Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за септември, 2015

Реклама

Пред нас е уште еден месец кога ќе се случат интересни астролошки феномени на небото, како замрачување на Сонцето и Месечината, но уште поинтересни нешта нè очекуваат нас, кои сме под планетите. Ајде да дознаеме… 

septmesec4

 

Маркетинг

Овен (21 март – 20 април)
Во септември ви претстои клучен личен настан поврзан со момче или млад човек. Веројатно посета на вашиот дом од таква личност или како нов член во семејството. Успех или добра вест поврзана со син или внук.
Загриженост во врска со здравјето или со други лични проблеми на лице од семејството или во кругот на роднините. Решливи проблеми од домашните карактер поврзани со куќата/станот каде што живеете.
Пазете се од лаги и манипулации кои доаѓаат од личност родена во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Можеби дејствијата на ова лице се за ваше добро, но, сепак, треба да ја знаете вистината. Ќе избегнете зајадливи интриги кои влијаат врз вас на некој начин, но дефинитивно ќе влезете во конфликт со лицето кое што стои зад зето ова.
Неочекувани вести од далеку или неочекувана покана/предлог за патување.
Дефинитивно некој кој живее далеку од вас ќе најде начин да ве изненади. Ако имате интимен партнер во знакот на Лав, Стрелец и Овен, тогаш очекувајте неочекуван развој на вашата врска. Генерално, септември ќе биде бурен месец во љубовта за оние во знакот на Овен.
Успех во работата и во бизнисот ги чека жените над 35 години. Успех во професионалниот живот благодарение на дејствијата и заштитата на лице во знакот на Водолија, Вага или Близнаци.

 

Маркетинг

Бик (21 април – 20 мај)
Во текот на овој месец, на преден план е настан, разговор или акција, што ќе донесе разделба/поделба во семејството. Таа може да се должи на различни причини и, најверојатно, ќе биде очекувана, без некој посебен елемент на изненадување.
Ново пријателство со млада жена, кое ќе се рефлектира позитивно врз моменталната ситуација во вашиот живот и вашата иднина како целина. Некои од вас може да доживеат радост во врска со ќерка или внука.
Нов романтичен познаник до 35 годишна возраст за немажените.
Постапките на човек во знакот на Јарец, Девица или Бик, кој веројатно живее во друго место, сериозно ќе ве збунат и ќе ве загрижат. Ќе се обидете да ја разберете и интерпретирате шемата на сè што тој се обидува да направи, и за себе и за другите.
Во септември или ќе имате повисоки трошоци поврзани со деца или ќе бидете донекаде разочарани во однос на очекувани готови пари поврзани со деца или внуци. Ќе имате потешкотии во врска со добивање пари за дете.
Ако сте во процес на продажба на имот или предмети што не ги користите или сте посредник во таква продажба, ќе се соочите со потешкотии, компликации или неволја. Важна промена, нов договор или друг важен документ од финансиски карактер. Ви претстои успех во парница или правен спор од финансиска природа.

septmesec2

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Иако сте немале среќа досега, особено во однос на тежок проект или заложба, за кои се соочувате со многу препреки и пречки, сега одеднаш ќе добиете шанса која ќе ве воодушеви со успех. Среќа ви доаѓа поврзана со безнадежен случај, речиси невозможна мисија или задача.
За младите жени, ќе искрсне тензија во љубовната врска која ќе биде основа за љубомора, сомнеж за одредени активности, како и недостаток на перспектива на врската во целина.
Ќе треба да одите во некоја институција или администрација, банка или слично поради прашање поврзано со право на населување и/или ќе добиете пари. Шанса за разговор поврзан со повисока плата, подобри финансиски услови за трансакција, договор со банка и друго.
Лицемерието на една личност ќе ве натера да размислувате за тоа како да се ослободите од нејзиното присуство во вашиот живот, дали да влезете во отворен конфликт или тивко да го игнорирате.
Во септември, ќе имате важна комуникација со роднини во знакот на Лав, Стрелец или Овен. Ќе имате можност за дискусија за различни заеднички активности, сериозни семејни проблеми и за друго.
Непријатна вест ќе добиете во врска со лице поврзано на некој начин со вашето семејство.
Обновувањето на односите со некоја жена ќе биде прекинато поради различни причини. Ќе имате соништа поврзани со почината жена кои ќе ви дадат важни информации или важна насока за вашата иднина.

 

Рак (21 јуни – 20 јули)
Во септември очекувајте важен настан во животот на дете/внуче или животна промена во неговиот живот. Важни промени ќе се појават во врска со судски случај поврзан со младо лице/дете во вашето семејство. Ќе бидете загрижени за здравјето на роднина и други негови проблеми. Проблемите, најверојатно, ќе влијаат на некого во знакот на Риби, Рак или Шкорпија. Постои можност за емоционални проблеми за таква личност од вашето семејство.
Следуваат повеќе домашни обврски за мажите-Рак. Ќе се појави потреба од разни промени, преселба, ситни поправки и реновирање.
Следи решавање на имотно-правни прашања.
Патување поврзано со член на семејството или пријател роден во знакот на Бик, Девица или Јарец, кое ќе се следи со голем интерес поради неговата важност.
Контакт со лице во знакот на Водолија, Вага или Близнаци кое живее далеку од вас, а кое ќе ве држи под ’висок напон’ поради двосмисленоста во природата и во целта на оваа личност.
Ќе изгубите нешто пари или ќе потрошите мала количина пари на лажни ветувања за добротворни цели и за други. Бидете внимателни за што ги давате парите за да не си создадете непотребни проблеми.
Финансиски успех за младите мажи-Рак кој може да дојде на мистериозни начини, а ќе предизвика изненадување или неочекувана добивка.

 

Лав (21 јули – 21 август)

Средби ви претстојат со возрасен роднина или роднини. Причината за ова може да биде многу различна, но тие ќе резултираат со собирање на роднините, пријателите и соседите. Ќе добиете покана за посета на роднини.
Очекувајте поправка или промена во домот. Ќе одите во даночното одделение, банка или во друга институција во врска со проблем или важна ситуација во врска со домот.
Ќе откриете или ќе предвидите лага навреме и ќе бидете во можност да се заштитите од грешка или други негативни последици. Ќе биде чиста среќа, ама ќе разоткриете нечии постапки пред тоа лице да ви наштети вам или на некој друг.
Во септември ќе разговарате за имотни прашања со роднини и со семејството, како и за важни, итни активности поврзани со истите. Можеби ќе ви треба правен совет или интервенција од адвокат.
Ова ќе биде важен месец за љубовниот живот пропратен со некои очекувани и неочекувани знаци за идни настани.
Тешки односи и конфликти ќе се развијат со лице во знакот на Стрелец, Овен или Лав. Ќе биде тешко да се постигне договор, затоа што и двајцате сте огнени зодијачки знаци и двете страни ќе имаат потешкотии да најдат компромис.
Ќе имате финансиски односи со Јарец, Бик или Девица, вклучувајќи примање на пари или испраќање на пари поврзани со таква личност од кругот на роднините или бизнисот.
Избегнете финансиски односи со непознати или непроверени поединци и компании.

septmesec5

Девица (22 август – 22 септември)
Овој месец ќе имате многу принудни контакти со членови од семејството, кои веројатно живеат далеку од вас. Понекогаш ќе се појават ситуации кои ќе бидат поврзани со одложени или не добро разбрани важни информации.
Аспектирани се финансиски односи со лице во знакот на Вага, Водолија или Близнаци, кое живее во друг град. Може да очекувате пари или финансиски документ, или, пак, вие може да испратите нешто пари.
Проблеми со девојка или млада жена родена во знакот на Рак, Шкорпија или Риби. Можно е, сепак, да се вклучите во конкретна поддршка, помагајќи ù да се справи со своите животни проблеми.
Неочекувани здравствени проблеми кои може да имаат врска со ваша стара болест која повторно ќе се појави поради нерешено успешно лекување, неправилен начин на живеење – ваши или на други.
Неочекувана загуба која ќе внесе конфузија во вашите планови или идеи.
Среќен настан поврзан со раѓање на машко бебе или друг повод за славење поврзан со момче или млад човек од вашето опкружување.
Септември ќе биде пресвртница за 2015, затворајќи еден дел од годината. Пред вас се неколку месеци за да ги реализирате работите кои што не сте ги решиле досега од различни причини. Сега е време да преземете акции и да донесете поексплицитни одлуки и акции.

 

Вага (23 септември – 22 октомври)
Септември ќе донесе стабилност во буџетот и финансиските односи за жени до 35 годишна возраст. Може да се појави можност за нов приход или нова, подобро платена работа.
Совети, помош или други корисни влијанија од млада жена ќе бидат причина да добиете пари во вашиот дом.
Очекувајте пресвртница поврзана со машки роднина над 35-годишна возраст. Тоа дефинитивно ќе биде причина за собирањето и веројатно тоа е очекувано и планирано.
Ќе има криза во вашите пријателски односи со лице во знакот на Овен, Лав или Стрелец, поради емоционални проблеми во неговиот живот, за кои може вие да бидете погрешно обвинети. Општо земено, вашите односи со луѓе родени во овие три знаци се сложени и деликатни.
Во септември може да имате гинеколошки/уролошки проблеми или здравствен проблем со дете. Понестабилни во овој поглед ќе бидат девојките, па ако е потребно, ќе им треба индивидуален третман.
Средба со или посета од луѓе кои ве бараат само кога имаат некоја потреба или интерес од вас. Овој пат ќе имате храброст да им кажете дека нивниот однос кон вас е многу јасен. Тоа може да доведе до мал конфликт, но ќе го надминете…
Ќе наидете на речки или проблеми во спроведување на ваш план или цел поврзани со домот или друг имот.
Проблеми можат да имаат оние од вас кои се во процес на парница поврзана со имотно-правно прашање.

septmesec3

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Во септември може да очекувате пари во домот за момче или млад човек кој е член на семејството.
Мажите до 35 години ќе имаат можност за нови или дополнителни приходи од работа, изнајмување на земјиште/предмети или од други обврски.
Свршувачката или свадба поврзана со млад човек.
Контакти со нови или стари пријатели од далечина, но бидете внимателни какви информациите ќе споделат со вас и колку актуелни и точни се тие. Може да има некоја измама, проневера или грешки за да ве збунат или да предизвикаат штета.
Во септември една добиена шанса/среќа во дадена ситуација ќе ве исполни со амбиција, со доволно храброст да ставите крај на една фаза, активност или една врска во вашиот живот.
Во принцип, сите ваши големи акции и дејности ќе бидат поврзани со луѓе или институции каде живеете. Септември не имплицира некакво посебно патување, освен рутината специфична за вашиот животен стил.
Вести, разговор, телефонски разговор со лице Јарец, Бик или Девица, кои ќе ви дадат голема надеж за нешто важно.
Претпазливост во справувањето со луѓе Рак, Шкорпија или Риби, особено кога ќе треба да потпишете договор со нив или да подготвите некој документ.
Септември ќе биде успешен на работно поле како целина, со некои интересни настани, заеднички акции или нова активност во врска со маж Водолија, Вага или Близнаци.

 

Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Во текот на овој месец, жените над 35 може да очекуваат важна комуникација или заедничка акција со млад маж. Се разбира, ова може да биде син, внук или друг млад маж од семејството, но исто така е можно да биде човек со кого имате заеднички професионални интереси.
Мажите до 35 години ќе се надеваат да добијат понуда или документ од жена, што дефинитивно ќе се случи на најдобар можен начин за нив.
Проблеми со патување на дете.
Конфликт со лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага поради појава на сомнеж, недоверба, песимизам кон определени дејствија и др.
Во септември ќе имате причина за радост на лично ниво поради финансиска стабилизација, добивање добри вести во врска со претстоен приход, исплати и друго. Ќе добиете повеќе пари отколку што сте очекувале од редовна и хонорарна работа, но не и од страна на семејните врски.
Интересно присуство во вашиот дом или големо влијание од млада жена родена во знак на Јарец, Бик или Девица. Вие може да бидете дел од некој важен настан во нејзиниот живот.
Очекувајте собирање по некој повод, при што ќе се очекува специјален подарок или гест од ваша страна.
Завршување на разговори или решавање на договор за недвижен имот или за имотно прашање.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)
Време е да се радувате за нешто по период на загуби или неуспеси. Се разбира, сега ќе добиете шанса за нешто и не треба да ја пропуштите. Може тоа да е промена која ви е потребни или ќе биде важна поради различните околности во вашиот живот.
Успешно завршување на судски процес, кој започнал минатата година.
Може да сте разочарани, измамени, проневерени за пари од маж роден во знакот на Стрелец, Лав или Овен. Пред сè, не гаите големи надежи однапред.
Поволен месец за развој на вашите професионални и деловни односи, планови. Со голема амбиција и хумор може да започнете нова форма на обука, едукација на повисоко ниво и сл.
За мажи над 35 години ќе се случи ситуација во љубовниот живот што ќе бара донесување одлуки, водење искрен разговори или давање дефинитивно ветување.
Лоша вест или настан поврзан со лице кое е ваш роднина или на некој начин поврзан со вашето семејство.
За жал, некои брачни односи, кои се во сериозна криза од почетокот на минатата година, и покрај спротивставувањето на еден од партнерите, ќе завршат на насилен начин.
Некој ваш план ќе биде одбиен поради неочекувана појава на нова можност.
Пазете се од лице во знак на Риби, Шкорпија или Рак поради можност од некој вид материјална или интелектуална кражба.

septmesec1

 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)
Во текот на овој месец ќе следуваат можности за нови работни места, нови деловни контакти, договори и спогодби. Ќе имате одредени очекувања или ќе ви дадат ветувања, надежи. Сè на сè, септември може да биде успешна месец за вас на професионален план.
Вашите приходи ќе се зголемат или барем активностите преземени во овој поглед ќе бидат успешни, така што ќе може да обезбедите позитивно расположение за останатите месеци од годината. Се разбира, бидете внимателни околу трошоците и инвестициите и колку тие се одржливи и разумни.
Ќе имате гостин под астролошкиот знак на Јарец, Девица или Бик, кој веројатно е член на потесното или поширокото семејството. Можен семеен собир, каде што ќе бидете поканети заедно со таа личност.
За жал, нерешените проблеми и тешкотии сега ќе продолжат да создаваат непријатности, а тие може да бидат поврзани со здравјето на некој близок.
Можно обелоденувања поврзано со завршена афера и со сите тајни, интриги и манипулации поврзани со неа. Тоа нема да биде пријатно за вас, но барем ќе ја сфатите вистината која навистина ви е важна.
Може од вас ќе биде побаран мал заем или услуга од жена, но не очекувајте да ви биде вратено онака како што ќе биде ветено.
Жените над 35 години треба да ги чуваат за себе своите идеи, планови и деловни контакти.

 

Риби (20 февруари – 20 март)
Во септември еден посебен настан во врска со момче или млад човек ќе ве направи среќни и горди (доколку станува збор за вашето дете).
Успех со голема доза на среќа за мажи до 35-годишна возраст. Обидете си ја среќата во лотарија, но разумно и само еднаш!
Лоши вести поврзани со мало дете, кое има некаква врска со вашиот дом како соседи или како роднина.
Успех во патување за млади жени или вести од далеку кои им носат многу радост и надеж. Може да очекувате посета од девојка или млада жена која ќе дојде од далеку.
Ако сте вклучени во судска парница или правно дејство неочекуван судир може да искрсне, како расправија, неисполнување на одредени очекувања или различни мислења на адвокати, судии, нотари и други.
Може да се добиете интересна понуда за купување или продажба од страна на пријател или некој што го знаете. Дефинитивно, не донесувајте избрзана и емоционална одлука, иако понудата е примамлива.
Покана поврзана со лична прослава на пријател, која ќе налага избор на интересен и незаборавен подарок од ваша страна.
Загриженост или анксиозност поврзана со маж над 35 години роден во знак на Водолија, Близнаци или Вага.
Силна поддршка, важни совети или друга помош од машко лице во временска точка важна за вас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button