на тоа што законите дозволуваат и регулираат. Во текот на годината ќе има конфликт со родител роден во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Без оглед на причината за тензиите меѓу вас, ова ќе биде привремено и на крајот ќе постигнете спогодба, успех. Но, ќе има неколку месечно тестирање на вашата поврзаност. Ќе бидете многу силни, енергични и тврдоглави кога ќе биде потребно да ги заштитите вашите лични, првенствено материјални интереси. Ќе стекнете/купите имот/недвижнина со благи компликации или проблеми. Ќе бидете многу среќни, бидејќи тоа ќе биде дел од вашиот план за оваа година. Можно е да се вратите во домот на вашите родители или во својата татковина и да останете трајно. Во 2016 година многумина ќе се вратат во своите татковини и тоа ќе биде не само од лични, туку и од некои други причини. Успех за машките Риби над 35 години во врска со јавен настап. Само што не сте се понудиле да учествувате во некој голем настан кој ќе ве награди за вашето учество со силни емоции и незаборавно. Ова ќе биде поволна година за рекреација или одмор во посебно место или во странство. Без оглед на вашиот пол, во текот на годината ќе бидете воодушевени од награда, бонус, подарок, или корист од машко лице. Можеби мажите- Риби ќе добијат пари од лотарија. Ќе има стекнување на право на сопственост или имот од страна на машко лице (татко, дедо, сопруг, свекор, итн).

Ќе имате одговорност на професионален или деловен план. Ќе бидете во можност да започнете самовработување/бизнис со соработка/вклучување на лица од вашето семејство. Наскоро ќе имате ново милениче дома. Ова ќе биде година во која многу љубовни врски ќе бидат потврдени и година во која ново семејство ќе се оформи, нов дом, можеби промена на живеење поради ново семејство. Може да има нова личност во вашиот дом или ново милениче. Ќе имате нова можност да се развиете на лично или професионално ниво, а тоа ќе дојде преку релативно млад човек. Појавата на личност во знакот на Водолија, Близнаци или Вага во вашиот живот ќе биде од корист, без разлика дали врската ќе биде интимна/лична или на друга основа. Мажите-Риби ќе имаат многу силна врска со жена во знакот на Вага, Близнаци или Водолија. Колку далеку ќе се развива врската ќе зависи првенствено од нејзината желба. Добри финансиски можности ќе има за мажите до 35 години во 2016 година, најмногу благодарение на пари од други, наследство, од брачен другар кој развива мистични интереси и друго. Бидете внимателни кога давате/инвестирате пари во нешта кои се поврзани со странци/непознати или со патување во странство.

Не верувајте му на секого. Ова ќе биде неповолна година за судски и правни случаи поврзани со пари. Ако се јават проблеми, тие ќе продолжат уште долго време… Ќе има здравствени проблеми за Риби-девојки или млади жени, како резултат на пад во несреќен случај што ќе наложи специјализирано или подолго лекување. Младите девојки ќе треба да бидат внимателен со кого се појавуваат и со кого се дружат во јавност. Постои ризик да бидете инволвирани во непријатна ситуација, да го загубите угледот, а со тоа и други лични/професионални загуби. Неочекувано ново пријателство ќе се развие со жена над 35 која ќе биде ваш патрон или ќе ви помогне во одредени ситуации. Не се работи за пари, туку за заштита во општествената или професионалната средина. Жените-Риби ќе бидат во состојба да ја пронајдат саканата и удобна работа/бизнис во текот на годината, што ќе се случи на изненадувачки и неочекуван начин. Ќе креирате нови проекти и идеи за бизнис кои ќе бидат во можност да се реализираат во текот на годината.
Вашата мајка или некоја друга женски роднина, исто така, може да одигра позитивна улога во вашето образование, кариера или бизнис. Не потпирај се на Стрелец, Лав или Овен кога планирате или работите на проекти/планови поврзани со далечни патувања. За оние од вас, чија цел е да емигрираат во странство, може да испадне дека тоа е многу разочарувачки сон за да се оствари.

Големиот месечен хороскоп за јануари 2016 година ве чека овде.

Илустрации: aestheticsillustrated.blogspot.mk »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button