Сланутокот е богат со витамини и минерали, железо и калциум, има диуретички својства и ја подобрува работата на слезинката. Можете да го најдете во секоја продавница за здрава и храна.
Сланутокот е омилена храна на вегетаријанците и веганите бидејќи претставува одлична замена за месо. Овде приложуваме лесрн и едноставен рецепт за подготовка на салата која ќе го снабди вашиот организам со влакна и ќе ве засити. И да не сте вегани или вегетаријанци добро ќе ви дојде промена во мените и испробување на нови вкусови.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
– 3 шолји варен слануток
– 1/2 шолја исечкан млад кромид
– 1 чајна лажица сува лута пиперка
– 1/4 шолја исечкани маслинки
– 1/2 шолја тенко исечкан целер
– 1 лажица изрендана кора од лимон
– 1/2 чајна лажица исечкан лук
– 1 шолја исечкан магданос
– 1/4 шолја исечкани лостови нане
– сок од 2 големи лимони
– 1/2 шолја ладно цедено маслиново масло
– сол и бибер по желба
Едноставно ставете ги сите сосојки во голем сад, убаво измешајте ги и послужете.
Добар апетит!