Есента наскоро ќе пристигне, па можеби токму сега е вистинскиот момент да почнеме да ги подготвуваме нашите плакари за деновите кога температурите нема да бидат толку високи како што беа до сега.
И додека уживаме во последните топли денови во кои се уште можеме да ги носиме нашите омилени маици со принтови, блузи со отворени раменици, секси сандали и еспадрили, сите сме возбудени и поради тоа што наскоро треба да ги вратиме во плакарите сите оние есенски парчиња кои ќе можеме да ги носиме во наредниот период. Покрај ова сега е и вистинскиот момент да инвестираме во некои нови парчиња со кои би ја збогатиле нашата есенска колекција, нели?
Погледнете ги фотографиите и прочитајте кои парчиња треба да ги спакувате во задниот дел на вашите плакари, а кои треба да ги ставите на нивно место.
НЕ ВИ ТРЕБААТ – маици или блузи со голи раменици
Да, ние уживавме преку цело лето во овие блузи, но стилот во кој нашите голи раменици се во преден план најмногу одговара за топлите денови.
Извадете или купете нешто со долги ракави
Mango 2,490 MKD
Наместо голи раменици определете се за блуза од тантела, бела свилена кошула или блуза со долги широки ракави кои се во мода оваа сезона.
НЕ ВИ ТРЕБААТ – еспадрили!
Да, знаеме дека ви е тешко да се разделите од еспадрилите – тие ви служеа верно во текот на целата пролет и лето. Но, еве ви ветуваме – следната пролет ќе бидат повторно во мода и кога ќе поминат ниските температури повторно ќе бидете неразделни.
Наместо еспадрили, носете оксфордки (или „флотерки“)
Mango 4,990 MKD [види и други слични модели тука »]
Овие обувки можете да ги носите во најразлични комбинации, и што е најважно од сé, можете да ги носите кога е студено, па дури и кога врне дожд.
НЕ ВИ ТРЕБААТ – проѕирни парчиња
Кога ќе паднат температурите најдобро е да се збогувате со тенките парчиња преку кои се гледа вашата кожа, а тука пред се мислиме на фустаните, здолништата и блузите направени од проѕирни материјали. Тие не се практични во овој период од годината и затоа најдобро е да ги избегнувате.
Mango – блејзер од сомот 2,490 MKD
Но, наместо овој материјал, носете тренди сомот или антилоп
НЕ ВИ ТРЕБААТ – „skinny“ фармерки
Сега е вистински момент да ги заборавите тесните фармерки, да излезете од комфорната зона и да пробате еден пар капри ѕвонарки, кулоти или „palazzo“ панталони.
Mango 2,490 MKD [види и други слични модели тука »]
Или пак, нешто како ова …
НЕ ВИ ТРЕБААТ – макси фустани без ракави
Да, тенките памучни фустани без ракави се совршен избор за летните месеци, но кога температурите ќе паднат постојат многу подобри решенија за вас.
Zara „бохо“ фустан со долги ракави 2,990.00 MKD
Еве на пример, пробајте бохо макси фустан со долги ракави.
НЕ ВИ ТРЕБААТ – тексас комбинезони
Можеби никогаш не ни е досадно кога носите тексас комбинезон, но оваа есен ви препорачуваме да пробате малку поелегантни парчиња.
Mango 3,990 MKD [види ги и најубавите фармерки за есеен тука »]
Еве на пример еден ваков црно бел комбинезон …
НЕ ВИ ТРЕБААТ – папучи
Да, без овие парчиња можеби не можевте во изминативе неколку месеци, но тие се потполно бескорисни во наредниот период. Освен можеби, кога ќе одите на бања, на одмор на некое место како Банско или на педикир.
Zara 4,790.00 MKD [види и други слични модели тука »]
Но, затоа не заборавајте ги чизмите до глужд …
НЕ ВИ ТРЕБААТ – тексасни шорцеви
Да, во шорцеви поминавме 90% од нашето време, но крајно време е да ги складираме во плакарите и да останат таму до почетокот на следната пролет.
ASOS 68 EUR
Наместо шорц, пробајте некое тренди фустан или макси здолниште.
НЕ ВИ ТРЕБААТ – кратки цветни фустани
Zara 1,990.00 MKD
Спакувајте ги кратки фустани со цветен дезен и фокусирајте се на поелегантните модели или на некој шик фустан со геометриски принт.
ASOS RED CARPET EUR 117
А што велите за овој фустан?
НЕ ВИ ТРЕБААТ – тексасни фустани
Претпоставувам дека оваа сезона уживавте во тексасните фустани, па можеби е крајно време да пробате некој нов тренд…
Zara 2,990.00 MKD [види и други модели тука »]
Ние ви предлагаме да пробате нешто од антилоп. Отворете ја галеријата и погледнете ги и другите парчиња кои треба да ви бидат при рака во следниот период.
види повеќе » |