Нега и здравје

Нема да ви се верува кои сé болести можете да ги излечите со семки од лубеница

Advertisement

Сите ги сакаме лубениците и ги јадеме секое лето, а немаме поим дека семките се многу лековити.

Advertisement

Еве што сè лечат:

Кога јадеме лубеница, повеќето од нас ги фрлаат семките. Оние кои, пак, ги проголтуваат, делумно си помагаат во варењето на храната, но тоа е, за жал, сè. Самите семки кога поминуваат низ дигестивниот тракт остануваат непроменети и само механички помагаат за подобро варење, но повеќето од нивните корисни состојки остануваат неискористени. За да ги искористиме сите лековити својства, семките треба да се варат, мелат или испечат со цел да стигнеме до скапоцената содржина.

 

Advertisement

Семките од лубеница содржат диетални влакна од суштинско значење за нормално функционирање на дигестивниот тракт, помагаат при појава на цревни паразити, како и во лечење на пациенти кои страдаат од жолтица, морска болест и разни воспаленија во телото.

Тие ја содржат и супстанцата цитрулин, која дејствува како антиоксиданс, го потпомага проширувањето на крвните садови и помага при артеросклероза, висок крвен притисок, ангина пекторис и еректилна дисфункција кај мажите.

lubenica2

Уште на почетокот на дваесеттиот век, познатиот Едгар Кејси, таткото на холистичката медицина, напишал дека семките од лубеница се здрави состојки, особено корисни за лечење на бубрезите и мочниот меур. Според него, чајот од свежи семки од лубеница е одличен диуретик и се препорачува за отстранување на камења и песок во бубрезите, чистење на бубрезите и уринарниот тракт.

Кејси го препорачува следниов рецепт

Земете 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница кои се дробат или мелат и се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да се распореди и испие во текот на два дена, а третиот се прави пауза. Ваквиот процес продолжува неколку недели во ист интервал – два дена се пие, а еден ден се паузира.

Рецепт за Ешерихија коли

Еден од најдобрите лекови за третирање на Ешерихија коли бактериите во уринарниот тракт и лечење и спречување на паразити во цревата е водата што се прави од семки од лубеница. Потребни ви се 30-40 семки, свежи или суви. Прво треба да се исецкаат, здробат или искршат. Оваа количина се става во 1 литар вода и се вари околу десет минути. Кога ќе се излади, течноста може да се чува во фрижидер и да се пие секој ден.

Може да ја помешате со сок или некој друг вкус, ако така ви е полесно. Течност од најмалку еден литар на ден е потребно да се пие од неколку недели до неколку месеци, сè додека бактериите целосно не исчезнат. Рецептот е погодна и за деца и за возрасни. Во текот на летото, подгответе се и соберете доволна количина семки, со цел да ги имате на располагање за долгорочна употреба и во периодот кога субениците не се достапни.

Рецепт за простатата

Сличен рецепт се користи за лечење на проститис, една од најчестите болести кај мажите, особено оние постари од 40 години. Потребно е да се земат две лажици исушени и смелени семки од лубеница и да се прелијат со половина литар зовриена вода. По половина час, течноста се конзумира веднаш, а потребно е да се пие оваа доза секој ден неколку недели. Првите позитивни резултати ќе се почувствуваат веќе по десетина дена.

Семките од лубеница се добри и за зајакнување на срцето, го подобруваат памтењето и ја затегнуваат кожата, без разлика како ги консумирате. Можете дури и да ги грицкате, важно е само некако да се здробат за да се ослободат активните состојки.

Семките од лубеница може да ги користите и како вкусни грицки, слично како и семките од тиква. Потребно е да се измијат исклучиво црни семки, да се стават на хартија или на некоја површината и целосно да се исушат. Потоа печете ги во тава или во релна на средна температура, околу 20-25 минути. Не користете премногу висока температура, со цел да ги зачувате корисните состојки. Во 2 дл вода размутите лажица сол и со оваа вода, мали количини, попрскајте ги семките додека се печат. Водата ќе испари, а солта ќе се задржи на семките. Семките се многу вкусни и задржуваат најголем дел од корисните состојки при ваквата употреба. Вака приготвени се омилен специјалитет во Египет.

Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган, ниацин, и полузаситени и монозаситени здрави масти.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button