Рецепти

Рецепт без глутен: Протеински плочки од овес и бадеми

Реклама
Реклама

Наместо да ги купувате енергетските плочки кои можат да бидат скапи, а притоа и да содржат нездрави состојки кои можат да ви ја нарушат здравата диета, можете да си ги направите сами и секогаш кога ќе посакате да си имате при рака!

Еве еден одличен рецепт.

Маркетинг

Енергетските плочки се идеална ужинка секогаш кога ќе ви се пријаде нешто, а немате време да правите или купите. На сите кои вежбаат одлично ќе им дојдат пред тренинг.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Маркетинг

– 1 шолја путер од бадеми
– 85 гр. протеински прашок од ванила
– 1/2 шолја јаворов сируп
– 2 јајца
– 2 шолји овесни снегулки без глутен
– 1/2 шолја кокос
– 1 чајна лажичка прашок за пециво
 
ПОДГОТОВКА:
 
Загрејте ја рерната на 175 степени. Обложете го плехот за печење со хартија или испрскајте спреј за печење. Во соодветен сад со миксер измешајте го путерот од бадеми, протеинскиот прашок и јаворовиот сируп, па потоа додадете ги јајцата. Промешајте, па додадете ги овесните снегулки, кокосот и прашокот за пециво. Мешајте додека не добиете воедначена смеса.

Сипете го тестото во плехот и убаво притиснете го со рацете па ставете го да се пече околу 10-15 минути додека не добие благо кафеава боја. Кога ќе биде готово оставете го да се излади и исечете плочки во саканата големина. Чувајте ги плочките во затворен сад.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button