Овие вежби ќе ги активираат мускулите на целото тело, ќе го забрзаат пулсот и ќе ви помогнат брзо да ги согорите калориит. Ако редовно ги повторувате, на забавен и едноставен начин ќе дојдете до телото што од секогаш сте го посакувале.
Foto: Shutterstock
Познатата фитнес инструкторка Зузка Лајт на својот Јутјуб канал ги откри своите најомилени 3 вежби кои ќе ви помогнат да постигнете топ форма, но и да ја задржите. Овој тренинг трае само петнаесетина минути и можете да го правите дома, во време што вие ќе си го определите. Не ви е потребна никаква дополнителна опрема, туку само малку место и удобна подлога.
Со овие вежби ќе го раздвижите целото тело, ќе го забрзате пулсот и ќе ги согорите калориите. Секоја вежба трена да се повтори 10 – 15 пати при што треба да се обидете да правите што помали паузи.
Вежби:
1. Burpee (комбинација од склек и скок) со ротација
2. Стомачни
3. Исчекор со скок/ склек со истегнување
Вежбите можете да ги видите на видеото во продолжение и веднаш да ги испробате!
{youtube}Vut5uc6Ima0{/youtube}