Пред нас е уште еден месец исполнет со интересни астролошки феномени на небото, но уште поинтересни нешта нè очекуваат нас, кои сме под планетите. Ајде да дознаеме…
Овен (21 март – 20 април)
Во октомври немажените претставниците на овој знак ќе имаат желба да посвети повеќе време на својот личен живот. Ова ќе биде поволно време за создавање или зајакнување на нови врски и пријателства. Интересни случувања може да се развијат во вашата романтична преписка со лице од друго место/земја, без разлика на иднината.
Љубовта ќе процвета со лица во знакот на Вага, Водолија и Близнаци. Ќе очекувате разговори и средби во врска со вашите финансиски интереси. Ќе има израмнување на долгови и други обврски. Разговорите во врска со пари ќе се водат во вашето семејство, но со роднини кои живеат подалеку.
Важни настани ќе се случуваат во животот на родителите чии деца живеат далеку од нив или кои овој месец ќе го напуштат домот за долго време.
Чувајте ги вашите лични предмети и преписка со девојка или жена.
Претстои пат за мажите-Овен поврзан со решавање на имотно прашање надвор од местото каде живеете или за комерцијални/деловни прашања. Дефинитивно може да очекувате успех кога ќе тргнете да ја остварите целта/ задачата. Неочекувано ќе се појави некој во вашиот живот – нов пријател/ка или постаро лице – во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Силни емоции може да се очекуваат околу овој настан.
Лоша вест може да дојде во врска со ваш роднина или разделба/развод во семејството, што на некој начин е поврзано со вас.
Бик (21 април – 20 мај)
Октомври ќе биде успешен месец за вас. Ќе ја имате потребната среќа и заштита токму кога ќе ви затребаат. Вашиот проблем ќе биде во форма на конфликт и ќе реба да си „го прекасате јазикот“. Луѓето може да стават на тест важни делови од вашите односи и планови. Бидете особено внимателни ако се вклучени во судска парница.
Ова ќе биде поволен месец за вашата работа, иако ќе се појави еден проблем. Можеби ќе треба да бидете отсутни неколку дена. Најверојатно тоа ќе биде поради мало нарушено здравје, здравствен проблем за вас или некој близок или поради некоја друга причина. Лукавоста и лицемерието на едно лице меѓу вашите пријатели ќе ве натера да размислувате сериозно за вашата реакција. Во оваа фаза, повеќе ќе сакате да се определите за медијација, отколку да преземете нешто конкретно.
Може да имате проблеми со некој од вашиот знак Бик или со Девица или Јарец. Веројатно ќе бидат поврзани со искрснување на технички/домашни проблем, незгоди, проблеми со автомобил и други. Овој месец може да договорите финансиски однос во ваша корист со лице од женски пол. Можно е да добиете пари од жена или поинаков бенефит од вашата заедничка акција со неа.
Ќе ви недостасува машко лице кое е подалеку од вас, или лице од вашето минато или некој кој веќе поминал во задгробниот живот.
Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Пред вас се бројни собирања, шопинг тури, подароци, празници. И покрај тоа што Божиќ е сè уште далеку, расположението ќе биде дефинитивно празнично. Претстои важна можност за собирање или прослава за некоја личност родена во знакот на Рак, Шкорпија и Риби. Очекувања во врска со овластување/полномошно поврзано со проект за стан/недвижнина или, пак, проблем.
Ќе гледате и чекате да се разве една двојно игра против вас. Може да инвестираат малку пари да го измамите ’непријателот’ и да му дадете шанса да постигне целосен компромис. Разделба со машко лице во знакот на Бик, Девица или Јарец, најверојатно од вашиот круг на пријатели поради преселување во друго место/град/држава или од некоја друга причина. Ќе затворите едно лоша поглавје во вашиот живот. Неочекувана можност, среќа, настан ќе ви покажат колку вистина има во поговорката дека по невремето доаѓа сонце.
Можност да се успокоите од некој стрес или од товарот на стари проблеми во врската. Ќе се потсетите на старата љубов преку вести што ќе ги слушнете, средба или преку друг непланиран и, навидум, чуден настан. Ќе имате соништа поврзани со луѓе ’од оној свет’, што ќе ве натераат да размислувате за пораките кои тие се обидуваат да ви ги дадат. За жени постари од 35 години може да се појави бизнис патување, со посебна цел, финансиска обврска. Веројатност за појава на нов бизнис или професионална врска со жена од друго место/земја.
Рак (21 јуни – 20 јули)
Во текот на овој месец, може да се радувате поради очекувани или неочекувани пари, што ќе дојдат главно од машко лице: роднина, менаџер, деловни партнери и сл. Мажите над 35 години ќе имаат успех во финансиска смисла; што се однесува до вашите приходи, не се очекуваат изненадувања. Успехот ќе биде повеќе во однос на претходната заработувачка или приход од наследство. Ќе има решение во ваша корист на некој финансиски документ.
Октомври може да донесе емоции и хармонија во односите меѓу младите парови. Дури и ако сте осамени сега, ќе биде тешко да одолеете на искушението да имате нова љубов, афера, или врска. Средби од особено значење ќе се случат во вашиот живот. Неочекувани здравствени проблеми или можеби лични или професионални проблеми за некој од вашето семејство ќе внесат паника за некое време. Може да се појават здравствени проблеми во врска со бременост или новороденче, но нема да вклучат хоспитализација, туку посериозна нега дома и одмарање.
Ќе биде тешко да се избега од долготраен конфликт. Овој пат може дури и да ве провоциара да искажете сè што ви лежи на душа. За жал, на крајот, ќе има повеќе негативни емоции за вас отколку на почетокот. Веројатно ќе треба да организирата, подготвите и да завршите важни документи поврзани со судска/правна институција, нотари и друго.
Лав (21 јули – 21 август)
Избегнете љубомора овој месец и, генерално, конфронтација со интимен партнер или брачен другар. Во овој момент, навредите и нанесените емоционални рани не ќе заздрават брзо или лесно. Особено комплексна може да биде вашата врска ако имате партнер во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Можете да очекувате собирање поради значаен повод поврзан со момче или млад човек. Среќен настан за мажи до 35-годишна возраст.
Ќе дознаете со задоцнување за награда, стекнување имот или за друг значаен настан од материјалната природа во животот на личност од вашиот круг на пријателско соседството. Загуба или кражба во домот на соседите или колегите. Лоша вест или настан поврзан со жена над 35 години. Овие два настани може да се поврзани на некој начин.
За жените над 35 години, октомври ќе биде комплициран месец, со мала можност за напредок и успех. Подобро е да внимавате да не ја изгубите дури и малата шанса која ќе ја добиете. Проблем/препирка со машко лице кое ќе ве изненади со својата ароганција.
Проблеми за мажите над 35 години поврзани со лицемерни и завидливи луѓе на работното место. Во октомври, некои од вас може да добијат неочекувана добра шанса, среќа или предлог од страна на лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Можно е ново познанство со таква личност.
Девица (22 август – 22 септември)
Во октомври ќе бидете во можност да заработите и да обезбедите поголем приход, или барем да одржите стабилен семеен буџет. Ќе добиете пари од страна на девојка или жена. Вие или некој од вашиот круг на роднини ќе бидете вклучени во судска постапка или правен случај и тоа ќе биде тема на разговори, состаноци или посети. Важен собир или посета во вашиот дом.
За некои Девици можна е преселба во нов дом, стан. Лоша вести во врска со дете или бременост на лице од кругот на пријателите или роднините. Во октомври може ќе треба да одите на рутински лекарски преглед, посета на стоматолог и слично. Ќе следите и ќе се грижите за здравјето на некој пријател или роднина во знакот на Овен, Лав или Стрелец.
Добри вести за работата или вашиот бизнис. Можно е да добиете добра понуда, унапредување, преместување, зголемување на платата, нови клиенти или бизнис партнери. Овој месец може да патувате или да организирате документи и плаќање поврзани со претстојно патување. Можно е патувањето да е поврзано со решавање на некој важен документ или проблем или со друга ситуација поврзана, пред сè, за добивање пари.
Голема веројатност дека ќе добиете пари од друго место или од странство.
Вага (23 септември – 22 октомври)
Овој месец ќе биде запаметен по неочекуван успех на една жена, која е ваша роднина или многу блиска пријателка. Она што ќе се случува во нејзиниот живот на некој начин ќе им има поволен одраз врз вашиот живот. Очекувајте поддршка и исполнување на желба благодарение на помошта или советот на една жена. Грижа за здравјето на момче или млад човек кој живее во друго место. Можна е сообраќајна несреќа за време на патувањето со таква личност. Мали здравствени проблеми или депресија во животот на машко лице во вашето семејство. Тага или жалење поради некоја загуба, неуспех или разделба. За женетите мажи-Вага ситни несогласувања во бракот, но тешко дека ќе се заборави навредата или обвинувањето. Проблеми со документи или други формалности поврзани со бременост, бебе или дете. Вести од далечина поврзани со вашето дете или внук и со неприликите кои што сега тој/таа мора да ги надмине. Октомври ќе биде запаметен поради важна промена во вашата работа, нов почеток или нова деловена поврзаност. Мал пораст на вашиот приход, но сепак тоа ќе биде потврда на вашиот професионализам. Поволен месец за поведување постапка за решавање на правен случај. Ако имате партнер во знакот на Стрелец, Овен или Лав некој настан или ситуација може да ве изненади неочекувано. Ќе има нешто за што ќе се радувате и ќе бидете среќни доколку вашиот партнер е Вага, Водолија или Близнаци.
Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Октомври може да биде на многу начини пресвртен месец за вас. Ќе има настани во вашиот или во животот на вашите најблиски коишто ќе ја утврдат потребата за брзи промени, одлука, ставање крај. Важна улога во ова судбоносно време за некои ќе одигра лице во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.
Избегнувајте да имате финансиски односи со пријателите. Овој месец постои ризик да изгубите пријателство поради различни заеднички активности поврзани со пари, заеми и друг. Многумина ќе бидат во љубовна еуфорија во почетокот на една многу силна емоционална врска. Бидете внимателни со кого и што ќе споделите. Не сите ќе уживаат во вашата љубов. Во октомври ќе имате неколку неколку состаноци и собири за специјални прилики, со потреба да однесете подарок или посебно да се подготвите. Можеби ќе треба да пречекате гостите дома за да го прославите празник/именден или нечиј личен успех.
Состанок со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Неочекуван спор за голема сума пари. Проблеми може да се појават во врска со докажување на сопственост, права или на одредени финансиски ресурси. Ќе треба да размислите посериозно за иднината на ќерка или внука. Можно е да се разговара за опции или дејствија што се однесуваат на имот/дом во нејзина корист.
Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Во октомври родителите-Стрелци со деца родени под знакот на Вага, Водолија или Близнаци ќе имаат причини за силни емоции и искуства во врска со важни настани. Раѓање на девојче во домот на роднини или пријатели. Ќе бидете во очекување на развој/завршување на неприликите кои го попречуваат развојот на вашето семејство или на професионални планови. Дефинитивно среќата ќе биде на ваша страна и ќе бидете трезвени и доволно мудри да не ја испуштите. Една од вашите силни страни овој месец е способноста да решите материјален или имотен проблем, или проблем поврзан со изградба на стан и слично. Опасноста може да дојде од тоа да имате некои високи нереални очекувања, што не ќе може да се развијат брзо како што посакувате.
И покрај хармонијата и стабилност на вашите семејни врски, ќе имате тешки денови кои лесно ќе провоцираат конфликти околу ситници. Неочекувана вест или настан поврзан со веридба или свадба. Некои може да добијат покана за настан од семејна природа. Важен разговор со женско оице од вашето опкружување. Вам тукушто ви претстои животна промена во која таа ќе има големо/судбоносно учество.
Јарец (22 декември – 20 јануари)
Во октомври можеби ќе треба да одложите посета на друг град или да одбиете секаква можност да патувате за некој состанок. Овие промени не се негативни за вас, туку се дел од лепезата промени што се случуваат во вашиот живот токму сега. Може сега да не гледате никакви конкретни промени, но тие самите се во тек и ќе имаат резултат на крајот на годината. Лоши вести во врска со младо машко лице во знак на Шкорпија, Риби или Рак. Во текот на месецот може ќе имате финансиски односи или да добиете пари од лице родено во знакот на Бик, Девица или Јарец. Можно решавање на некој договор или документ со таква личност. Анксиозност може да ви предизвика здравствен проблем на роднина или пријател, кој ќе мора да се подложи на болничко лекување. Внимавајте на работното место! Сега е подобро да инвестирате помалку емоции во односите таму, а повеќе прагматизам и професионализам.
Разговор со маж над 35 години кој ќе ги сподели своите идеи и планови и ќе побара ваш совет или мислење. Не брзајте со коментари, ова е нешто сериозно и треба подобро да се разгледа. Љубовта ќе биде комплицирана и во повеќето случаи проблематична. Ништо од минатото нема да се врати во сегашноста. Наместо тоа, ќе ги сфатите и разбере скриените тајни или работи кои само ќе донесат повеќе болка и разочарување. Сега е време да се погледне во иднината…
Водолија (21 јануари – 19 февруари)
Во октомври ќе има неколку интересни средби и посети на вашиот дом, пред сè од ваши пријатели или сојузници во заедничка идеја/кауза. Можни нови соседи, станари и слично. Здравјето на роднина или важна личност може да создаде привремена паника; потребна е посебна грижа и надзор. Вести во врска со незгода или несреќа за некој познат. Многу Водолии ќе бидат во можност да оживеат старо пријателство, љубов или брак, но ќе одржуваат дистанцата и претпазливост. Можна разделба од саканото лице поради патување во друг град или држава. Интересни случувања може да се очекуваат што ќе ве поврзат со партнер од далеку. Настаните во животот на ќерка, внука, внука или друга девојка/млада жена од семејството, ќе бидат повод за важни разговори, дискусии, разгледување на конкретни одлуки и акции. Нова љубов со некого кон кого чувствувате необјаснета привлечност, сличност во некои важни моменти и датуми на годината и други интересни поврзувања. Тензија во врска со долго патување или за пари, кои се однесуваат на оддалечено место. Нови околности или промени во плановите поврзани со патување.
Риби (20 февруари – 20 март)
Вашите контакти (веројатно виртуелни!) со нова личност ќе ве инспирираат со нови идеи, надежи и очекувања. Нови состаноци и излегувања од романтичен или професионален аспект со лице во знак на Риби, Рак или Шкорпија. Важна улога во вашиот живот во октомври ќе има лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Октомври ќе биде поволен за развој на судски процеси, но ќе биде покомплициран за оние кои се во процес на промена во приватниот живот. Неочекувани домашни проблеми или потешкотии со имот што го изнајмување или го користи ваш роднина. Избегнете купување на скапи предмети, освен ако не сте принудени од околностите да го сторите тоа. Овој месец може да ве вклучи сериозно во процесирање на документи поврзани со наследство, завештанија, пензија, компензација или осигурување. Ќе имате сон кој ќе ви даде корисни информации за ваши финансиски проблеми и дилеми. Вашите семејни односи може да бидат нападнати или ставени на тест од озборување, интриги или друг вид злонамерна активност. Целосно ќе биде оставено на вас на што ќе дадете предност, што ќе преовлада. Октомври ќе биде силен месец за бизнис или професионален живот за мажите над 35-годишна возраст. Нова личност во вашата професионална средина, нов бизнис партнер или важен клиент.
Неделниот хороскоп ве чека овде.