Погледнете ја новата колекција на божествените парфеми со потписот на Прада кои се именувани по некој филм или поп песна од минатите декади.
„Модата е мојата страст, но не дозволувам да го контролира мојот живот” – Мјуча Прада
Даниела Андриер, култната девојка одговорна за парфемите на Прада оваа година лансираше нова едиција на парфеми од Olfactories линијата. И наместо парфемите да ги именуваат со класини имиња кои најчесто произлегуваат од латинските имиња на цветови и бои, оваа година Мјуча Прада и Даниела се договорија да се инспирираат од поп културата од изминатите неколку декади.
Па така еден од парфемите се вика „Nue au Soleil” според култниот филм од 70-тите во кој глуми Брижит Бардо, додека друг е крстен според големиот хит „Tainted Love“. „Парфемите мирисаат различно кај луѓето бидејќи секој од нас има свој мирис на кожата која на свој начин впива одредени мириси, па така на крај многу е тешко да се генерализираат некои од мирисите на Прада. Тие мирисаат онака како што ви се чини дека мирисаат“, вели Андриер која баш и не сака да открие кои ноти се кријат во споменатите парфеми. Таа само ни откри дека секое име е избрано според комплетниот впечатокот и мирис кој го остава секој парфем посебно.
Отворете ја галеријата и погледнете ги нивните имиња »
види повеќе » |