Реклама
Фитнес

4 правила кои се многу важни за губење на килограмите кога вежбате

Реклама

 

Ако сте решиле да почнете да вежбате, земете ги во предвид овие 4 важни правила за вежбањето да биде што е можно поефективно во борбата против вишокот килограми.


  
Конечно сте решиле да почнете да вежбате или веќе некое време се трудите на ова поле, но треба да имате во предвид дека тоа не е доволно туку треба мудро да вежбате за вашиот напор што побргу ги даде саканите резултати. Следете ги овие 4 правила и брзо ќе се ослободите од масните наслаги и ќе се одржувате во топ форма:

Маркетинг

1. Настојувајте да го забрзате метаболизмот за време на и по вежбањето. Долго време се сметаше дека најдобар тип на вежби за согорување на масните наслаги е долготрајната кардио активност со низок интензитет, така што се препорачуваше на пример да џогирате со лесно темпо подолго време. Но, сега ситуацијата се промени. Важно е да се покрене метаболизмот така што организмот ќе согорува масти и во периодот по тренингот, а тоа најлесно ќе го постигнете со краток и интензивен тренинг кој ќе предизвика „недостаток на кислород“ така што телото ќе ги согорува масните клетки и по завршувањето на тренингот. Како добар избор за тренинг се препорачува некоја форма на интервален тренинг со висок интензитет или кружен тренинг на сила.

Маркетинг

2. Изберете тешки и сложени вежби. Изборот на вежби е всушност најважниот дел на тренингот. Најдобрите вежби за губење на килограмите се секако тешките и сложени вежби кои вклучуваат поголем број на мускули и според тоа даваат резултати на целото тело. Затоа, потрудете се вашиот тренинг претежно да се состои од сложени вежби.

3. Работете на изградба на мускулите. Губењето на килограмите треба да се однесува на губење на масното ткиво под кожата. Но, сепак, истовремено секој тренинг за слабеење треба да вклучува и вежби кои ќе овозможат изградба или зачувување на мускулната маса. Односно, губењето на килограмите не смее да ја засегне мускулната маса, а од друга страна што поголема мускулна маса имаме толку повеќе ќе трошиме енергија, дури и кога не правиме ништо. Според тоа, ако имате поголема мускулна маса, побргу ќе трошите калории и побргу ќе стигнете до саканата цел.

4. Храната е многу важна и никако не смее да се заборави.

Кога ви е целта да ослабите најчесто ја занемарувате храната, односно настојувате да внесувате помалку храна или следите некоја определена диета. Или пак, вежбате напорно па потоа надоместувате бидејќи сметате дека имате простор за внесување на покалорична храна. Меѓутоа, кога ќе почнете да вежбате треба да го имате во предвид главниот принцип за слабеење а тоа е дека внесените калории – потрошените калории = +/-телесната тежина. Односно, ако трошите повеќе калории отколку што внесувате преку храната ќе слабеете, и затоа и тренингот и калориите што ги внесувате треба да бидат во правец на остварување на калориски дефицит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button