Реклама
Хороскоп

Седум работи кои НЕ СМЕЕТЕ да им ги кажете на Раковите

Реклама

Ракови се претежно семејни типови. Нивната личност може да биде доста комплицирана, но длабоко во себе се конзервативни и фамилијарни. Сакаат да бидат во познатото опкружување и да ги негуваат врските и односите.

Rak Selena Gomez

Селена Гомез

Маркетинг

1. Зошто си толку наметлив?

Штом ќе се вљубат, Раковите може да ве задушат со нивната љубов и внимание, или, полошо, со нивните барања да бидат разгалени. Младите ракови особено треба да бидат постојано разуверувани дека нешто значат во вашиот живот.

Маркетинг

 

2. Зарем не си премногу чувствителен?

Иако Ракот ќе го негираат тоа жестоко и вешто ќе го крие, тој е, сепак, супер чувствителен. Ќе се затвори во својата школка во моментот кога ќе се почувствува дека е исмејуван поради својата чувствителност.

Rak1 Sylvester Stallone

 

3. Мора да се гледаш со семејството секој викенд?

Ракот владее со четвртата куќа во зодијакот, која е куќа на домот и мајката. Дури и ако е лудо заљубени – и во случај да не добие одобрување од семејството – ќе биде борба за одржување на врската. Тој го сака домот каде израснал , а повеќето од нив со задоволство ќе седат дома за време на одморите, моткајќи се наоколу среќно.

 

4. Разведри се!
Повеќето Ракови, особено помладите, имаат сериозно држење и однесување. Изгледаат речиси повлечени и настрана. Тоа не значи дека немаат забавна жичка во нив; едноставно, такви се. Уживаат да размислуваат за нештата – и за минатото и за иднината.

 

5. Зошто си толку тивок?
Раковите го живеат животот накосо – сакаат да живеат во свој свет, во своите соништа. Уште повеќе, сакаат да ги прават работите по нивно темпо. Но, не заборавете дека Ракот-жена е една од најжестоко амбициозните жени.

Rak2 Cheryl Cole

Шерил Коул

6. Престани да се грижиш толку!

Ракот сака да ви донесе чинија супа кога сте болни и да ви го избрише челото кога имате температура. Некои од најдобрите лекари и медицински сестри се Ракови. ’Сочувство’ е клучниот збор за нив. Радосно ќе соберат заскитано кутре и ќе го донесат дома без да се грижат за последиците.

7. Престани да манипулираш со мене!

Ракот ги разбира емоциите како ниеден друг хороскопски знак – тие, исто така, знаат како да ги користат во своја полза. Многу Ракови го добиваат она што го сакаат едноставно поради тоа што знаат да направат тажен лик и насолзени очи. Но, под тоа лежи ум кој точно знае што сака.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button