Реклама
Интервју

5 минути со Милорад Ангелов, актерот што го глуми комичниот лик на Светлозар Красимиров во серијата Цимери

Реклама

Милорад Ангелов е млад актер од Штипскиот народен театар кој во моментот го толкува комичниот лик на Свјатло во новата ТВ серија на Алфа.

Станува збор за новата македонска серија „Цимери“ која е дел од сопствената продукција на Алфа ТВ и која ќе содржи 40 –на епизоди во режија на Тихомир Бачовски. Извршен продуцент на серијата е Тони Ристов, а се работи според идеја на Ефтим Трајчов, кој воедно го глуми и еден од главните ликови во серијата. Сценаријата ги пишуваат Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Настаните во серијата се одвиваат во Скопје, во станот на цимерите, како и во едно кафуле во населбата Аеродром. Актерот Милорад го глуми хумористичниот лик на Светлозар Красимиров – Свјатло кој е Бугарин по таткова линија, и внук на Баба Цана која им го изнајмува станот на цимерите околу кои се одвива целото дејствие во серијата. Останатите ликови во серијата ги толкуваат Кристина Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеоски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Бојан Велевски и други македонски артисти . Еве што ќе ни открие Милорад за овој проект.

Маркетинг

За што всушност се работи во серијата „Цимери“ која оди секој ден од понеделник до петок на телевизија Алфа?

Маркетинг

Серијата „Цимери“ е една приказна за пет млади луѓе кои доаѓаат во Скопје со надеж да си ја пробаат среќата и да побараат подобар живот. Доаѓаат од различни страни на Македонија, го изнајмуваат станот на баба Цана, стара вдовица која станува дел од нивните животи кои се преполни со хумористични ситуации. Како што се одвива серијата, така и ситуациите стануваат се покомплицирани.

Што би ни кажал за твојот лик во серијата?

Светлозар Красимиров е феминизиран Македонец со бугарско потекло кој сака да стане европски граѓанин, односно Бугарин. Тој е голем поддржувач на ЛГБТ заедницата и на сексуалната слобода. Но дали ќе остане на својот европски дух или и кај него ќе преовладее типичниот балкански менталитет гледачите сами ќе видат во сериите што следуваат.

Каде се чувствуваш посамоуверено – на театарски даски или пред камери?

Театарот е мојата прва љубов и тоа не може ништо да го замени. Но, ова се нови предизвици за мене, особено затоа што работата на театар и ТВ се разликуваат многу, така што на овој проект сум посветен целосно и се надевам дека серијата ќе им се допадне и на гледачите.

Па, како е да се работи со цимерите и целата екипа што стои зад серијата?

Соработката со цимерите навистина е посебно доживување. Ние овие шест месеци всушност сме и вистински цимери во станот во кој живееме. Станува збор за период од мојот живот исполнет со хумор и многу креативна енергија. Соработката со Алфа исто така е супер, сите од екипата се вистински професионалци и луѓе кои многу придонесуваат за успешна реализација на серијата.

Кажи ни некоја интересна ситуација од снимањето?

Хуморот е присутен на сцената, но и пред и по снимањето, така што секоја епизода е анегдота сама за себе. Еве на пример имаше една епизода во која требаше да одиме на гробишта каде бараме коски потребни за нашата цимерка Фимка која е студент по медицина. Серијата се снимаше ноќно време, на вистински гробишта каде што во еден момент требаше да глумам како паѓам во еден гроб. Но, тоа не беше глума, туку јас навистина паднав и се испружив со цела должина во гробот. Можете да замислите како изгледаше сето тоа во живо? Ужас! :)

Кои се твоите планови за во иднина?

Продолжувам со работа во мојот матичен театар каде наскоро треба да почнеме со нови претстави. Можеби по овој проект повеќе во фокусот ќе ми биде и телевизијата како медиум, а се надевам и дека ќе има и нови сезони кога е серијата „Цимери“ во прашање. Се надевам дека оваа серија ќе поттикне и други телевизиски и независни продуценти да почнат со продукција на домашни серии, со македонски актери, бидејќи некако навистина потфрлиме на ова поле.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button