Можеби ќе ви звучи чудно што главна состојка на оваа паста е куркумата поради нејзината силна жолта боја, но таа сепак се користи за белење на забите во комбинација со сода бикарбона и кокосово масло.
Комбинацијата од овие 3 лековити состојки ќе ви помогне да ги исчистите и избелите забите на природен начин без никакви штетни последици по забите, а исто така ќе помогне и во сузбивањето на инфекциите и воспаленијата и крварењето на забите и непцето. Може да се користи и за ублажување на забоболката, кај пречуствителни и болни непца, за отстранување на лошиот здив и како превентива против кариес. Исто така, сите овие 3 состојки имаат и докажани антибактериски, антивоспалителни и антивирусни својства, така што со белите сјајни заби добивате и најдобра природна заштита на долг рок.
Состојки за природната паста за заби:
– 4 супени лажици куркума во прав
– 2 чајни лажици сода бикарбона
– 2-3 супени лажици кокосово масло
Подготовка: измешајте ја куркумата и содата, додадете го кокосовото масло, па се убаво измешајте со виљушка или лажица додека не добиете воедначена густа смеса. Ставете ја пастата во стаклен сад и чувајте ја затворена (на пример во тегличка) додека не се потроши.
Пастата се користи како и обичната паста за заби – нанесете на четкичката и убаво исчеткајте ги забите а потоа исплакнете ја устата.