Почнува сезоната на цитрусното овошје кое е многу познато и крајно корисно во прочистувањето на организмот.
За слабеење добро е да се комбинира со плодови со многу влакна, како ѓумбир, моркови и јаболка, бидејќи ваквите комбинации го забрзуваат метаболизмот и помагаат побрзо да се согоруваат калориите.
Овие пијалоци ќе ви помогнат да ослабите, секако доколку внимавате на исхраната и имате умерени физички активности. Тие ќе го забрзаат процесот на топењето на масните наслаги и ќе го забрзаат ослободувањето од вишокот килограми. Хранливи се и вкусни и ќе ја разбијат монотонијата во вашето секојдневно мени.
1. Пијалок за прочистување на организмот
Сите пијалоци кои помагаат во прочистувањето на организмот се многу делотворни во борбата против килограмите. Подгответе интересни шејкови во вашиот блендер или соковник. Ставете овошје или зеленчук по избор (или по нешто и од двете категории) и додадете цитрусно овошје како портокал, лимон или грејпфрут кои се познати по нивните детоксификациски својства, и додадете ѓумбир, морков или јаболко кои имаат многу влакна и го забрзуваат метаболизмот.
2. Сок од зеленчук
Соковите од зеленчук се поделотворни од соковите од овошје за слабеење. Зеленчукот содржи многу малку калории, а истовремено многу хранливи материи, витамини и минерали кои му се потребни на организмот. Определете се за зелка, кељ, брокула и цвекло и додадете некое овошје по избор за подобар вкус.
3. Зелен чај
Зелениот чај е познат по тоа што содржи многу антиоксиданси, го забавува стареењето, а го забрзува слабеењето! Без разлика дали сте на диета или не, потрудете се секојдневно да пиете зелен чај и ќе го забрзате метаболизмот и телото побргу ќе ги согорува маснотиите. Исто така, зелениот чај ќе ви обезбеди повеќе енергија, ќе помогне да ви се намали апетитот, да се ослободите од стресот и да се опупштите.
4. Овошен сок од брусница и круша
Овошните сокови се многу вкусни, лесно да се подготвуваат и многу се богати со витамини и минерали. Ви предлагаме да пробате една интересна комбинација – брусница и круша, која ќе ви овозможи да имате повеќе енергија, а истовремено и да го согорите вишокот калории. Брусницата е одлична против уринарните инфекции, а крушите се богати со магнезиум, калиум и фосфор. Оваа комбинација исто така ќе ве снабди и со витамин Ц и калциум.
5. Црно кафе
Умерени количини на кафе делуваат позитивно на организмот бидејќи кафето содржи антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од појава на тумори, дијабетес и срцеви заболувања. Кафето исто така го забрзува метаболизмот и согорувањето на калориите. Секако, кафето треба да го пиете без додатоци на млеко и шеќер и не треба да претерувате со количината.