Некои девојки едноставно сакаат црно. И зошто да не биде тоа од глава до пети, без премногу филозофија и без разлика што сме лето, нели?
Според модните гуруа црните парчиња се лесни и шик за носење, но постојат и неколку техники кои треба да ги совладаме доколку сакаме да носиме црни комбинации во најтоплите денови од годината. „Доколку сакате да носите црно преку лето, тогаш треба да се поиграте со големината и пропорциите како не би се чувствувале тешко и преоптеретено “ вели дизајнерката Роси Асоулин за Гламур. Па иако овие нијанси изгледаат темно ( а мораме да признаеме и по малку „тешко“!) постојат креативни и кул идеи како да ги носите во овој период од годината.
Тенеша од „Girl With Curves“ во беж салонки и фустан со А-крој и проѕирни делови во кој изгледа спремно за танцување.
Венди од „Wendy’s Lookbook’s“ во свилен фустан со средна должина во комбинација со шик сандали, голема стејтмент чанта и накит.
Силви Мус во блуза инспирирана од 70-тите во комбинација со кожено здолниште и шик чизми до глужд.
Кјара Ферагни во проѕирна блуза (со црн градник под неа!) кожен шорц и шик сандали.
Тина Андреа од „The Fashion Eaters“ во перфектна деловна комбинација – црна туника во комбинација со панталони ѕвонарки.
види повеќе » |
Отворете ја галеријата и видите ги најубавите црни фустани за лето 2015 од најпознатите „high-street“ брендови во Македонија.