Реклама
Нега и здравје

Сокови од зеленчук за брзо и ефикасно слабеење

Реклама

Најновите студии покажуваат дека доколку држите диета, многу подобро е да пиете сокови од зеленчук отколку сокови од овошје.

Маркетинг

Како што сите веќе знаеме, најдобриот пијалак што можете да го пиете во текот на диетата е обичната вода. Соковите, односно течните калории, не ви се потребни бидејќи нема да ве заситат и претставуваат совршен пример на „празни калории“. На пример, една чаша сок од јаболко содржи 144 калории, и потребни се околу 4 јаболка за да се добие оваа количина на сок. Па така, ако сакате јаболка, подобро е да ги јадете како плодови отколку во форма на сок.

Што се однесува до портокалите, на пример, ако сокот не е свежо исцеден, може да содржи бројни адитиви и конзерванси, што секако не се добри за вашето здравје. Затоа, и во овој случај, подобро е да јадете свежи портокали отколку да пиете сок.

Маркетинг

Единствениот исклучок од ова правило што се однесува до соковите се однесува на соковите од зеленчук. Имено, тие можат да ви помогнат да го изгубите вишокот килограми, како што покажува истражувањето спроведено на американскиот Бејлор Колеџ.

Истражувачкиот тим ставил на диета 81 лице со прекумерна тежина, при што режимот на исхрана се базирал на овошје, зеленчук, житарки и месо со ниска содржина на масти. Научниците утврдиле дека лицата кои секојдневно пиле чаша сок од зеленчук во период од 3 месеци, во просек изгубиле 1,5 килограм повеќе од лицата кои биле на истиот режим на исхрана, но не пиеле сокови од зеленчук. Се заклучило дека сокот од зеленчук помага побрзо да се слабее бидејќи заситува и на тој начин овозможува испитаниците да јадат помалку.

Соковите од зеленчук имаат толку малку калории што лесно можат да се вклопат во секоја диета. На пример, една чаша од 220 мл. сок од зеленчук содржи околу 50 калории, а чаша сок од домати има 41 калорија.

Според тоа, слободно направете си коктел од вашиот омилен зеленчук и уживајте во здравиот нискокалоричен пијалок и кога сте, и кога не сте на диета.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button