Реклама
Нега и здравје

Како да користите ленено масло за да го подобрите вашето здравје

Реклама

Ленот уште од одамна се користи за решавање на одредени здравствени проблеми и одржување на добра здравствена состојба.

Маркетинг

Тој е богат извор на есенцијални масни киселини повеќето незаситени, диетални влакна, аминокиселини и други драгоцени хранливи состојки. Лененото семе содржи витамини Б, Ц, Е, и низа минерали како калциум, селен, бакар, железо, цинк, натриум, магнезиум, фосфор и калиум. Лененото семе е најголем растителен извор на омега 3 масни киселини, а исто така и на важни антиоксиданси.

Ленот се консумира во форма на семе, кое е најдобро да е измелено за да се искористи целоснио хранливата вредност, или во форма на масло (кое можете да го пиете во чаша вода со исцеден лимон или портокал, поради силниот вкус). Не се препорачува за готвење бидејќи не е стабилно на високи температури.

Редовното користење на лен односно ленено масло се покажало како делотворно во лекувањето на низа здравствени проблеми, односно се препорачува да се користи во следниве случаи:

Маркетинг

–    рак, посебно на ракот на дојка, јајници и простата
–    мозок, се користи како превенција од мозочен удар
–    артеросклероза
–    срцеви болести, инфаркт, аритмија
–    хипертрофија на простатата
–    запаление на мочниот меур
–    создавање на камен во жолчката
–    делува на варењето, има благи лаксативни својства
–    артритис и болки во зглобовите
–    метаболизам на маснотиите во телото
–    екзем, псоријаза, акни, за убава и мазна кожа
–    симптоми на менопауза
–    имунитет и слободни радикали.

 

Лененото масло може да се користи и за надворешна употреба, за нанесување на кожата, при што се покажало како ефикасно за чистење на белези (не смее да се нанесува на отвотрени рани), како и за третман на разни воспаленија, изгореници, егзем, псоријаза, осипи и акни. Многу помага и за сува кожа која се лупи.

Лененото масло можете да го консумирате на пример во јогурт или кисело млеко, или можете да го измешате со свежо кравјо сирење и по желба да додадете лута чили пиперка, што ќе ви помогне во одржувањето на телесната тежина и доброто здравје.

При купувањето на ленено масло, најдобро е да побарате од органско потекло. Маслото со висок квалитет или нема или има благ едвај осетен мирис и има благ оревест вкус. Се препорачува дневно да се земаат 1-3 големи лажици ленено масло и да не се надминува оваа количина. Лененото масло е осетливо на светлина и температура и склоно на оксидација и лесно се расипува. Расипаното ленено масло ќе го познаете по непријатниот вкус и остриот мирис.
Лицата што земаат лекови против згрутчување на крвта, трудниците и доилките треба да се посоветуваат со своите доктори во врска со земењето на лененото масло.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button