Пробајте ја оваа неверојатна маска за коса која ќе го врати животот на оштетените влакна и ќе ви помогне косата повторно да добие свежина и сјај.
Авокадото е полно со витамини Е и Б и има силни хидратантни својства, така што со користењето на оваа маска вашата коса ќе заблеска како никогаш досега. Покрај тоа, маската е сосема природна, без никакви хемиски додатоци и чини многу помалку од производите што се нудат во продавниците.
Потребни состојки:
– 1 јајце
– 1 лажичка маслиново масло
– половина авокадо
Подготовка: Изгмечете половина авокадо во сад, додадете една жолчка од јајце и убаво измешајте, па потоа додадете во смесата и една лажичка маслиново масло, па повторно убаво измешајте да добиете воедначена смеса.
Нанесување
Нанесете ја смесата рамномерно на целата коса и потоа ставете најлонска капа или фолија бидејќи топлината ќе го засили дејството на маската. Ако не сакате да ја мотате косата, не морате, сдлободно оставете ја така косата непокриена. Оставете ја маската да делува околу 30 минути и потоа измијте ја косата по вообичаената постапка.