Без разлика дали ги сакате или мразите, мислам дека сите ќе се согласите дека ролките изгледаат стајлиш и ова особено важи за оваа сезона!
Во спротивно, доколку не се согласувате, проверете ја галеријата на крајот од текстот во која сме сигурни дека ќе најдете нешто и за вас!
Замислете ја само Одри Хепберн во црно од глава до пети, во комбинација во која главната ролја ја игра нејзината ролка. Зарем не е кул? Црната ролка одговара во многу комбинации и изгледа шик.
Но, покрај обичната црна ролка оваа сезона експериментирајте и со други бои. Или форми. Изборот ви го оставаме вам, а ние само би ве потсетиле дека доколку носите модел без ракави, тогаш комбинирајте ги со ѕвонарки. Оние пак, со долги ракави во преодниот период носете ги со шорцеви, додека за постудените денови комбинирајте со фармерки, но и со здолништа, без разлика дали се долги или кратки, со волумен или А-крој.
Ролките во crop-top модел пак, пробајте ги со тренди кратки здолништа.
Отворете ја галеријата на крајот од овој текст и погледнете ги најубавите ролки за есен 2015 од најпопуларните бендови за улична мода во Македонија.
види повеќе » |