Во нашиот организам се таложат токсини поради нечистиот воздух, водата, поради пестицидите што ги содржи храната, како и поради лошата исхрана.
Наталожувањето на штетните материи во организмот со текот на годините може да предизвика низа здравствени проблеми како кожни болести, алергии и астма, депресија, мигрена, подуеност, лошо варење, хроничен замор и рак. Од овие причини се препорачува редовно да се прочистува организмот со природни средства. Едно познато природно средство за брзо и ефикасно прочистување на организмот е зелената глина.
Лековитите својства на зелената глина се познати од дамнешни времиња. Таа има својство да ги врзува штетните материи од организмот и да ги исфрла преку дигестивниот тракт, на овој начин помагајќи организмот да се прочисти од отровите, вклучувајќи и разни бактерии, инфекции и сл. Истовремено, глината го снабдува организмот со потребни хранливи состојки бидејќи таа содржи над 60 минерали и елементи во траги кои го хранат и лекуваат нашиот организам.
Руските научници откриле дека глината има својство да ја неутрализира радијацијата и затоа се користи при нуклеарни несреќи.
Во природата се наоѓаат неколку видови на глина: зелена, жолта, бела и црвена, од кои само зелената се користи за лекување и чистење на организмот. Зелената глина содржи селен, магнезиум, железо, калциум, фосфор, калиум, цинк, манган, бакар, силициум, натриум, и други минерали и елементи во траги чиј процент варива во зависност од тоа каде е ископана.
Покрај чистењето на организмот од токсини и тешки метали, зелената глина има и низа други поволни влијанија врз здравјето:
– ги обновува клетките и ткивата
– го спречува ширењето на патогените бактерии и паразитите
– го спречува растењето на клетките на рак
– има антивоспалителни својства
– го поттикнува заздравувањето на раните
– ја прочистува крвта
– ја регулира ПХ вредноста на организмот
– го снабдува организмот со потребните минерали.
Зелената глина исто така се користи и за надворешна употреба, во форма на купки, маски и облоги. Купките од зелена глина имаат смирувачко, антивоспалително и прочистувачко дејство, додека облозите се користат за лекување на рани и артритис. Маските од зелена глина ќе ве разубават – ја чистат кожата, ја поттикнуваат циркулацијата, ја лекуваат проблематичната кожа, го намалуваат целулитот и го поттикнуваат разградувањето на мрсното ткиво.
Како се користи за прочистување на организмот
Зелената глина која може да се пие мора да има сертификат за орална употреба. Во продажбата ваквата глина се нарекува вентилирана глина.
Навечер ставете полна чајна лажица вентилирана зелена глина во 2 dcl вода (најдобро изворска) и промешајте. Не смеете да користите метална лажица или чаша бидејќи глината не смее да дојде во контакт со метал.
Глината се зема наутро кога ќе станете или навечер пред спиење. Исто така, може да се зема и околу 1 час пред оброк.
Третман за прочистување со зелена глина
Глината се зема по следниов распоред:
1 недела: наутро без да промешувате ја пиете само водата, а талогот го фрлате
2 недела: наутро промешајте, оставете 5 минути да се симне талогот и потоа испијте ја водата
3 недела: наутро промешајте и потоа веднаш испијте ја водата заедно со глината.
По три недели се прави пауза. Ваквиот третман за прочистување со зелена глина може да се прави 2-4 пати годишно.