Желбата за создавање ѕвезди конечно е исполнета …
Пред десет години,Viktor Horsting & Rolf Snoeren си замислија желба. Желбата беше да се создаде мирис кој ќе го направи светот подобар. Им се оствари токму со парфемот Flowerbomb: ѕвездата е родена. „Ние отсекогаш сме сонувале за создавање на парфем и отсекогаш сме верувале во моќта на мирисот. Замисливме желба и никогаш не се откажавме од сонот. Во 2005 година, нашиот сон стана реалност: нашиот Flowerbomb се роди “.
ЖЕЛБА ЗА ЗАЕДНИЧКО КРЕИРАЊЕ НА УБАВИНА
Концепт на гламур. Провокативна мода. Неочекувана елеганција.Токму тоа се креативните столбови кои го дефинираат авангардниот дизајн на Viktor&Rolf. Со желба заеднички да креираат единствена убавина, Viktor&Rolf го избраа својоткреативен пат имајќи ги на ум токму тие основни вредности –тоа беше беше случај и кога го дизајнираа парфемот Flowerbomb, кој е вистински одраз на нивната визија за убавина.
ЖЕЛБА ЗА ЦВЕТНА ЕКСПЛОЗИЈА
Се започнува со името и со предизвикот на исклучително женствено – цветниот парфем да му бидат додадени провокативни и експлозивни ноти. Неочекуваниот спој на цветната експлозија и скромната слаткост го отвори патот на овој раскошен гурмански парфем. Десетина орхидеиcattleya, стотици фасцинантни sambac јасмин цвеќиња, илјадници сочни цветови фрезија и милиони ливчиња од роза се споени во букет кој едноставно предизвикува зависност, а сето тоа е проследено со провокативен акорд на пачули и слатка ванила. За овој култен парфем заслужни се „носовите” на Olivier Polge, Carlos Benaim и Domitille Bertier.
ЖЕЛБА ЗА КРЕИРАЊЕ ЛУКСУЗНО ЉУБОВНО ОРУЖЈЕ
За дуото Viktor&Rolf, шишенцето претставува луксузно оружје за заведување и љубов.
Сјајното стакло на дијамантната бомба го претвара негативниот симбол во позитивен, во убавина и луксуз. На пакувањето обвиткано со лента на која се наоѓа името на парфемот, во црн восок е втиснат печат со потписот на Viktor&Rolf.
ЖЕЛБА ДА СЕ СОЗДАДЕ НОВ КЛАСИК
Viktor&Rolf уште од своето најрано детство биле фасцинирани од рекламите за парфеми. Исклучителна реклама може да биде показател за времето во кое е направена. Неочекувано мистичната и провокативна реклама за Flowerbomb е иста веќе една деценија, но таа и понатаму останува легенда. Реализирана во соработка со пријателите и чести соработници на дуото Viktor&Rolf, фотографите Inez van Lamsweerde и Vinoodhom Matadinom.