Реклама
Кафе муабет

НИ ВО ЛУДИЛО: 9 работи кои НЕ смеете да ги делите ниту со сестра, ниту со пријателка

Реклама

Не смеете да ги делите хигиенските производи ни со членови од семејството, цимерките или партнерот и покрај тоа што понекогаш ова е неизбежно.

Но според дерматолозите и микролозите од еден универзитет во Њујорк заедничкото користење на одредени производи мора веднаш да го прекинете. Еве кои се тие производи што не смете да ги делите со никого!

Маркетинг

Крпа

Доколку ја делите со другите ризикувате разни инфекции. Особено се опасни мокрите крпи во кои поради влагата и топлината побрзо се развиваат бактериите и кои можат многу лесно да предизвикаат инфекции.

Маркетинг

Сунѓер за капење

Сунѓерот никогаш нема да се осуши сосема помеѓу две употреби. Тој, како и крпите, кога е мокар е погоден за развој на бактерии. Затоа најдобро е да се обидете секој член од домаќинството да има свој сунѓер. Инвестицијата не е голема, а на тој начин сигурно ќе заштедите на вашето здравје.

Брич

Ни под разно, а и нема потреба детално да ви објаснуваме зошто, нели?

Прибор за нокти

Иако на прв поглед ви се чини дека луѓето имаат чисти и здрави нокти, ноктариците, турпиите и останатиот прибор претставува ризик. Затоа најдобро е секој во домаќинството да има свој прибор за нокти, а доколку тоа е невозможно, пред секоја употреба дезинфекцирајте го приборот со медицински алкохол.

Пинцета за веѓи

Не заборавајте дека секое ракување со пинцета за веѓи предизвикува мало крвавење, па не треба со никој да ги делите како не би добиле инфекција. Покрај ова, пинцетата треба пред секоја употреба добро да ја исчистите со алкохол.

Антиперспирант

Овие производи многу лесно ги пренесуваат бактериите, а особено се опасни ако некој кој е депилиран се мачка со нив, и потоа го користите истиот ролон.

Кармин и балзам за усни

Кармините и балзамите за усни чувајте ги само за себе. Ако ги делите овие производи со другите, можат да ви пренесат инфекција како на пример херпес. Затоа ако веќе сте решиле да се шминкате, правете го тоа безбедно!

Обетки

Не треба да позајмувате, ниту да ги давате вашите обетки.

Слушалки

Според некои последни испитувања и употребата на слушалките кои се ставаат во ушите можат да бидат причина за пренесување на бактерии. Па затоа ако ги делите со некого тие можат да ви предизвикаат и воспаление на ушите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button