Иако многу деца си играат со овие играчки, тие воопшто не се препорачливи за деца.
Во празничниот период на своите најмили им купуваме поклони, особено на децата, но дали сме сигурни дека е безбедно она што им го купуваме? Кога се во прашање момчињата постои една играчка која што ја обожаваат, и тоа важи за сите генерации, а во прашање е ласер. Тие обожаваат со него да нишанат, да ја набљудуваат црвената точка на местото на која што ја имаат „испратено“ магичната црвена светлост, но оваа играчка воопшто не е безбедна. За тоа сведочи и случајот со едно 14-годишно момче кое поради ласерот изгуби дури 75 отсто од својот вид. Имено тој од љубопитност гледал директно во ласерот и тоа само една секунда, а веќе по неколку моменти почувствувал дека видот му е заматен, пренесува Дејли Мејл.
Како што раскажал на родителите и лекарите, тој не почувствувал никаква болка во подрачјето на очите, но набргу забележа дека гледа се послабо. Родителите го однеле кај офтамолог, кој востанови дека мрежницата на неговото око буквално е изгорена и дека оштетувањето е неповратно! Неговиот вид падна на 25 отсто и мали се шансите нешто да се поправи. На подрачјето на изгорениците нема никогаш да гледа, но подетално ќе знаеме кога ќе поминат изгорениците, истакна офтамологот Бен Армитаџ кој го прегледал момчето. Родителите се надеваат дека очилата би можеле да му помогнат, биле и кај други офтамолизи, но дијагнозата на Армитаж секогаш била повторена.
Тоа може сликовито да се објасни со примерот со стари камери. Ако филмот во позадината е штетен, не е важно колку ви е добро сочивото. За жал, на ова момче му е оштетено токму тој клучен дел од окото, заклучуваат офтамолозите.