Ако немате време за посета на теретана или часови по аеробик, крајно време е да престанете со оправдувањата и да го направите првиот чекор – почнете да вежбате дома! Многу лесно и едноставно, одвојте си барем половина час за себе и вежбајте во удобноста на вашиот дом.
За кратко време ќе можете да уживате во благодетите од вежбањето – ќе го намалите стресот и ќе се чувствувате подобро, ќе го трошите вишкот на калории и ќе изгледате подобро, ќе бидете повитални и ќе имате повеќе енергија …
Мускулите на трупот се одговорни за многу движења кои ги правите во текот на денот. Тие се состојат од главните стомачни мускули (популарно наречени “Six pack“) кои овозможуваат да се свиткаме, станеме или легнеме, без чувство на болка. Овде се и страничните стомачни мускули со помош на кои можеме да го свртиме телото на левата или десната страна додека седиме. Постојат и низа други различни мускули кои ја стабилизираат карлицата и кичмата. Затоа е многу важно редовно да правите вежби за овие мускули. Овде следат пет одлични вежби кои ќе ги раздвижат сите мускули на трупот и ќе помогнат вашето тело да изгледа одлично без разлика од која страна ќе го погледнете.
Премини на следната страна >>