Диети

Како да ослабите без гладување: 7 трикови за витка линија

Реклама
Реклама

За да го изгубите вишокот килограми што ви задава главоболки не мора да гладувате и да се измачувате. Обидете се едноставно да ги замените намирниците што ги јадете со поздрава и нискокалорична варијанта!

Значи, тајната е во тоа внимателно да ги избирате намирниците што ги јадете и да јадете мудро и паметно, а не да гладувате.

Маркетинг

Јогурт и овошје наместо десерт

Наместо вообичаените слатки работи како колачиња, бисквити или сладолед, кога ќе дојде време за десерт или едноставно кога ќе ви се пријаде нешто благо, обидете се со здрава варијанта. На пример исечкајте овошје, прелијте го со јогурт и оставете да отстои. Потоа можете да додадете лажичка мед по желба. Добивате здрав и нискокалоричен десерт кој истовремено го снабдува вашиот организам со важни хранливи материи.

Маркетинг

Темно чоколадо наместо колачиња

Доколку сте љубители на благо, не мора целосно да се одрекувате од омилената храна за да изгубите некој килограм. Ова посебно се однесува на љубителите на чоколадо кои не можат да си го замислат денот без некоја коцка слатко задоволство. Ако добиете страѓна желба за благо, почестете се со еден ред темно чоколадо, со над 50 отсто какао. Какаото е добро за вашето здравје, темното чоколадо е вкусно, а не содржи големи количини шеќер.

Тост наместо сендвич

Ако сакате леб или бело пециво, обидете се свежиот бел леб да го замените со интегрален или со интегрално пециво, потпечени на тостер. Направете си сендвич со варено јајце, млечен намаз и зеленчук како краставица, домат или зелена салата и уживајте во вкусниот (нискокалоричен) појадок.

Риба наместо месо

Рибата е многу хранлива и здрава, лесно се вари и се препорачува во многу диети како одлична храна за слабеење. Затоа, наместо да јадете месо, за два или повеќе оброци неделно јадете риба и ќе си направите голема услуга. Ако веќе не можете без месо, заменете го црвеното месо со бело.

Разновиден зеленчук наместо компири

Компирот е вообичаен и на многумина омилен прилог на јадењата, но тој сепак е полн со скроб и јаглени хидрати, така што не е најмудар избор за слабеење во комбинација со риба или месо. Затоа, наместо пире или печени компири, обидете се со варен зеленчук по желба. Зеленчукот е вкусен и лесно се вари, и одлично се сложува со рибата или месото.

Млечен намаз наместо кашкавал и сирење

Вкусните сирења и кашкавали се слабост на многумина, но сепак со нив треба внимателно бидејќи можат да бидат многу калорични. Јадете ги во мали количини или обидете се да си направите сендвич со млечен намаз наместо со кашкавал. Сендвичот исто така ќе биде вкусен, но ќе содржи многу помалку калории.

Извор: zadovoljna.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button