Комбинации со храна кои ќе ви помогнат да имате потенка половина и поубава кожа
Ако постојано се прашувате што да јадете и како да ја комбинирате храната за да го извлечете најдоброто од неа, овде ќе го најдете одговорот во врска со комбинациите кои можат да направат чудо за вашето здравје и вашата линија.
Воведете ги во вашата исхрана и очекувајте позитивни резултати за кратко време ….
ЗЕЛЕН ЧАЈ И ЛИМОН
Зелениот чај содржи антиоксиданси кои го чуваат срцето но телото може да апсорбира само 20 отсто од нив. Меѓутоа, ако во зелениот чај додадете сок од 1 лимон, ќе искористите дури 80 отсто од полезните дејства на чајот.
ЗЕЛЕН ЧАЈ И ЦРН БИБЕР
Не морате да гладувате или да држите драстични диети за да имате тенка половина. Доволно ќе биде само да пиете зелен чај и во чајот да додадете малку црн бибер. Биберот ја помага апсорпцијата на антиоксидансите од зелениот чај кои помагаат во согорувањето на калориите.
ДОМАТИ И БРОКУЛА
И доматите и брокулата се одлични средства во борбата против ракот, но според некои истражувања, тие се многу поделотворни доколку се јадат заедно. Земете го ова во предвид следниот пат кога ќе правите сос за шпагети, па во доматите додадете и една шолја брокула.
КАЈСИИ И БАДЕМИ
Оваа комбинација влијае на слободните радикали и на лошиот холестерол. За поздраво срце пробајте ја следнава ужина: ¾ шолја суви кајсии + ¼ шолја бадеми.
ЈОГУРТ И БОРОВИНКИ
Ако вежбате, земете во предвид дека вашето тело по тренингот најбргу ќе се опорави со чаша јогурт во која сте ставиле 2 лажици боровинки. Боровинките позитивно ќе влијаат врз вашиот ум, а протеините од јогуртот ќе помогнат да заздрават мускулите.
ДОМАТИ И МАСЛИНОВО МАСЛО
Доматите содржат алфа и бета каротени, ликопен и антиоксиданси, а за најдобро да ги искористите, прелијте ги доматите со малку маслиново масло.
ТОСТ И ЦИМЕТ
Тостот од интегрални житарки во комбинација со цимет ќе ви помогне во одржувањето на нивото на шеќер во крвта. Кога следниот пат ќе посакате грисинки, пробајте да направите лепче на тост, намачкајте го путер и посолете цимет. Ваквата комбинација го смалува апетитот и помага во слабеењето.
ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ И ЈАГОДИ
Овесните снегулки содржат фитохемикалии кои влијаат на лошиот холестерол, но за да делуваат потребен им е витамин Ц, кој можете да го внесете на пример преку јагоди. Додадете јагоди во овесната каша и ќе добиете идеален појадок.
Извор: Best Žena