И покрај тоа што може да си ги дозволи најскапите производи, во нејзината колекција со мириси можете да најдете и нешто што можеме да си ги дозволиме сите.
Кајли Џенер неодамна изјави дека меѓу парфемите има еден фаворит и дека тоа е Victoria’s Secret Coconut Passion Fragrance Mis. Станува збор за тоалетна вода со богат и гурмански мирис на кокос која е совршена за зимскиот период и која можеме да си ја дозволиме сите. Цената за овој производ на официјалниот сајт на брендот Викторија Сикрет е околу 14 долари, а во моментот се продава на попуст за само 5 долари (производот можете да го купите тука).
„Го обожавам бидејќи не е силен, а мириса совршено. Тој е совршен кога не сте расположени за парфеми и можете да го нанесете каде и да сакате, па дури и на коса. Ќе мирисате совршено“, изјави Кајли и мислам дека ова е доволно да се обидете и вие да го побарате исиот производ низ продавниците од кои начесто ги купувате вашите козметички производи.