Не постои девојка која не би сакала да изгледа како нив, но за жал многу малку девојки го прават она што го прават тие за да би изгледале вака.
Но, никогаш не е доцна да ги смениме навиките, нели? Ангелите на Викторија поради својата линија и беспрекорен изглед предизвикуваат љубомора кај многу жени (а како и не би поѓаволите!?). Но добрата работа е во тоа што тие секогаш радо ни ги откриваат нивните тајни за добар изглед, особено во периодот кога интензивно се подготвуваат за нивната најголема ревија во годината.
Адриана Лима
Бразилскиот супермодел тренира бокс уште од своите тинејџерски денови, а тренира и со професионалниот тренер за боречки вештини Дин Спенсер.
Сара Сампајо
Португалската убавица својот добар изглед го одржува со пилатес. Таа на Инстаграм откри дека ваквиот облик на физика активност и помогнал да ја совлада болката во грбот која со години ја чувствувала
Џиџи Хадид
Прекрасната млада манекенка оваа година ќе дебитира како ангел на Викторија. Таа својата линија ја одржува со часови балет на кои оди наутро, додека навечер напорно тренира во теретана. Резултат? Совршенство!
Лили Олдриџ
Бидејќи оваа година таа за прв пат го носеше „Fantasy Bra“ градникот нејзините тренинзи се поинтезивни и понапорни. Таа вежба два пати на ден – еден час наутро и половина час попладне.
Алсесандра Амбросио
Како и многу други нејзини колешки, и Алесандара Амбросио највеќе сака да вежба во сала за балет како што подобро би се подготвила за ревијата
Марта Хунт
Оваа убавица тренира со професионалецот одговорен за линијата на моделите Џастин Гелбанд. Нејзиниот режим за вежбање опфатува пилатес, бокс и теретана.
Па, мислам дека ова беше доволно за да сфатиме. А сега сите, правец теретана или на кеј да се издуваме малце, нели?