Секоја модно освестена жена на која и е важен изгледот покрај облеката посебно внимание посветува и на фризурата, шминката и ноктите.
Денес ќе се задржиме токму на ова последното – ноктите, и ќе ви преставиме еден нов комплет за маникир од козметичкиот бренд SEVENTEEN. Неодамна имавме можност да го пробаме овој комплет и мораме да признаеме дека сме воодушевени од него. Станува збор за новиот комплет Studuo Seventen за долготраен маникир во три чекори и во тренди есенски бои во кои ќе се вљубите на прв поглед. Комплетот дава совршен резултат со двапати поголема трајност, исклучителен сјај и значително намалување на времето потребно за сушење на лакот. Специјално дизајнираната голема четка пак, овозможува полесно нанесување од кога било досега.
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ
#ПРВ ЧЕКОР
Нанесете го прајмерот STUDIO Chip Resist што ја израмнува површината на ноктот и ја зголемува и отпорноста на ноктите и траењето на маникирот.
#ВТОР ЧЕКОР
Составот на лакот за нокти The STUDIO Rapid Dry Lasting Color гарантира совршен резултат и екстра брзо сушење. Изберете ја бојата што ви се допаѓа и со специјалната четка нанесете два слоја на ноктите.
#ТРЕТ ЧЕКОР
И на крајот, заштитете ја бојата со безбојниот лак (the STUDIO Rapid Shield Top Shine) кој дава екстра сјај и овозможува маникирот да трае двапати подолго.
Во палетата на бои на Studio – 3 Step Manicure System од Seventeen ќе најдете соодветна боја за пригодата и за вашето расположение. Што се однесува до мене, јас ги избрав темно црвената – вамп боја и двете нијанси на сива од кои потемната ја носев на отворањето на FWSK. Доколку сакате да ги видите и другите бои кои се во мода оваа сезона, кликнете тука.