Кејт Аптон важи за една од најсексапилните жени на светот, а таа неодамна ја откри тајната како го одржува нејзиниот совршен изглед.
Имено, оваа заносна убавица редовно вежба, а покрај тоа и посветено води грижа за исхраната, благодарение на што секогаш изгледа фантастично. Еве што вели Кејт за нејзиното дневно мени:
Појадок
Во 7 часот наутро јадам омлет (едно цело јајце и едно без жолчка) со спанаќ и зелен чај.
Ужина
Во 10 часот наутро јадам сирови бадеми и пијам зелен шејк од овошје и зеленчук со зелена боја.
Ручек
Киноа со пилешко и зеленчук на скара
Попладневна ужина
Во 16 часот јадам протеинска ужинка.
Вечера
Во 19 часот јадам салата од кељ со лосос и индиски оревчиња.
Мораме да признаеме дека овој пример за дневно мени звучи поприлично едноставно, така што ништо нема да не чини да се обидеме да се придржуваме до нејзините правила за совршен изглед.