Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 23 – 29 ноември, 2015

Реклама

Прашање: Колку Шкорпии се потребни да се смени една сијалица? 
Одговор: Ниту една – тие попрво би седеле во темнина.

nedelen29nov600

 

Маркетинг

Овен (21 март – 20 април)

12oktoven

Маркетинг

Поволна недела за решавање на финансиски прашања, порамнување на готовински плаќања и обврски. Добрата среќа е дефинитивно можна. Ќе добивате пари лесно без многу напор од ваша страна.

Добри финансиски односи ќе бидат важни со лица родени во знакот на Овен, Лав или Стрелец.

Наскоро ќе бидете во можност да решите емоционални проблеми, недоразбирања или сомнежи коишто во последно време создаваат непријатност во вашата романтична врска. Ќе ги разберете обидите на некој од вашата близина која сака да создава интрига за вашата љубов и дека тоа е од платенички/уценувачки мотиви.

Неочекувани добри вести или покана од друго место или друга земја.

Некои од вас може да одат неочекувано на патување и тоа ќе биде многу пријатна прилика. Може да одите на патување поврзано со некој успех или важен состанок.

 

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Оваа недела можеби ќе треба да се грижите за физичкото или емотивното здравје на лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.

Можеби ќе треба да дадете финансиска помош на таквата личност.

Лошата вест ќе дојде поврзана со семејството на млада жена.

Можно е дека и материјална кражба и загуба ќе го погоди вашиот брак, што ќе резултира со различни емоционални проблеми.

Посета или средба/собир ќе бидат поврзани со жена која емотивно ќе ве натажи или ќе бидете разочарани од дејствија или зборови на некои други лица.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Оваа недела ќе треба да разговарате сериозно за финансиските прашања во врска со дете и тинејџер. Може да има потреба од средување или изготвување документ од ваква природа. Ова ќе биде поволна недела за судско/законско решавање на финансиски прашања/обврски поврзани со дете.

Лоши вести во врска со личност којашто добро ја знаете – сосед, далечен роднина, колега, пријател од детството, соученик и друго.

Постапките на лице во кое имате доверба или со кое споделувате нешто ќе предизвикаат да се стави крај на вашата врска.

Проблемите во вашиот дом се должат на пренесување на одговорностите и обврските на само едно лице. Може да има конфликт, во кој ќе кажете некои непријатни нешта.

Имате време за размислување за грешките направени досега во вашиот брак пред да биде предоцна.

 

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Ќе се појави ново машко лице во вашиот живот, најверојатно роден во знакот на Бик, Девица или Јарец и ќе направи да го смените мислењето за многу нешта. Не се работи за љубовна врска затоа што овој настан ќе влијае и врз мажите и врз жените во знакот на Рак. Наскоро сериозно ќе размислувате за предлогот, информациите и другите нешта поврзани со таква личност.

Ќе има одложувања во реализацијата на вашите планови или ветувањата што ви биле дадени. Не избрзувајте со заклучоци дека ова е дефинитивна загуба или губење на време. Интересни настани се пред вас; бидете трпеливи.

Оваа недела може да ги израдува или награди мажите до 35 години со успех во образованието или кариерата.

Можеби ќе имате чест да доделите награда или оддадете признание некому пред публиката во некоја специјална пригода.

Ова ќе биде поволна недела за барање или започнувате нова работа, или за набавка на скап или значаен недвижен имот, машини, капитал.

 

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Оваа недела ќе доживеете интересни случувања поврзани со девојка од вашето семејство. Веројатно ќе решите чувствителна или нејасна ситуацијата околу неа, ќе донесете судбоносна одлука или ќе ù овозможите да излезе од тежок период.

Добра вест ќе добиете во врска со идно мајчинството или раѓањето на бебе-девојче.

Непријатен момент може да се случи поради момче или млад човек, најверојатно во знакот на Бик, Девица или Јарец. Пред сè, вината ќе се припише на некој близок нему, но тој ќе мора да плати за проблемот/ситуацијата.

Ќе имате тешки односи со вашиот татко, дедо, брат или вујко и можно е дека ќе има отпор од страна на семејството или дека ќе искрснат лични проблеми.

Мажите-Лав ќе бидат пораздразливи оваа недела, а понекогаш и тие самите ќе предизвикаат конфликти, ќе се однесуваат каприциозно или ќе покажуваат недостаток на толеранција и трпение.

 

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Само што не сте извршиле важни задачи и исполниле некои обврски. Можеби ќе треба работите за да приведете до крај финансиски документи, финансиски договори и друго.

Средба или посета која ќе ве воодушеви со добра вест за вас.

Веројатно ќе добиете пари преку банкарски или друг вид на трансфер.

Ќе имате одредена цел оваа недела и не треба да се грижите за проблеми, непријатни луѓе или обиди да ве дефокусираат од вашите намери.

Ова ќе биде неповолна недела за судски и правни дејства од финансиска природа.

Можеби ќе треба да потрошите пари во врска со имот или предмети на родителите или поради други видови обврски поврзани со починати роднини.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Оваа недела ќе има средба, на која треба да одите со подарок или после некоја посебна подготовка. Најверојатна причина за собирот ќе биде жена.

Жените-Вага може да го ценат добиениот подарок, награда или материјална добивка.

Вести, документ или предлог од финансиска природа што ќе ги добиете оваа недела, ќе бидат причина за сериозен разговор во вашиот дом или со роднини, блиски и далечни.

Во блиска иднина ви претстои важно или специјално патување, а ќе започнете со подготовките оваа недела.

Може да има нова успешна или посебна околност поврзана со патување на крајот од годината.

 

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Очекувајте изненадувања оваа недела. Секое од нив ќе ве натера да размислите сериозно за одлуките што веќе сте ги донеле, за обврските/договорите и плановите што сте ги направиле. Постои можност за настани оваа недела коишто ќе ве испровоцираат да направите неочекувани промени или коишто ќе резултираат со неуспешно исполнување на обврски и ветувања.

На работа ќе имате поспокоен период или причина за радост поради разјаснување на разни гласини, кои во последно време создаваат тензија и вознемиреност, како за вас, така и за вашите колеги, партнери, клиенти.

Може да бидете загрижени за здравјето на некој близок и сакан.

За жените- Шкорпија аспектирана е можноста за гинеколошки заболувања, нарушување на здравјето и слично.

 

3d star

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

Оваа недела младите жени може да очекувате весела моменти поврзани со нови набавки, сопственост, подароци или гестови на внимание од некој близок.

За машките-Стрелци оваа недела дефинитивно ќе биде запаметена поради пријатни, незаборавни настани во врска со девојка или млада жена.

Неочекувани состаноци или виртуелни контакти ќе се случат со некој кој има посебно место во вашето минато.

Ќе добиете покана за собир, средба или важен јавен настан.

Генерално, повеќето од вас ќе поминат низ емотивен стрес. Чести, необјаснети падови во расположението ќе доведат до променливи чувства и желби.

Всушност, вие сте на прагот на важен чекор напред кон вашиот успех, постигнување/реализација на ваша желба, цел…

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Појавата на нови луѓе на вашето работно место или во бизнисот ќе наложи формирање нов став, нов начин на комуникација. Ќе поминете низ тежок период на навикнување и прилагодување кон вашиот целокупна работа.

Неделата, исто така, може да биде запаметена поради специјални настани во врска со момче или млад човек.

Мажите-Водолија над 35 години може да постигнат тежок успех по долг период на борба за негово остварување. Тој успех може да биде причина за радост и покрај тешкотиите од кои не сте се откажале.

Ќе има раѓање на машко бебе или роденден на машко лице во вашата непосредна околина.

Проблемите со пари, што веќе ги имате од претходните недели или месеци, ќе останат грижа за вас и оваа недела. Можеби им приоѓате на работите неправилно, неразумно во вашата решителност и поради што уште не сте постигнале никаков напредок.

 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Оваа недела треба да бидете многу внимателни, дури и претпазливи, кога ви се даваат важни информации, кога ви се нуди нешто примамливо за вас. Пазете се од измама, манипулација, било што што треба да се искористи за реализација на нечиј личен интерес и за други цели.

Бидете внимателни доколку сте вклучени во парница или правен случај.

Оваа недела може да се открие ваша слабост/грешка, имено потпирање на некого или нешто, или прифаќање на нешто само затоа што тоа е профитабилно за вас.

Непријатен настан или вест од друго место може да излезе на површина.

Незгоди може да им се случат на некои ваши блиски или познати.

Ќе имате важен разговор или дискусија во врска со обврска на машко лице кое, иако е ваш роднина, не живее со вас во ист дом.

 

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Оваа недела ќе имате поголеми очекувања за добивање пари или важни документи од финансиска природа. Обидете се да бидете разумни и реални; бидете подготвени за секаков пресврти или одложување.

Некои претставници на знакот Риби може да имаат корист на некој вид наследство, кирија, компензација, пензија и друго.

Неделава ќе бидете исполнети со емоции од различен степен поврзани со девојка или жена.

Вест ќе дојде во врска со раѓање на женско бебе или за мајчинство на млада жена која е ваша роднина/блиска пријателка.

Контакти, состаноци или телефонски повици ќе се случат поради одредени причини/настани поврзани со ваша ќерка, внука или друга млада жена од блиската околина.

Конфликтите на оваа недела ќе бидат незначителни и, секако, непотребни. Во повеќето случаи тие се однесуваат на ситници и мали нешта, а ќе бидат резултат од вашата емотивна состојба или од емотивната состојба на лицето кое е со вас.

Големиот месечен хороскоп за ноември ве чека овде.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button