Реклама
Модни совети

Модни совети на најдобро облечената дама бизнисменка

Реклама

Кога сме во деловно опкружување треба да внимаваме на посебните правила на облекување, а бидејќи високите температури се уште се присутни, до вистинската есен треба да се снаоѓаме како на работа би ни било навистина угодно, но притоа и да внимаваме за да не изгледаме несоодветно.

Маркетинг

Секако дека во канцеларија или на состанок нема да носите мини здолниште или кратки топови, а Иванка Трумп која води вистинско мала бизнис империја благодарение на нејзиниот татко Доналд Трамп, има свои модни трикови во ракавите.

Нејзините совети за деловните комбинации можат да се применат без разлика што таа најчесто носат скапоцени парчиња, бидејќи згодно сако или фустан со должина до колена може да се најде и во продавниците и трговските центри каде се продаваат парчиња од брендовите за улична мода кои се со пристојни цени.

Маркетинг

Нејзиниот прв совет е слоевитото облекување. Доколку изберете кошула без ракави потенка веста или сако се must-have. За состаноци и кафе со колегите носете сако, додека кога сте сами во канцеларија, можете да земете пауза и малку да се опуштите. Но не заборавајте дека никако не смеете да си дозволите да носите топ со тенки прерамки ниту пак деколтирани маици или кошули.

Облеката што се состои од едно парче како фустани се добар избор под услов да внимавате на должината, ракавите и деколтето. Покрај фини чевли и чанта, подготвени сте за каков било деловен состанок. Комбинезонот исто така може да биде добар избор, но не смее да биде лелеав или од проѕирен материјал. Никако не треба да изберете кратки панталони, колку и да имате добри нозе или колку и да изгледаат сериозно, бидејќи тоа едноставно не е деловна облека.

Изборот на обувките многу лесно може да ви го збогати или уништи вашиот стајлинг, но додека се облекувате за на работа запомнете дека прво морате да мислите на изгледот. Преку лето нозете можат да отечат поради преголемите жештини, а и се потите, па високите потпетици не се најдобар избор бидејќи нозете ќе ви се лизгаат. Не мижете да погрешите со класични салонки и со мала потпетица, но и со рамни чевли, и тоа во најдобар случај оние затворените. Сандалите исто така не се потполно забранети, но внимавајте да не потсетуваат на облека за на плажа.


Што се однесува до материјалите, запомнете дека колку тие се поприродни, толку поголеми се шансите флеките од пот да не се познаваат. Заборавете на полиестер, а избирајте памук, лен или свила.


И последно, но не најмалку важно е секогаш да бидете средени, што подразбира фризура, умерена шминка, како и негувани нозе, раце и нокти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button